Деветнаесет европски лидери побараа поедноставување на административните процедури на ЕУ - Канал 5

Деветнаесет европски лидери побараа поедноставување на административните процедури на ЕУ

Сега се потребни три чекори: преглед, намалување, ограничување. 

Деветнаесет европски лидери побараа поедноставување на административните процедури на ЕУ

Многумина во Европа имаат проблеми кога се справуваат со правилата и законите на ЕУ, кои забавуваат наместо да водат и го блокираат патот наместо да овозможат слобода и можности, па затоа од клучна важност е поедноставувањето на административните процедури, се наведува во заедничко писмо на 19 шефови на држави или влади на членки на ЕУ упатено до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

- Сега се потребни три чекори: преглед, намалување, ограничување. Апелираме за систематски преглед на сите регулативи на ЕУ за да се идентификуваат правилата што се излишни, прекумерни или неурамнотежени и мора да го испитаме целото законодавство на правилата на ЕУ за да утврдиме дали тие се уште се соодветни за нивната намена, се наведува во писмото на лидерите до Кошта, испратено во пресрет на утрешниот Самит на ЕУ.

Лидерите посочуваат дека сакаат да ги зачуваат слободата, безбедноста и просперитетот на Европската Унија, а за да се направи тоа мора да се промени нејзиниот курс и тоа не само малку, туку суштински.

- Ако не го промениме курсот, Европа ќе ја изгуби конкурентноста во споредба со другите економски региони во светот. Живееме во свет на превирања и нови неизвесности, каде што геополитиката и геоекономијата се повеќе се испреплетени. Во овој свет, одржувањето на нашата конкурентност е основа на нашиот суверенитет, се додава во писмото.

Покрај преиспитување на постојните законодавни акти на ЕУ, лидерите бараат „самоограничување“ на новото законодавство, затоа што Европа „мора да се ограничи на минимум нова регулатива во целосна согласност со принципите на супсидијарност и пропорционалност“.

- До крајот на годината, Европската комисија треба систематски да ја разгледа регулаторната рамка на ЕУ и да поднесе предлог за тоа како застарените и прекумерните правила можат да се укинат и кои постојни или планирани правила можат целосно да се отстранат, се наведува во писмото.

Во него натаму се нагласува дека намалувањето на бирократијата е прашање од најголем приоритет и итност, а во исто време потребно е забрзување на темпото на усвојување на сите законски акти што придонесуваат за поедноставување и конкурентност.

Лидерите повикуваат и на заокружување на Единствен европски пазар, вклучително и за услугите, енергијата, телекомуникациите, финансиски услугите, заштедите и инвестициите, при што истовремено треба да се поттикне и потенцијалот за негова дигитализација.

- Повикуваме на посебен состанок на Европскиот совет за конкурентност во февруари 2026 година за да се разгледа сработеното и да се дадат политички насоки за сите фронтови на конкурентноста: намалување на бирократијата, комплетирање на Единствениот пазар во сите негови димензии, зајакнување на европските иновации и индустрија, обезбедување економска безбедност и еднакви услови за игра, создавање на Унијата на пазари на капитал, се додава во писмото.

Документот е потпишан од претседателите на Кипар, Никос Христодулидес, на Литванија, Гитанас Науседа, и на Франција, Емануел Макрон, канцеларите на Австрија, Кристијан Штокер и на Германија, Фридрих Мерц, премиерите на Белгија, Барт де Вевер, на Бугарија, Росен Жељазков, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Естонија, Кристен Михал, на Италија, Џорџа Мелони, на Летонија, Евика Силина, на Луксембург, Лук Фриден, на Полска, Доналд Туск, на Португалија, Луиш Монтенегро, на Финска, Петери Орпо, на Холандија, Дик Схоуф, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Чешка, Петр Фиала и на Шведска, Улф Кристершон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер