Деспотовски :ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата изготвена од Светскиот економски форум (ВЕФ) со предлог да се преслика и во другите земји од регионот. 

Анализата на ВЕФ во која се идентификуваат можностите и приоритети за идната Платформа за конкурентност и иновации на Западен Балкан беше претставена на лидерската средба во Тирана на која ресорни министри, директори и бизнисмени дебатираа за идната соработка и дефинирање на акцискиот план за имплементација на овој проект.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на средбата поднесоа конкретен предлог за осовање на регионален Фонд за иновации кој ќе има за цел да привлече поглем прилив на странски капитал и зголемена конкурентност на регионот.

"Инициравме креирање на регионален Фонд за иновации со кој ќе се искористи потенцијалот на регионалниот пазар од 17 милиони луѓе, а не само на фрагментираните пазари. Ние имаме инвестициско портфолио од околу 65 милиони евра. Над 340 компании веќе користат средства за иновации и технолошки развој. Сите овие бројки и резултати се препознаени и од меѓународните партнери. Целта е моделот што веќе функционира во Северна Македонија, кој, исто така постои и во Србија, да се подигне на едно повисоко ниво," нагласи Деспотовски.

Целта на регионалниот фонд е зајакнување на прекуграничната соработка и поттикнување на инвестиции во приватниот сектор и иновациите, како и отворање на нови можности за финансирање на бизнис проекти во регионот. Исто така целта е да се отвори поголем пазар и можности за пристап до таленти, со што би се придонело и кон намалување на проблемот со одлив на мозоци.

Предлогот доби поддршка и од претставниците на бизнис заедницата и од делегациите на 6те земји од Западниот Балкан кои се вклучени во проектот. Сите ја нагласија потребата од користење и унапредување на веќе постоечки успешни модели со цел забрзан раст и развој на регионот и предностите на регионалната соработка.

И министерката Ангеловска нагласи дека е многу важно што во оваа иницијатива за зголемување на конкурентноста на регионот и пробив на домашните компании на глобалниот пазар ќе бидат вклучени и јавниот и приватниот сектор.

"Со здружени напори треба да ги адресираме проблемите со кои се соочуваат сите земји во региоонот како - јазот во потребните вештини, особено критичко размислување и претприемништво, одливот на таленти, олеснување на адиминистративните процедури. Преку креирање на екосистеми во кои ќе се развиваат компаниите и стартапите ќе прераснат во успешна приказна, ќе може да изградиме конкурентна економија, на национално, но и регионално ниво," изјави Ангеловска.

Инаку ова е прва иницијативата на Светскиот економски форум за земјите од Западен Балкан, што има за цел да се развие платформа – бизнис акцелератор кој ќе придонесе до придонесе за забрзување на иновациите и конкурентноста во регионот и поголема соработка на економски план. Според нив, трансформативно претприемништво, трпеливо инвестирање, нови пазари и предвидувања со конкретни препоракии за акција се четирите приоритети на идниот акцелератор за конкурентност и иновации на Западен Балкан кој е во почетна фаза.

Далас избори конференциско финале

Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2.

Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл: 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Во финалето на Западната конференција Далас ќе игра со победникот од двојката Денвер – Минесота (3:3).

Вечер од 21:30 часот по македонско време, Њујорк ја пречекува Индијана во одлучувачкиот седми натпревар од четвртфиналната пресметка во Источната конференција. /МИА

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола  го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

притисни ентер