Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотДевојчиња и момчиња учат лозаровинарски занает и уриваат предрасудиДевојчиња и момчиња учат лозаровинарски занает во средното Земјоделско училиште во Кавадарци, но уриваат и предрасуди, покажувајќи дека нема женски и машки професии, туку има професии кои се работат со љубов. На тема лозарство и винарство, МИА поразговара со дел од учениците и наставниот кадар, во воспитно образовната установа која постои 66 години. Многу е важно да не ти загори казанот Марија Темова од Росоман има 18 години, таа е матурантка. Ми раскажа дека помага во семејното производство. Била дел од различни средношколски проекти, учествувала на повеќе училишни размени со други земји. Била дел од посети на винарии и размена на информации, на тема лозаровинарство. – Многу си го засакав училиштето, овде има толку многу, што може да се научи. Ова е Тиквешијата, лозаровинарството е главна земјоделска гранка. Занаетот почнав да го учам од дедо ми, кој исто така тука се школувал, а го усовршувам благодарение на професорите покрај кои ги надополнувам знаењата. Повеќе сакам вино да правам. Во иднина би сакала да дипломирам енологија и да отвориме наша семејна винарија. Зошто да не и еден објект со ресторан и сместувачки капацитети, за организирани дегустации и вински тури за љубители на вино, ракија и други производи од грозје. Мислам дека иднината на регионот е во винскиот туризам, децидна беше Темова. На прашањето дали можеби размислувала како би го крстила во иднина семејниот бизнис, следуваа шеговити коментари според презимето на момчето, но и различни размислувања дали е тоа добра или лоша идеја. Дали е подобро според неговото, или пак според нејзиното. Јас како автор на овој текст, секако, навивав за ова второто. Со многу насмевки, секако, за муабетот што го разврзавме, да тече во што поопуштена атмосфера, во училишната винотека. Пази да не ти загори казанот, е еден од советите што ги добил младиот Митко Кимов од Кавадарци, кој потекнува од семејство кое обработува околу 80 декари лозов насад. – Се случувало да ме остават сам крај казанот да го надгледувам додека се пече ракијата. Се случувало исто така да му ставам нешто повеќе дрва на огнот. Тогаш може комињето во казанот да загори, поради создадената висока температура. После тоа, тешко се чисти. Е сега, за да не настане загорување, исто така ми кажаа и тоа ми се врежа во главата, дека комињето од сомелено грозје не треба да има многу гроздови семки. Или, како што еве веќе разговараме со професорот Коце Попов за можно решение, на дното од казанот да се стават гранки, за да не падне скроз долу цврстиот дел од комињето, семки лушпи и месест дел, од ферментирана гроздова каша, туку потечниот. Може исто така да се стави чиста вода на дното, како изолација, за да не загори казанот, сподели тој со мене. Тајните на лозаровинарскиот занает, започнал да ги учи од деда си и татка си. Стандардно секоја година во неговата фамилија се произведувала ракија. Лани прв пат и вино, откако почнал да се школува во земјоделското училиште, а го произведил со помош на татко му и вујко му. – Од мал сум по нивите, дури и сум спиел на лозовиот насад додека сме ги наводнувале виновите лози. Мачна е лозарската работа, не е лесна. Но убаво е кога ќе се видат резултатите од трудот. За домашни потреби, ние и понатаму ќе произведуваме ракија и вино, ми рече Кимов. Дупнати буре и вреќа, истечени шира и вино Славче Цветков е една година помлад од Темова, а заедничко со неа, му е тоа што и тој сака во иднина, да стане енолог и да има семејна винарија. Потекнува од неготинското Долни Дисан, кое важи за едно од местата, во кои се произведуваат најубавите македонски вина и ракии. Неговото семејство има околу 70 декари под лозов насад. – Откако паметам за себе, моите постојано ме имаат носено по нивите. Вклучен сум во сите земјоделски работи, уште од многу мал. Понекогаш е тешко да се биде лозар, понекогаш не. Понекогаш ми е мачно да станам многу рано и да работам