Девојче паднало во кома поради супергрипот, што беснее низ Британија- лекарите ја испратиле дома - Канал 5

Девојче паднало во кома поради супергрипот, што беснее низ Британија- лекарите ја испратиле дома

Џесика Вилијамсон, 12, беше ставена во индуцирана кома откако нејзината состојба драматично се влоши откако се зарази со супергрип во Велика Британија.

Девојче паднало во кома поради супергрипот, што беснее низ Британија- лекарите ја испратиле дома

Лекарите првично мислеа дека нејзините главоболки и повраќање се чест вирус што го „заразила“ во училиште, но наскоро се покажа дека е многу посериозно, објави Сан.

Нејзината мајка, Ешли, рече дека случајот на Џесика е силен потсетник за тоа колку може да биде опасен грипот и ги повика сите да се вакцинираат.

Нејзината ќерка беше итно префрлена во болница со брза помош, каде што ѝ беше дијагностициран грип А. Подоцна се разви во сепса и пневмонија, која стана толку сериозна што Ешли се плашеше дека Џесика ќе умре.

„Тешко ми беше да ја гледам во кревет во кома. Се чувствував како да е некој друг, а не ние, изгледаше нереално. Имаше моменти кога мислевме дека нема да излезе жива од болницата и дека нема да го дочекаме Божиќ заедно“, рече мајката на Џесика.

Потоа рече дека луѓето не сфаќаат колку може да биде опасен грипот сè додека не сте на интензивна нега четири недели гледајќи го вашето дете како се бори за својот живот.

„Ги повикувам сите да се вакцинираат. Не можам ни да замислам што ќе се случеше ако таа вечер си легневме со неа наместо да одиме во болница“, рече мајката на девојчето.

Џесика се опорави откако помина три недели во болница. Администраторите на болницата велат дека случајот служи како потсетник за тоа колку сериозен може да биде грипот, особено кај децата.

Во декември, новите бројки објавени од Националната здравствена служба (NHS) на Велика Британија покажаа дека бројот на случаи на грип се зголемил за 55% за една недела, главно поради таканаречениот супергрип. Просечниот број на регистрирани случаи скокна од 1.717 на 2.660 за една недела, а NHS сега ги повикува сите што имаат право да се вакцинираат против грип за да се спречи развој на тешки симптоми доколку се разболат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 16. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание.

Кариера

Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни.

Здравје и совет

Дотерајте се за да блеснете уште повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат.

Кариера

Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите.

Здравје и совет

Почитувајте го своето тело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин.

Кариера

Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара.

Здравје и совет

Одморете се од преголемите очекувања.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени.

Кариера

Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат.

Здравје и совет

Продолжете понатаму .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика.

Здравје и совет

Ќе ја надминете малата меланхолија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава.

Кариера

направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење.

Здравје и совет

Вежбајте повеќе.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите.

Кариера

Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност.

Здравје и совет

Можни се интересни сништа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта.

Кариера

Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите.

Кариера

Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност.

Здравје и совет

Добро ќе се држите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи.

Кариера

Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу.

Здравје и совет

Душевен немир.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра.

Кариера

Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа.

Здравје и совет

Зголемена општа сензуалност .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов.

Кариера

Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе сонувате интересни сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Во понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. свинско месо

4 компири

1 главица кромид

1 морков

4 кисели краставички

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер