Девет работи кои не сме ги знаеле за серијата „Grey's Anatomy“ - Канал 5

Девет работи кои не сме ги знаеле за серијата „Grey's Anatomy“

Ако сте фан на оваа серија веројатно знаете многу за „Grey's Anatomy“, но има работи кои досега никој не ги кажал!

Девет работи кои не сме ги знаеле за серијата „Grey
Серијата „Grey's Anatomy“ веќе ја завршува 12-тата сезона. Ја гледаат милиони луѓе низ светот и знаат речиси се за актерите и приказните кои се однесуваат на оваа серија. Но има работи за кои досега не се знаело. Еве некои од нив:

1. Органите кои ги гледате во тек на операциите и медицинските зафати не се човечки туку животински, а кртва е црвен гел.

2. Улогата на Д-р. Дерек Шепард му била понудена на Роб Лоу но тој ја одбил, и ја прифатил улогата во серијата „ Dr. Vegas“ која била прекината по само 5 епизоди.



3. Кевин Мек Кид (д-р Овен Хант) е од Шкотска и ако го слушнете со природниот акцент малку ќе го разберете!



4. Миранда Бејли според сценариото е единствениот лик кој бил опишан како треба да изгледа - тенка со руса кадрава коса, но кога за улогата се пријавила Чандра Вилсон, продуцентите знаеле дека е вистинскиот избор за улогата.



5. Пред да почне да глуми, Џес Вилијамс (д-р Џексон Ејвери) бил наставник во средно училиште - 6 години.




6. Сара Дру (д-р Ејприл Кепнер) добила породилни болки само 13 часа откако ја снимила сцената на породување на Ејприл во 11-тата сезона.




7. Продуцентите на ABC толку се вљубиле во Сара Рамирез што и дале можност да избира која улога ја сака во серијата. Се разбира, таа ја избрала д-р Греј, но ја добила улогата на д-р Кели Торес.






8. Тејлор Свифт е толку голем фан на серијата што на својата мачка и го дала името Мередит - по д-р Мередит Греј.

9. Иако дејството с еодвива во Сиетл, најголем дел од сцените се снимени во јужна Калифорнија, освен екстериерите пре дболницата и куќата на Мередит кои се сместени во Сиетл.





/ извор: popsugar.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата.

Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство.

„Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски.

Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето.

Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори.

СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија.

Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид.

Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор.

Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер