Деветто издание на спортската манифестација „Охрид трчат“ - Канал 5

Деветто издание на спортската манифестација „Охрид трчат“

 Над 2.400 тркачи од 31 држава од светот денеска ќе учествуваат на трките од пет и од 21 километар на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Деветто издание на спортската манифестација „Охрид трчат“

Заради безбедноста на тркачите и публиката ќе има времен режим на сообраќај од 7 часот и 45 минути до 11 часот и 15 минути ќе бидат затворени за сообраќај улиците: „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, патека Студенчишта и „Св. Наум Охридски“.

„Охрид трчаТ“, според Јоне Станкоски од организацискиот тим на манифестацијата, не е само спортска трка, туку е спортско-туристички производ, кој го слави животот, здравјето, заедништвото.

Годинава, според него, интересот е најголем во споредба со претходните изданија, а половина од учесниците се од странство или други градови на Македонија.

- „Охрид трчаТ“ има длабока вредност за локалната заедница, не само заради тоа што го промовира здравиот начин на живот, туку и затоа што директно влијае врз локалната економија, преку исполнети сместувачки капацитети, посетени ресторани, локални бизниси... Градот овој викенд ќе живее со трката и тоа е резултат на посветена работа и визија, истакна на прес-конференција Станкоски.

Ваквите настани, за градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, се многу значајни за промоција на градот.

- Ако погледнеме наназад секоја година бројката на учесници се зголемува, што ни дава за право да кажеме, Охрид, секоја година е се поатрактивен и трката е таа што ги привлекува огромниот број не само наши, туку и странски туристи. Ме радува и што половина од тркачите се од други градови од Македонија или од странство. Сметам дека овој тренд во иднина ќе продолжи, рече Пецаков.

Иван Цветкоски од организацискиот тим на „Охрид трчаТ“ истакна дека посветено работат цела година за овој викенд да го реализираат онака како што заслужува еден град како Охрид.

- Охрид ние го третираме како голема скапоценост и се трудиме тоа да го оправдаме, кај сите тркачи кои доаѓаат за време на манифестацијата. Имаме 2.400 учесници, 510 полумаратонци од кои 50 отсто се странци, имаме 70 штафетни тркачи на штафетниот полумаратон. Бројките

покажуваат за се што сме работеле изминатата година, рече Цветкоски.

Годинашната манифестација „Охрид трчаТ“ почна во петокот со експо и ноќна трка, вчера се одржа панел дискусија и други спортски и забавни настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер