Дескоска: Продолжуваат сите постапки почнати од СЈО – и во фаза на обвинение, и во истрага или во предистрага

Ќе бидам среќна ако законот се донесе во оваа форма што го испративме.

Вчера го пуштивме во собраниска процедура Законот за Јавно обвинителство, закон што треба да биде донесен со двотретинско мнозинство кое се уште го немаме потврдено, но битно е дека на ниво на владина коалиција успеавме да постигнеме согласност за текст што дава целосна одржливост на СЈО, го претвара во траен орган, не нуди никаква скриена амнестија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска на потпишувањето на Меморандумот за користење на системот за собирање и обратка на податоци з апревенција и репресија на корупцијата и перење пари.

Според неа, согласно новиот закон продолжуваат сите постапки што се почнати пред СЈО и што се во фаза на обвинение или во фаза на истрага или предистрага, со тоа што доказите што се собрани врз основа на овие постапки остануваат валидни.

-Значи ќе бидат користени. Употребата на прислушкуваните материјали е ограничено за оние обвиненија што се покренати во првите 18 месеци. Во консултации со странски експерти и со СЈО, дојдовме до заклучок дека практично во предметите што се отвораат по 18 месеци реално и нема неопходна потреба од користење на аудиоматеријалите како доказ, бидејќи тие се користени како индиција преку кои потоа СЈО доаѓало до други докази што можат задоволително да послужат за докази во судските постапки. Од тие причини нема да има нарушување на квалитетот на водењето на судските постапки ако не се користат во овие постапки овие аудио материјали, рече Дескоска.

Таа објасни дека законот, што вчера беше пратен во собраниска процедура, мина низ широки консултации.

-Ќе бидам среќна ако законот се донесе во оваа форма што го испративме. Правени се консултации со СЈО, со странски експерти и други обвинителства, при што е утврдено дека нема предмет да пропадне заради преодните одредби дадени во законот, рече Дескоска.

Според неа, согласно новиот закон СЈО ќе биде задолжено за корупција кај високи функционери со што ќе се разграничи од постапките што ќе ги води ОЈО за организиран кримнал.

-Факт е дека имаше барања, а тоа го кажав на брифингот во јануари, дека имаше барања да запрат истрагите пред истрагите и потоа тие докази што се прибрани врз основа на индициите од аудиоматеријалите да не бидат користени. Ние ставивме законска одредба во која се што беше прибрано врз основа на материјалите останува валидно и тоа ќе може да се користи. Постапките ќе продолжат, нема да бидат прекинати и нема да почнуваат од почеток, децидна е Дескоска.

Таа објасни дека било разговарано на повеќе нивоа, со различни луѓе, кои се во Парламентот и кои треба да го обезбедат двотретинското мнозинство.

-Навистина имаше отпор за користење на аудиоматеирјалите, но, исто така, имаше и одредени предлози за формулации што на некој начин ќе значат почнување на судските постапки од почеток.Таква опасност со овие одредби нема. Законот е усогласен на ниво на владина коалиција, но и проверен од луѓе кои се стручни, компетентни во областа во која се предлага, рече Дескоска.

На новинарско прашање дали имале консултации со СЈО и дали учествувале во работната група на изготвување на законот, СЈО, како и другите јавни обвинителства беа и формално консултирани и претставени во работната група што го работеше работниот текст.

-Работната група била формирана уште пред јас да влезам во Министерството за правда, кажа министерката.

Потсети дека на почетокот имало две верзии на закон, едната од работната група, а другата изработена и се однесуваше само на СЈО.

-Ги споивме заедно, работната група ги гледаше одредбите, ги слушнавме сите мислења и сите не можат да бидат задоволни. Во делот што се однесува на обвиненијата СЈО немаше забелешки. Секако има други различни одредби во законот кои се однесуваат на материјално работење на сите обвинители на статусот и критериуми за избор. Сите не можете да ги задоволите. Тука се испреплетени интересите. Општиот интерес, одржливоста на судските постапки, тука немавме забелешки, поделбата на надлежностите со обвинителството за организиран криминал. СЈО да се концентира на висока корупција од носители на јавни функции.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер