Детски хирург го воодушеви светот: Децата ги облекува како суперхерои, зад тоа стои тажна приказна (ВИДЕО) - Канал 5

Детски хирург го воодушеви светот: Децата ги облекува како суперхерои, зад тоа стои тажна приказна (ВИДЕО)

Додека повеќето деца го доживуваат влегувањето во операциона сала како еден од најстрашните моменти во нивниот живот, бразилскиот доктор Леандро Гимараеш пронајде необичен начин да им помогне на своите пациенти да го заборават стравот.

Детски хирург го воодушеви светот: Децата ги облекува како суперхерои, зад тоа стои тажна приказна (ВИДЕО)

Наместо солзи и паника, неговите деца одат на операција облечени како суперхерои, верувајќи дека тогаш стануваат моќни и силни.

Чувство на сигурност и храброст

Видеата што овој детски хирург и специјалист за ОРЛ ги објави на Инстаграм привлекоа големо внимание во 2025 година, а неодамна беа повторно објавени.

Многу гледачи признаа дека глетката на децата како „летаат“ кон операционата сала им ги допрела срцата.

Гимараеш објаснува дека сака да им даде на децата чувство на сигурност и храброст во моментите кога се најранливи.

Тој верува дека преку игра и имагинација е можно да се воспостави многу подобар контакт со најмладите отколку преку строга болничка средина, објавува Today.

Видеата прикажуваат млади пациенти облечени во костуми на суперхерои како „летаат“ на рамото на докторот или трчаат, држејќи го за рака, додека заедно се упатуваат кон операционата сала.

Снимката е придружена со песната „Stand By Me“ и предизвика лавина од реакции на интернет. Корисниците го нарекоа бразилскиот специјалист „вистински ангел“.

„Болнички кловнови“

Гимараиш вели дека операционата сала е многу стресно место за децата, но и за родителите.

„Мојата идеја произлезе од желбата влегувањето во операционата сала да биде помалку трауматично“, објасни тој.

Тој особено се сеќава на двегодишно девојче по име Алана, кое неконтролирано плачеше во неговите раце додека ја носеа на операција.

„Тој ден си ветив дека никогаш повеќе нема да земам дете што плаче на операција“, рече тој.

Неговиот необичен пристап делумно произлегува од искуство што го имал долго пред да стане хирург.

Имено, за време на студиите по медицина, тој се приклучил на група „болнички кловнови“, каде што посетувал часови по глума и научил како да ги одвлекува вниманието на децата за време на прегледите преку хумор и игра.

„Тогаш се заљубив во работата со деца“, се присети Гимараиш.

Тој додава дека вештините што ги научил како „болнички кловн“ многу му помогнале да ги прегледа малите без страв или паника.

„Родителите ги обожаваат моите снимки“

Неговите пациенти обично носат костими на Бетмен или Флеш, и секој може да избере што сака да „стане“ пред операцијата.

„Им објаснувам дека ќе летаме или ќе трчаме до собата и дека ќе им го „поправиме“ носот или ушите по патот“, рече бразилскиот доктор.

Само кога ќе види дека детето е опуштено и целосно вклучено во играта, влегува во операционата сала со нив.

Ако забележи дека малиот пациент е сè уште исплашен, му дозволува на еден од родителите да биде со него за време на анестезијата, за целиот процес да помине што е можно понежно. Откако детето ќе заспие, костимот се отстранува и им се предава на родителите да го понесат дома.

„Родителите ги обожаваат моите видеа затоа што можат да им покажат на своите деца колку биле храбри“, рече тој.

Според него, многу деца подоцна се враќаат на прегледи облечени како суперхерои, горди што искуството со операцијата не било трауматично.

„Кога ќе го облечат костумот, тие целосно се пресоблекуваат. Тие се возбудени, среќни и се чувствуваат силни. Потоа и родителите се опуштаат“, истакнува Гимараеш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.

Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија.

Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија,  денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. 

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери.

„Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.

Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво.

„Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“

Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.

„Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски.

Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига.

„Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски.

Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Светскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови.

Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година.

Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер