Детали за несреќата на актерот Џереми Ренер: Бил опериран поради повреда на градниот кош - Канал 5

Детали за несреќата на актерот Џереми Ренер: Бил опериран поради повреда на градниот кош

Холивудскиот актер, Џереми Ренер, моментално е во болница со критични, но стабилни повреди по несреќа со чистење снег.

Детали за несреќата на актерот Џереми Ренер: Бил опериран поради повреда на градниот кош

Несреќата се случила за време на викендот додека тој чистел снег на својот имот во северниот дел на Невада, кој бил погоден од силно снежно невреме.

„Можеме да потврдиме дека Џереми е во критична, но стабилна состојба со повредите што ги доби откако претходно денеска учествуваше во несреќа поврзана со временските услови додека чистеше снег. Неговото семејство е со него и тој ја добива потребната нега“, изјави портпаролот за „Холивуд репортер“, а Ренер со хеликоптер бил пренесен во болница.

Соседот на Ренер за американските медиуми ги откри деталите за несреќата. Имено, Ренер со плуг се обидувал да го исчисти патот од својата куќа на езерото Тахо. Еден сосед изјавил за TMZ дека плугот случајно му ја прегазил ногата на Џереми, поради што изгубил многу крв. Му помогнал сосед кој случајно бил доктор. Ја преврзал ногата додека чекале брза помош.

Сепак, Deadline сега пишува дека повредата на ногата не е единствената со која се здобил и дека бил опериран. „Можеме да потврдиме дека Џереми претрпел траума од тап удар на градниот кош и дека има ортопедски повреди и беше опериран на 2 јануари 2023 година. Тој се врати од операција и моментално е на интензивна нега со тешки повреди, но е стабилен“, рече портпаролот на Ренер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ 

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“

Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани.

Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден.

Програма за 9 август (недела) Локација: Europe House Struga 17:00 Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани 19:00 Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма Grandpa's Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на мешана натпреварувачка програма Меѓународна програма Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss Регионална програма SOS, режија: Anita Morina Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma' Awawdeh Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.

Со почит, тимот на Дрим Шорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

Лицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка.

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години.

По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н.

Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“

Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер