Детали и тајни од бракот на кралицата Елизабета и принцот Филип

Британската кралица Елизабета, која владее веќе 65 години, во понеделник ќе прослави 70 годишнина од својот брак со принцот Филип.

Британската престолонаследничка, принцезата Елизабета, се омажи за морнаричкиот офицер Филип Моунтбатен во лондонската Вестимнстерска опатија на 20 ноември 1947 година, само две години по завршувањето на Втората светска војна.

Седумдесет години после таа раскошна венчавка, кралицата Елизабета и нејзиниот 96 годишен сопруг ќе прослават 70 годишнина од брак во семејниот круг во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми.

Како што е најавено, нема да има јавно одбележување. Принцот Филип има кралско “педигре“ и без Елизабета. Неговиот дедо од страната на татко му, бил грчки, а од страната на мајка му дански крал. Роден е на Крф 1921 година, но семејството му било протерано од Грција, додека бил дете и се населиле во Британија.

Елизабета во своето 65 годишно владеење, најдолго во британската историја, беше главна потпора. Тој во 1952 година и соопштил дека нејзиниот татко починал и оти станала кралица.

„Една од тајните на овој многу, многу долг брак, е фактот дека Филип секогаш сметал како должност да ја подржува кралицата, да и помага како може и умее“ – изјавил за „Ројтерс“ историчарот Хуго Викерс.

„Тој е единствената личност која на кралицата може директно да и рече што мисли, и тоа со речникот кој сам ќе го одбере“.

Foto: Getty

Идниот брачен пар прв пат се сретнал на венчавката на роднината на Филип, грчката принцеза Марина и вујкото на Елизабета, војводата од Кент. Идната кралица тогаш била уште девојка. Години подоцна почнале поинтензивно да се дружат, а свршувачката ја објавија во јули 1947 година.

Четири месеци подоцна одржана е и венчавката, а бидејќи Британија се уште се опоравувала од војната, раскошната церемонија била во остра спротивност со тогашното британско секојдневие.

И додека венчавката на нејзиниот внук Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година во телевизискиот пренос го следеа 2 милијарди луѓе, свеченоста на Елизабета ја прателе само 200 милиони радиски слушатели, иако дел од венчавката е снимен на црно-бел филм.

Иако како и сите брачни парови имаа добри и лоши моменти, Елизабета и Филип успеаа да ги избегнат неприликите какви што нивните три од четири деца ги доведоа до развод на браковите. Најпознатиот меѓу нив е оној на принцот Чарлс и принцезата Дајана.

„Тој беше мојата сила и потпора сите овие години“ – изјави кралицата Елизабета во редок говор за Филип по повод 50 годишнината од бракот.

Принцот Филип, кој во последно време има нарушено здравје, во август се повлече од сите јавни должности.

„Без него кралицата би имала тежок и осамен живот. Тој беше нејзината сила од моментот на стапнувањето на тронот“ – изјави Клаудија Џосеп, биограф на кралското семејство.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер