Девојченце од Тексас се капело во езеро и починало од амеба (ВИДЕО) - Канал 5

Девојченце од Тексас се капело во езеро и починало од амеба (ВИДЕО)

Десетгодишно девојченце од Тексас се капело во езеро и наеднаш починала по само една недела од амеба , што и го уништила мозокот.

Девојченце од Тексас се капело во езеро и починало од амеба (ВИДЕО)

Лили Мае Авант се капела во езерото Витни во близина на градот Вака , пред да биде итно однесена на 8. септември на детската клиника во Форт Ворт во Тексас. Докторите откриле дека додека се капела , се заразила со амебата Naegleria fowleri, која се храни со нејзиниот мозок,а живее во топла сплатка вода. Основното училиште Вели Милс , каде што девојчето одело во петто одделение вчера потврди дека Лили починала.

"Лили беше благослов за училиштето и бевме потресени од веста за нејзината смрт. Таа беше одлична ученичка, но повеќе од сè, добра личност и пријателка на сите. Ги допре животите на многумина околу неа", е напишано на официјалната ФБ страница на училиштето.

Една од пораките на страницата #LilyStrong на Фејсбук посветена на починатото девојче гласи: „Нашето убаво девојченце е целосно исцелена и сега е во рацете на Исус“.

Клиниката на која се лекуваше Авант не ја коментира нејзината смрт затоа што не добиле согласност од родителите, потврди портпаролката на клиниката Ким Браун.

YouTube video

Naegleria fowleri е еден вид амеба што влегува во телото преку носот, патува до мозокот и го уништува мозочното ткиво.

Помеѓу 2009 и 2018 година, имало 34 случаи на инфекција во САД, а во 145 случаи на инфекција од 1962 до 2018 година, само четворица преживеале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер