КултураДесеттомна едиција на романи од Луан Старова во издание на „Дијалог“ Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје го објави циклусот романи „Балканска сага“ од Луан Старова во 10 тома.- Овој творечки и издавачки подвиг од 3000 страници на читателите им ги доближува најзначајните романескни остварувања на Старова: „Татковите книги“, „Времето на козите“, „Балкански клуч“, „Атеистички музеј“, „Патот на јагулите“, „Ервехе“, „Тврдина од пепел“, „Љубовта на генералот“, „Амбасади“ и „Потрага по Елен Лејбовиц“, соопшти „Дијалог“. Уредник на едицијата е Веле Смилевски, а автори на толкувачките текстови на делата на Старова се познати имиња од македонската и светската книжевна сцена, меѓу кои: Матеја Матевски, Едгар Морен, Георги Старделов, Леон Сомвил, Гане Тодоровски, Катица Ќулавкова, Ристо Лазаров, Предраг Матвеевиќ, Морис Друон, Јелена Лужина и Елизабета Шелева. Циклусот „Балканска сага“ во 10 тома е критичко и дополнето издание на романите на Луан Старова кои сега првпат под заеднички наслов се појавуваат во интегрален вид. Делата во оваа едиција се објавувани на дваесетина јазици во светот. Романите на Луан Старова во Македонија се наградени со „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга, „Рациново признание“, „Климент Охридски“, „Велја кутија“ и Роман на годината на „Утрински весник“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помоштаНа целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива. Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи. Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter