Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
ЖивотДевојче од САД си го уби братот: Жал ми е мамо, ме тераа демони (Вознемирувачко видео) Расплакано 12-годишно девојче хистерично им кажа на полицајците дека е „опседнато од демони“ откако до смрт го избоде својот деветгодишен брат во нивниот дом во Оклахома.На снимката од камерата која била на телото на полицаецот се слуша како плаче девојчето и вели дека ѝ е жал. - Многу ми е жал! Многу ми е жал мамо! Не сакав да се случи вакво нешто. Ова е некое демонско сра*е! Не знам што ми се случи - вика девојчето, чиј идентитет не се соопштува. Девојчето им признало на полицајците дека го избодела момчето повеќе пати додека тој спиел во семејниот дом во Тулса. Убиството се случило нешто пред полноќ во јануари, а сега е објавена снимката. На видеото се гледа и како мајката избезумено го следи девојчето и вреска по неа додека моли за прошка. - Има убодни рани во градниот кош. Подобро молете се на Бога да е жив - се слуша како вели мајката. 12-годишното девојче веднаш ѝ кажало на полицијата дека ножот со кој го убила својот брат го фрлила низ прозорецот од собата. Се слуша и дека им нуди на полицајците да ги однесе до местото каде што паднал ножот. Момчето било однесено на итна операција, но по нешто повеќе од два часа им подлегнало на раните добиени од три од убодите. Мајката изјавила дека девојчето земало лекови. - Никогаш немала проблеми во однесувањето додека не ги врати лековите што ги земала повеќе од една година - рекла мајката. Таа додаде дека никогаш немала причина да верува дека нејзината ќерка е опасна. - Нејзиниот брат никогаш нема да ѝ прости - рекла мајката додека разговарала со полицајците. По апсењето, уапсеното девојче ги прашала полицајците дали мора да носи лисици. Додека седела во полициското возило, таа постојано повторувала дека си го „уништила животот“ и дека „остатокот од животот ќе го помине во затвор“. - Си го уништив животот. Ја уништив целата своја иднина. Сѐ е моја вина. Само сакам да се разбудам од кошмарот – рекло девојчето. Полициските снимки не откриваат потенцијален мотив за трагичното братоубиство. Окружното обвинителство во Тулса не можеше да објави никакви информации за случајот, вклучително и обвиненијата поднесени против девојчето поради нејзината возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Гори на 21 локација - рекорден број пожари на отворен простор за ова летоДенеска е регистриран рекорден број пожари на отворен простор за ова лето, вкупно 21 – информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.Пожари на отворен простор до 17 часот попладнево се регистрирани во општините Македонски Брод, Студеничани, Илинден, Желино, Зелениково, Кичево, Дебарца, Јегуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Прилеп, Новаци, Штип, Битола, Центар Жупа. Од скопските општини, пожари се регистрирани во Чаир и Ѓорче Петров. Во пожарите главно е зафатена ниска вегетација. Меѓу пожарите што се активни е и оној кај селото моране во скопско студеничани. На негово гаснење интервенираат три „ертрактори“ на дирекцијата за заштита и спасување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
СветЛибански пожарникари: Израел намерно ги пали шумитеПожарникарите и жителите на јужен Либан ја обвинуваат израелската војска за намерно палење шумски пожари во регионот, каде што големи површини шума исчезнуваат во пламен предизвикан од израелските напади.Еколошките здруженија велат дека пожарите во последните недели се продолжение на долгогодишната практика на Израел да ја таргетира природната средина на Либан, пишува Гардијан. Напади со беспилотни летала и сигнални ракети Во вторник, израелската армија испука сигнални ракети во пошумена област во близина на Кхиам во јужен Либан, предизвикувајќи пожари. Кога пожарникарите се обидоа да го изгаснат пожарот, беспилотно летало погоди во близина и ги принуди да се повлечат, рече Хусеин Факих, раководител на цивилната заштита во регионот Набатија. „Повеќето од нашите интервенции сега се поврзани со пожари. Огромни површини шума изгореа. Немам точни бројки, но во областите близу до линиите на фронтот, околу 