Дескоска: Предметите на СЈО ќе имаат завршница

Министерката за правда Рената Дескоска денеска порача дека без силно, независно обвинителство попусто се говори за правна држава и ги повика пратениците кои треба да гласаат за новиот закон да размислат каде ја гледаат иднината на земјата. 

Во обраќањето на почетокот на твининг-проект за поддршка на Јавното обвинителство, Дескоска рече дека носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО и нивниот трансфер во ЈО, но е потребно заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем.

-Јасно е дека без силно, независно обвинителство попусто говориме за правна држава. Вложувањето во обвинителството е инвестиција во градење правна држава. Но, не само тоа. Обвинителствата создаваат и вредност за државата: ги враќаат украдените пари на граѓаните. Клучни за градење на правната држава се: добрите закони, вложувањето во обвинителствата, судовите, капацитетите на правосудните органи. Во оваа прилика уште еднаш ги повикувам сите патеници во Собранието да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја. Дали нивните европски аспирации се искрени и дали се подготвени спремни да придонесат за јакнење на правната држава кај нас и да ја дадат поддршката за Законот за Јавното обвинителство, рече Дескоска.

Сега, додаде таа, веќе е извесно дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите.

-Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15-ти септември да нема специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година, тој план направи штета, но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во Републичкото јавно обвинителство. Целосно се тргна и можноста за какво било негативно влијание од мислењето на Врховниот суд, истакна Дескоска.

Сепак, смета Дескоска, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада и оти затоа е бесцелно неконструктивното однесување на кој било во процесот на носење на законот.

-Можеби носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО, но потребен е заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем, потенцира министерката за правда и апелираше во пресрет на одлуката за датум за преговори, сите да ги стават државните интереси над партиските./МИА

Од денеска пријавување за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисел Вода

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода.

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 23 мај. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака тој да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Од Општината појаснуваат дека кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

-Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција, бидејќи, како што велат поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за заедницата.

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

притисни ентер