на поле, долго време да бидам изложен на сонце на жешко време. Дедо ми правеше ракија и вино, благо црвено вино. Кога почнав да се школувам со намера еден ден да станам енолог, посакав и направив и бело вино „темјаника”, со помош на стручни совети од мојот професор Глигор Бојков. Прв пат се обидов и успеав да произведам квалитетно вино. Прво па машко, велат блиските околу мене. Среќен сум што ја продолжувам дедовата традиција. Се надевам дека во иднина, фармерството овде, ќе биде поценето и попочитувано, како во некои други земји во светот, рече Цветков. Поразговаравме и околу разните згоди и незгоди во лозаровинарството, кои се своевидно „школо" за призводителите на грозје и производи од грозје. – Еднаш го ставивме комињето во буре, кое за секоја сигурност го обложивме со вреќа. За наша несреќа и бурето и вреќата биле дупнати. За жал, истече ширата. Ете тоа е пример за малер. Има такви анегдоти и во лозаровинарството. Татко ми ми има кажувано дека како мал, играјќи си, несакајќи ја одвртел славината од цистерната и истекло виното, откри тој, нагласувајќи дека внимателноста, е многу важна во оваа работа. Блаже Ѓорчев е исто така од Долни Дисан, има 15 години. Се запишал во ова училиште, бидејќи, како што рече, многу може да се научи тука. А и регионот е таков, лозаровинарски. Или, како што се надоврзаа некои од учениците, со „зелено море" од лозја. – Многу песни се имаат испеано за Дисан, нашиот крај е надалеку прочуен по производство на квалитетно вино и ракија. Занаетот го учам од дедо ми. Си правиме вино и ракија во домашни услови, за своја душа. Имаме 26 декари лозје. Самиот одлучив тука да се запишам, за да научам нешто повеќе за лозаровинарството и да можам да бидам што е можно поквалитетен во нашето семејно производство, изјави Ѓорчев. Слободанка Орешкова е врсничка на Ѓорчев, живее во соседното неготинско село Тимјаник. Нејзините најблиски веќе имаат семејна винарија и големи површини лозје. – Ме влече оваа струка, тоа го работиме дома и сакам да го работам тоа. Да правам вино. Од родителите учам занает, најмногу од татко ми. Брат ми исто така тука заврши и сега придонесува во семејната винарија, изјави таа. Неготинецот Благој Петров има 18 години и раскажа дека засега произведуваат само за домашна употреба. – Најмногу учам од професорите, па од татко ми. Во иднина планирам да регистрирам семејна винарија. Веќе имаме семеен бизнис, фарма за производство на свињи и свинско месо, ми откри тој, додека ние другите заеднички коментиравме, дека нема ништо поубаво од тоа, кога ќе дојде турист, да ужива во комплетна дегустација, ем мевце, ем винце. „Знаат да одат пешки" Грст убави зборови слушнав за средношколците во земоделското училиште, од наставниот кадар во училиштето. Ја посетив мини винаријата во училишниот подрум, во кој сите заедно, во рамки на практичното образование, се трудат да произведат што поквалитетни производи од грозје. Добиваат мали количини готов производ, кој потоа се дава како подарок на пријатели на СОЗШУ „Ѓорче Петров", но и се дегустира при разни домашни и странски манифестации, на кои се промовира оваа воспитно-образовна институција. Меѓу другото, традиционално во чест на затитникот на лозарите и винарите, празникот „Свети Трифун", за „Тиквешки гроздобер", „Младо вино" и други. Директорот Горан Велковски потсети дека мотото на училиштето е „Денес ученик, утре стручњак" и дека низ училишната воспитно образовна програма, навистина поминуваат надежни таленти, посветени на струката што избрале да ја изучуваат. Коце Попов е професор по стручни предмети во училиштето додаде дека учениците се доста заинтересирани за теоретска и практична настава и со многу големи шанси, да го изучат лозаровинарскиот занает и неговите тајни. – Уште пред да дојдат да се школуваат, голем број од нив имаат познавања од лозарство и винарство. Основата ја имаат. Традиција е тоа во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. Ракија и вино се произведуваат главно за домашни потреби. Доста квалитетни ученици се воспитуваат и образуваат овде низ годините, не само од овој регион. По одредени предмети, се изучува цела технологија за производство на црвени, бели и розе вина и лозова ракија. А од пред неколку години и вињак во училишната винотека. Имаме предуслови за идно изградување на врвни енолози, рече Попов. Тој нагласи дека училиштето произведува квалитетни кадри. Меѓу другото и енолози, магистри, доктори на науки. Дел од нив подоцна создаваат свои успешни фамилијарни бизниси. Некои, работат како докажани стручњаци во други винарии. Но, и едните и другите даваат придонес во општеството и добро котираат на лозаровинскиот пазар. – Горди сме, што сме произвеле такви кадри, кои добиваат награди во земјава и странство. А наградите започнуваат да се нижат уште при школувањето тука, затоа редовно организираме натпревари за најдобро произведени вина и ракии во домашни услови. Тие награди се нивната стимулација и отскочна даска во понатамошниот лозаровински свет, нагласи Попов. Пофалби за учениците упати и неговиот колега Горан Керов. – Предност е тоа што нашите ученици, главно, имаат формирани работни навики. Кога доаѓаат овде, веќе се изградени во таа смисла. Многу е полесно да се работи со нив. Се работи за ученици кои имаат примерно поведение, солидни оценки, воспитани во име на работата. Имаат осет за производство. Самосвест за производство на земјоделски производи. Ние тука ги учиме како тоа да го валоризираат, да создадат вишок на вредност, да заработат. Навикнати се да стануваат во околу четири или пет наутро, потекнуваат од средини на кои работата не им е проблем. Некои од нив знаат многу, доаѓаат комплетно научени како да прават вино или ракија и ние тука само им даваме насоки. Училиштето им доаѓа, што се вели, како шлаг на торта. Добар дел ученици имаат семејни подруми за производство каде што традиционално започнале да учат од дедо или татко, некои потекнуваат од фамилии коишто веќе имаат регистрирани семејни винарии. ,,Знаат да одат пешки, што би се рекло. Тука дополнително учат, одат на пракса во големи винарски визби со кои имаме потпишано меморандуми за соработка. Ако мануелното производство дома го споредиме со одење пешки, преку полуавтоматизиран процес во училишната винарија,тие доаѓаат до врвна технологија во тие големи винарници, изјави Керов, исто така професор по стручни предмети, инаку сопственик на една од првите регистрирани семејни винарии во регионот. Првите чекори меѓу грутките од лозјето На многумина од учениците кои се имаат школувано во земјоделското училиште во Кавадарци, лозјето многу рано им станало втор дом. Дел од нив биле носени по лозовите плантажи уште додека биле во пелени, додека спиеле во лулката крај виновите лози. Има и такви кои првите чекори ги направиле во пресно изораниот лозов насад, меѓу грутките со кои подоцна, играјќи си, се мавале со браќата и сестрите. Безброј спомени ги врзуваат со грозјето од чија преработка и продажба им се купувале чевли, јакни. Тие знаат како раснеле правејќи колиби на нивата. Како се грееле на огнот од изгорените лозови прачки по резидбата на виновите лози. Додека во нив горела желбата да пораснат и еден ден да го возат семејниот трактор. Таа желба понекогаш ја гаселе со туширање под распрскувачите со студена вода, со која се полевала лозовата плантажа. Почнале со носење на вода за пиење на домашните кои ожеднале од работа, следувало вадење искроени лозови прачки од редот, продолжиле со берење грозје, копање и што ли уште не, додека да ги научат сите земјоделски операции при одгледувањето на лозов насад. Оти лозјето, е животот, за многу семејства под ова небо. – Вистинско задоволство е додека работиш на сонце, каа ќе паане ветер, те релаксира и продолжуваш да работиш понатаму, се согласија некои од соговорниците. Дополнитлни знаења и пракса, овие заинтересирани ученици, добиваат во рамките на образованието. – Она што постојано ни го повторуваат и дома и на училиште, е, дека виното и ракијата се раѓаат на самата лоза. Тоа