30 до 40 проценти од земјиштето е изгорено“, рече Факих. Снимките и сведоштвата од службите за итни случаи покажуваат дека израелската армија предизвикува пожари низ јужен Либан, особено во маслинови насади и земјоделско земјиште. Ова се случува речиси два месеци по прекинот на огнот на 17 јуни, со кој во голема мера завршија борбите меѓу Хезболах и Израел. Израелската армија не одговори на барањето за коментар за инцидентите. „Тие почнаа да го прават ова веднаш по прекинот на огнот, а запаливи бомби паѓаат секој ден“, рече Факих. „Мали беспилотни летала фрлаат запаливи материјали, се пука со гранати од бел фосфор кон шумите, а во текот на денот фрлаат ракети за да ја запалат вегетацијата.“ Пристапот на пожарникарите е ограничен Пожарникарите и жителите во други области на јужен Либан опишуваат слични пожари предизвикани од израелска муниција и беспилотни летала во сува вегетација и шуми. Во петокот, израелската муниција предизвика големи шумски пожари во две густо пошумени области: во Кфарчуба во близина на границата и помеѓу Језин и западната долина Бекаа. Самир Хардан, командант на локалната станица за цивилна одбрана, изјави дека пожарот во близина на Кфарчуба избувнал во петокот попладне откако дрон фрлил муниција во шумата. Пожарникарите се бореле со пожарот цела ноќ и го изгаснале во саботата, но друг дрон предизвикал нов пожар во неделата, додаде Хардан. Пожарникарите мора да ги координираат своите движења со либанската армија, која го доставува нивното барање до група за „спречување на конфликти“ во која е вклучена и израелската армија. Тие добиле дозвола да ги изгаснат пожарите само на две локации, додека пристапот до други области каде што гореле пожарите е одбиен. Обвинувања за „екоцид“ Според еколошките групи, пожарите се дел од систематски израелски напад врз животната средина на Либан. Експертите велат дека тие ги загрозуваат шумите и биодиверзитетот што го поддржуваат. „Ова се стари шуми во кои доминираат борови и дабови дрвја. Тие играат клучна улога, а пошироката област е исто така важен премин и место за одмор за птиците преселници“, рече Хишам Јунес, основач на либанската група за заштита на природата „Зелени јужњаци“. Јунес ги нарече израелските напади „екоцид“. Тој објасни дека тие се воена практика на напад врз животната средина на јужен Либан со цел деградирање на екосистемот со муниција, оган и хемикалии. Јунес додаде: „Ова не е еден пожар или напад, туку шема на уништување што постепено ја еродира способноста на екосистемот да функционира, да се регенерира и да го поддржува животот. Кога овие последици ги загрозуваат и средствата за живот и способноста на луѓето да се вратат и да останат на својата земја, уништувањето на животната средина станува неразделно од пошироката трансформација на самата територија.“ Извор: Индекс.хрТагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајланд го запира издавањето дозволи за оружје по смртоносното пукање во училиштеТајланд привремено го запре издавањето нови дозволи за огнено оружје по смртоносната пукотница во училиште во Нонтабури. Одлуката дојде додека се одржуваа кремации за 14-годишниот вооружен напаѓач и бабата и дедото што ги убил пред масакрот, објавува „Гардијан“. Премиерот Анутин Чарнвиракул потврди дека им наредил на Министерството за внатрешни работи и полицијата да го суспендираат издавањето дозволи за поседување, купување и носење оружје и повика на „построги контроли и построги казни“. Државниот радиодифузер НБТ Ворлд објави дека мерките се привремени и ќе останат на сила додека не се донесе нов закон за контрола на оружјето. Владата, исто така, планира да постави рок за граѓаните да го предадат нелегалното оружје без гонење. Анутин претходно се обиде да спроведе реформи како министер за внатрешни работи по бранот насилство со оружје во 2022 и 2023 година, но најавите за построги закони не успеаја да спречат понатамошни трагедии. Покрај новите мерки за граѓаните, генералниот директор на тајландската полиција, Китрат Фанфет, нареди и построга контрола на службеното полициско оружје. Тагови: Тајланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00