МакедонијаДевет пријави за семејно насилствоСедум лица лишени од слобода, едно пренесено во здравствена установа, вкупно девет пријави за семејно насилствоНа 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(18) од Радовиш. Според пријавеното тој околу 19:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(54) од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 48-годишна сопруга и нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени А.Д.(59) од Струга и Ж.С.(62) од Охрид. Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што Ж.С. физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од штипско, дека околу 00:05 часот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во село во општина Македонски Брод, М.М.(45) физички ја нападнал неговата 50-годишна сестра. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 18:45 часот во СВР Битола Т.Ч.(59) и Л.Ч.(52), двајцата од Битола пријавија дека од страна на И.Ч., кој е брат на Т.Ч., им биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 12.07.2026 во 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.А.(38) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека во домот агресивно се однесувал и фрлал предмети. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 12.07.2026 во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријави дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол. П.Ц. е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 29.10.2026 во 20:15 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода С.С.(49) од Велес. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети. С.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.Тагови: Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во КавадарциГодина на големи инвестиции и развој.Градоначалникот Митко Јанчев презетираше отчет за сработеното во Општина Кавадарци. -Една година работа, големи чекори за Кавадарци. Во изминатата година Кавадарци продолжи да се развива со силно темпо, преку реализација на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот, современа инфраструктура и нови можности за сите наши сограѓани, изјави Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаЈанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во ЈегуновцеПоминаа пет години, градоначалникот на ВМРО-ОКГ Димитар Костадиноски не ги исполни ветувањата пред граѓаните.Вети противпожарно возило кое што е изгласано од советот, за потоа да го поништи тендерот , не е реализирано ова ветување. Пат кој што е асфалтиран во времето кога СДСМ беше локалната власт, во 2020 година и беше без поголеми оштетувања ,сега е изваден асфалтот и пак ќе го асфалтира. На ОЈП Јегуновце кое што е загубар, секој месец му се префрлаат пари, од 300 до 400 000 денари. Но затоа спроведува партизација, во планот за систематизација се предвидени нови работни места. Ја затвори единствената библиотека во Општината, зградата на библиотеката ја пренамени во училиште , без притоа да има минимални услови за настава. Во неколку квадрати се направени 2-3 училници , нема простор ниту услови за настава. Учениците од 1ви септември се носеа со комбиња во с.Враттница, по 20-25 ученика во едно комбе. Во спортската сала, која е во импровизирани училници, нема ниту минимални услови за учење. Но затоа удри по џебот на народот. Зголемен е надоместокот за градба на семејни стамбени и деловни згради,линиски и инфраструктурни објекти. Зголемен е паушалот за собирање на отпадот за 25%. Го зголеми данокот на имот 2 до 3 пати. А Јегнувце нема пари. Па каде завршуваат овие пари? После две години локална власт на ВМРО и Костадиновски граѓаните гледаат неспосодбност, неисполенти ветувања и удар по стандардот на народот. Стефан Јанчевски, претседател на Општинската организација СДСМ, ЈегуновцеТагови: Јанчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24