значи дека мора да се обрне многу внимание на квалитетот на грозјето, ако се сака да се произведат квалитетни производи од гроздовите зрна. Беспрекорно чисти садови при преработката на грозјето, е исто така многу важно нешто, кое постојано ни се повторува, категорични беа дел учениците со кои разговарав на тема лозаровинарство. Има и такви чии семејства воопшто не произведувале вино и ракија, иако во Тиквешијата се вели дека е тоа реткост, па откако се обучиле во училиште, станале домашни производители на производи од грозје, за кои се вели дека се иднината на алтернативниот туризам. Тие со семејна традиција, ги прашав дали има суеверија, бабини деветини при преработката на грозје и производство на вино и ракија. -Нема адети, ритуали. Има само одредени постапки кои ете ги применуваат нашите, при производство во домашни услови. Ајде да ги наречеме семејни тајни. Затоа и не се кажуваат, како инаку би се разликувало одредено фамилијарно производство од друго. А убавината е во различностите, коментираа дел од вредните ученици. Многумина со кои разговарав на оваа тема, се согласни дека, во минатото, енологијата, се сметаше за главно машка работа. Иако и порано, можеа да се забележат жени и баби покрај казаните. – Како минуваат годините, мажите и жените стануваат се порамноправни и се зголемува бројот на жени енолози во винскиот свет. Ние сме тука за да ги разбиеме предрасудите околу тоа. Се бориме против предрасудите и не се делиме по било каква основа. Уриваме стереотипи, дециден беше професорот по македонски јазик, Влатко Тасев. Учениците во земјоделското училиште навистина разбиваат предрасуди. Кога биле мали, само на момченца, дедовци и татковци им дозволувале да лизнуваат од нивните чашки вино или ракија. Сега нема поделби на машки и женски. Сите заедно, рамо до рамо работат на училишното лозје и сите заедно го печат лозаровинарскиот занает во училишната винарија. Како што се пече ракијата. Капка по капка. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКоперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални Октомври 2026 година беше најтоплиот октомври досега кога станува збор за глобалните температури .Октомври 2026 година беше најтоплиот октомври досега кога станува збор за глобалните температури и трет последователен месец што го надмина прагот на затоплување утврден со Парискиот договор, соопшти денеска главната програма на Европската Унија (ЕУ) за набљудување на Земјата што ги мери времето и климата, „Коперникус“. Европската агенција соопшти дека 2026 година била втората најтопла година досега, со 20 проценти шанси да се изедначи или надмине 2024 година како најжешка година досега, објави ABC News. Се очекува просечната глобална температура за четиригодишниот период помеѓу 2023 и 2026 година да го надмине прагот од 1,5 степени Целзиусови. Температурите на површината на морето продолжија да растат, при што просечната температура на површината на морето надвор од поларните региони беше највисока досега за октомври, соборувајќи го претходниот рекорд поставен во 2023 година. „Во тропскиот Пацифик, Ел Нињо продолжува да се зајакнува, при што температурите на површината на морето во регионот што научниците ги користат како клучен репер за следење и дефинирање на овој климатски модел достигнуваат историски максимуми. Овие температури сега ги надминуваат врвовите забележани за време на претходните многу силни епизоди на Ел Нињо“, рече Коперникус. Новите рекорди ќе бидат тема на дискусија за светските лидери, преговарачите за климата, научниците и непрофитните организации во Турција на годишната конференција за климата на Обединетите нации. Се очекува COP31 да се фокусира на преточување на минатите обврски во конкретни резултати. Администрацијата на Трамп нема да испрати официјална американска делегација, и покрај тоа што Соединетите Американски Држави се втор најголем емитер на стакленички гасови во светот, зад Кина.Тагови: Коперникус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28