БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
СветДесничарските групи за вечерва најавија нови протести и напади на 30-тина локации низ Англија Британската полиција денеска се подготвува за нови антиисламски немири, откако екстремно десничарските групи најавија планови за најмалку 30 напади врз центри за азил и канцеларии за имиграција низ целата земја, јавија американските медиуми.За вечерва свои собири најавија и антифашистичките демонстранти. Властите мобилизираат околу 6.000 специјално обучени полицајци за да одговорат на немирите, а лондонската полиција соопшти дека ќе направи „се што е во нивна моќ“ за да го заштити главниот град. -Свесни сме за настаните планирани од групи поттикнати од омраза и раздор во главниот град, изјави доцна синоќа заменик-помошникот комесар Енди Валентин од лондонската Метрополитен полиција. „Тие многу јасно ја кажаа својата намера да предизвикаат нарушување и поделба... Ние нема да го толерираме ова на нашите улици“, додаде тој. На улиците низ англиските градови владее тензична атмосфера, проследена со спорадични насилства, откако минатата недела беа убиени три девојчиња во северозападниот англиски град Саутпорт. На интернет најпрво се прошири веста дека зад нападот стои Али Ал Шакати, наводен муслимански барател на азил, кој со брод пристигнал во Велика Британија и е на списокот за набљудување на МИ6. На крајот беше објавено дека напаѓачот е 17-годишниот Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во ГрцијаОсомничените, на возраст од 22 до 72 години, дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово. Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи разоткрија иранска прокси-мрежа составена од шест македонски државјани, осомничени дека подготвувале терористички напад, односно атентат врз однапред определено лице во соседна Грција. Осомничените, на возраст од 22 до 72 години, дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово. Четворица се уапсени во Македонија, еден во Грција, додека по шестиот се трага. Акцијата следувала по речиси десетмесечна разузнавачка истрага, спроведена во соработка со грчката разузнавачка служба и други меѓународни партнери. Според АНБ, осомничените одржувале тајни средби во повеќе држави, вклучително и во Иран, каде што биле утврдени нивните врски со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех, за кого постојат индиции дека соработува со иранските разузнавачки структури. „Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземале подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, односно атентат врз претходно дефинирано лице, таргет лоциран во Грција – вели Христовски Според директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, при претресите биле откриени дополнителни сознанија за меѓусебната поврзаност на осомничените и нивните контакти со странски државјани а биле најдени парчиња оружје, муниција, телефони и лаптопи. -Самата акција беше прецизно планирана и реализирана од надлежните полициски служби од одделот за сузбивање на сериозен криминал со поддршка на припадниците на специјалната антиттерористичката Тигар. Во текот на самото постапување и службените разговори беа утврдени меѓусебна поврзаност како и нивна поврзаност со странски државјани межукои и лица поврзани со прокси мрежи. Исто така беше утвдено дека имале намера да извшат терористички акт на теротирија на друга држава – истакна тој. За случајот е известено надлежното Јавно обвинителство. На четворица осомничени им е определен притвор, а на едно лице куќен притвор. Безбедносно разузнавачките служби се уште не го откриваат идентитетот на лицето кое било цел на планираниот атентат, ниту кога требало да биде извршен нападот. Надлежните најавуваат продолжување на соработката со меѓународните партнерски служби за навремено откривање и спречување на потенцијални терористички закани. Според првите луѓе на АНБ и БЈБ, и покрај зголемените меѓународни безбедносни предизвици, тие уверуваат дека во моментов нема сознанија за планирани терористички напади на македонска територија. Ризикот од тероризам се оценува како низок, а Македонија останува безбедна земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ФудбалАлександар Чеферин контра Џани Инфантино- познат е кандидатот за претседател на ФИФА Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес го предложи претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, за кандидат за претседателските избори на ФИФА.- На состанокот одржан денес, со кој претседаваше претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, националните асоцијации претставени во Извршниот комитет на УЕФА и Советот на ФИФА го поканија Дијало да се кандидира за претседателските избори на ФИФА во март 2027 година, давајќи му едногласна и целосна поддршка - објави УЕФА на својата официјална веб-страница. Во соопштението се наведува дека Дијало има богато искуство на сите нивоа на фудбалот. - Тој ја предводеше организацијата што ги претставува француските професионални фудбалски клубови, работеше во управното тело на француската професионална лига, како и во рамките на телото за решавање спорови на ФИФА, пред да стане претседател на ФФФ и член на Извршниот комитет на УЕФА во 2023 година - додаде УЕФА. - Со оглед на сериозните загрижености за насоката во која се движи ФИФА, националните асоцијации повикаа на враќање на единството и довербата во рамките на светската фудбалска заедница. Тие изразија целосна доверба во Дијало и неговата способност да го обезбеди потребното лидерство за постигнување на овие цели - се додава во соопштението. УЕФА соопшти дека Дијало ја прифатил кандидатурата. - Се очекува неговата кандидатура официјално да биде потврдена од Извршниот комитет на ФФФ утре - се заклучува во соопштението. Рокот за поднесување на кандидатури за претседател на ФИФА истекува во среда на полноќ по средноевропско време. Актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, претходно потврди дека ќе се кандидира за реизбор.Тагови: Александар Чеферин ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен вработен во Дирекција за заштита и спасување поради барање митоПолициски службеници во координација со ОЈО Скопје уапсиле лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.Според засега неофицијални информаци се работи за раководител во ДЗС кој, според барал мито во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засега нема детали за случајот, а по завршување на активностите од страна на надлежните се најавуваат детални инфомрации за случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook