Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
Шоу бизДесетте најбогати јавни личности на светот!!Влијателниот портал „ Celebrity Net Worth" ја објави листата на 50 најбогати личности во светскиот џет сет. Списокот е прилично неочекуван, посебно кога станува збор за првите десетмина. На почесното прво место на листата на најбогати јавни личности на светот е човекот кој го создаде хитот „Војната на ѕвездите“ Џорџ Лукас, чие богатство е проценето на 5,1 милијарди долари. Веднаш зад него е колегата Стивен Спилберг со заработка од 3,7 милијарди долари. На третата позиција е најбогатата жена во светскиот шоу бизнис, водителката Опра Винфри која е „тешка“ 3,2 милијарди долари. На четвртото место според богатството е актерката Џеми Герц со заработени 2 милијарди долари.: По неа следува легендарниот Битлас славниот музичар Пол Мекартни со 1,2 милијарди долари. Меѓу десетте најбогати јавни личности на светот се и поранешната сопруга на сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон, Славица Еклстон со 1,2 милијарди долари. Зад Славица која парите ги заработи со добриот развод се многу светски познати фаци како Дејвид Коперфилд, Џеј Кеј Ролинг, семејството Кардашијан, Џеј Зи и Мадона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваБела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ СкопјеНа 3 октомври, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, главниот град ќе живее во ритамот на „Бела ноќ“, со концерти, изложби, диџејски настапи и програма за најмладите.Плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ), на 3 октомври ќе обедини повеќе генерации публика со програма што започнува со детска песна и театар, а продолжува со концерти и музика по полноќ. Настанот е дел од „Бела ноќ 2026“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, која и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка ноќ на културата. Програмата на плоштадот „Мајка Тереза“ започнува во 18:00 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а во 18:45 часот следува „Театар за тебе“, интерактивен театар за деца. Од 19:30 часот публиката ќе ја раздвижи DJ Bono, по што во 20:30 часот настапува „Допамин бенд“. Во 22:00 часот, сцената им припаѓа на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, додека од 00:00 часот музичката програма продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv. Кај фонтаната „Лотус“, „Бела ноќ“ ќе донесе вечер посветена на електронската музика. Програмата започнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22:00 часот со DJ Vecky – Fluere, а од 00:00 часот настапува Invictoz – Sempre. На платото пред Музејот на современата уметност, од 20:00 часот, ќе се одржи „IN BETWEEN 04“, со DJ AYŪ од Берлин, DJ Peneva, DJ Stefan Strange, DJ Bole и DJ Luka, дополнувајќи ја музичката понуда на манифестацијата. На „Боемска улица“ ќе се одржи „Боемска бела ноќ“ на која ќе настапи младиот Владмир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов. Покрај концертните и диџејските настапи, „Бела ноќ“ ќе понуди и средби со современата ликовна и мултимедијална уметност. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени самостојната изложба на Марија Рашковиќ и групната изложба „Вортекс“. Во Чифте амам публиката ќе може да ја посети изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали, а во „Мала станица“ мултимедијалната изложба „Меѓу светови“ на Воскресија Андреевска. Дел од содржините ќе започнат уште во текот на денот. Во Детскиот културен центар „Карпош“, во 09:00 часот, е најавена изложба на детски ликовни творби. Во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 12:00 часот, ќе се одржи „Нацртај песна“, а во 19:00 часот следува изложбата „Види ја поезијата“, поврзувајќи ги литературата, имагинацијата и визуелното изразување. Археолошкиот музеј ќе ги пречека посетителите со бесплатен влез и содржината „35 предмети, 35 приказни“, отворајќи простор за откривање на културното наследство и приказните што ги чуваат музејските предмети. На мапата на „Бела ноќ 2026“ се и Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Боемска улица, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и улица „Македонија“. Заедно, овие локации ќе понудат можност за поинаква прошетка низ Скопје, исполнета со уметност, музика и средби. Вечерната програма на манифестацијата ќе се одвива од 19:00 до 03:00 часот, со одделни дневни содржини и детска програма што започнуваат порано. ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје ги покануваат граѓаните и посетителите да бидат дел од „Бела ноќ“ и да го доживеат градот преку неговата креативност и културна разновидност. На 3 октомври – Скопје не спие!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДали ЕУ воведува нов вид бензин?Тројца пратеници во Европскиот парламент од редовите на ЦДУ бараат од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, итно да ја одобри продажбата на бензинот E20.Во писмото, во кое увид имал германскиот весник „Билд“, пратениците Петер Лизе, Јенс Гизеке и Норберт Линс тврдат дека поголемото количество биоетанол во горивото би ја намалило зависноста од увоз на нафта и би ги намалило цените на бензинските пумпи. Според извештајот на „Билд“, во моментов во Германија се спроведува само еден пилот-проект со горивото E20. Прашањето за цената и потрошувачката Горивото E20, кое содржи до 20 проценти етанол, моментално не е дозволено во Европската унија. Постоечките прописи го ограничуваат уделот на етанол во бензинот на најмногу десет проценти. Затоа, воведувањето на E20 би барало од Брисел да ја измени Директивата за квалитет на горивата. Сепак, останува спорно дали E20 навистина би донел заштеди за возачите. Иако цената по литар би можела да биде пониска поради намалениот удел на бензин од фосилно потекло, етанолот има помала енергетска густина, што ја доведува во прашање исплатливоста на возењето со ова гориво. Експертите проценуваат дека тоа би довело до зголемување на потрошувачката на гориво за околу три проценти. За E20 да биде исплатлив, цената по литар на пумпата би требало да биде пониска за шест до седум центи, но неизвесно е дали може да се постигне таква разлика во цената. Употреба низ светот и компатибилност на возилата Горивото E20 веќе се користи во Индија и Тајланд, додека Бразил користи горива со уште поголем процент на етанол. Во Германија, во 2023 година беше започнат само еден тестен проект во Манхајм. Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето модерни автомобили на бензин би можеле да го користат без потешкотии, а за некои понови модели на „BMW“ веќе постојат одобренија за поголем удел на етанол. Сепак, не постои единствена листа на компатибилни возила од сите производители, а може да се појават проблеми кај постарите автомобили. Воведувањето на новото гориво е проследено и со критики. Германската федерална агенција за животна средина изразува загриженост во врска со одгледувањето енергетски култури за производство на гориво, бидејќи тоа би можело да ги намали земјоделските површини наменети за производство на храна. Како пример се наведува порастот на цената на шеќерната трска во Индија, бидејќи таа таму се користи и за производство на етанол. Противниците исто така ја доведуваат во прашање еколошката прифатливост на биоетанолот и предупредуваат на можно благо зголемување на потрошувачката на гориво. Сепак, претставниците на ЦДУ сметаат дека предностите преовладуваат. Тие истакнуваат дека E20 претставува брз начин за намалување на трошоците за возачите, а истовремено би се намалиле и емисиите на CO2 од милиони возила на бензински погон на европските патишта. Одлуката за тоа дали европските возачи наскоро ќе користат E20 ќе се донесе во Брисел. Извор: Индекс.хрТагови: Бензин ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Автомобилизам„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерииМултинационалниот автомобилски гигант „Stellantis“ објави дека ќе го прекине производството во три француски фабрики во траење од најмалку една недела, делумно поради недостиг на батерии за електрични возила.Фабриката во Сошо, каде што се произведуваат моделите „Peugeot 3008“ и „Peugeot 5008“, ќе биде затворена од 23 до 30 октомври поради недостиг на батерии со голем досег, се наведува во соопштението на компанијата објавено во вторникот. „Побарувачката за овие модели е многу голема, особено кај корпоративните клиенти, и постојано ги надминува капацитетите за снабдување“, соопштија од компанијата. „Во овие услови, привремено го прилагодуваме распоредот на производство за да го усогласиме со потребите на пазарот и да избегнеме натрупување залихи на возила кои не одговараат на побарувачката на купувачите“, објаснија од „Stellantis“, додавајќи дека станува збор за еднократна мерка. Фабриката во Рен, исто така, ќе биде затворена од 22 до 30 октомври од истата причина, при што ситуацијата делумно влијае врз производството на моделот „Citroën C5 Aircross“. Недостиг на батерии „Stellantis“ ги набавува батериите со голем досег од „Automotive Cells Co.“ (ACC), компанија основана во соработка со „Mercedes“ и „TotalEnergies“. „ACC“ управува со фабрика во Франција, но раководството ги откажа плановите за изградба на фабрики во Италија и Германија поради слабата побарувачка за електрични возила во последните години. Сепак, оваа година интересот на потрошувачите за електрични возила неочекувано порасна, поттикнат од високите цени на горивото по почетокот на војната. „За жал, сè уште не добиваме доволно батерии, и покрај значителниот напредок во производството на ACC“, изјави портпарол на „Stellantis“. Само во септември, „ACC“ произведе речиси исто толку батериски модули колку што произведе во текот на целата претходна година, соопшти компанијата. „Го зголемуваме производството и процесот се одвива добро, во меѓувреме, ги исполнуваме обврските кон нашиот клиент „Stellantis“, при што нивоата на испорака на батерии се усогласени со нивните барања“, изјави портпарол на „ACC“ за Ројтерс. „Stellantis“ објави дека производството во фабриката во Милуз, исто така, ќе биде прекинато од 15 до 30 октомври, додавајќи дека тој прекин не е поврзан со недостигот на батерии. Покрај трите фабрики во Франција, „Stellantis“ претходно веќе најави прекин на производството во траење од две недели во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино кон крајот на октомври, при што раководството наведе дека работниците ќе бидат испратени на неплатено отсуство. Компанијата го запре производството во таа фабрика и во август и во септември, наведувајќи како причина недостиг на компоненти за мотори, иако синдикатите тогаш истакнаа дека побарувачката за моделот „Fiat 500“ – кој се произведува во „Мирафиори“ – била послаба од очекуваното. Извор: Индекс.хрТагови: Stellantis Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11