На оваа средба и двајцата соговорници г.Груби и г. Абазовиќ разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Двајцата заедно високо ја оценија соработката меѓу Македонија и Црна Гора, соработка која е на одлично ниво.
Првиот вицепремиер Груби му честиташе на неговиот колега од Црна Гора, Дритан Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора.
Груби исто така му соопшти на својот колега Абазовиќ дека Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.
Од негова страна, вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ му кажа на Груби дека Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја. Абазовиќ вели дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка.
Груби и Абазовиќ за време на оваа онлајн средба се согласија дека полноправното членство на Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.