2 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаДесетина случаи на семејно насилство само во последното деноноќие регистрираше МВРДесетина случаи на семејно насилство само во последното деноноќие регистрираше МВР. Случаите се пријавени во Скопје, Охрид, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп, Кавадаци и Велес. Уапсени се седум лица а со двајца е извршен разговор. Уште еден нов случај е пријавен во Вландово каде е уапсен 72 годишник кој физички ја нападнал сопругата но и полициските службеници. -Во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото. При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.- МВР. Случите со семејното насилство во последните неколку месеци е се повеќе актуелна откако во земјава беа регистрирани и неколку со смртни последици..ова праашње се најде и во собранието... пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска го прозва министерот Тошковски за зголемениот број на случаи и постапувањето на полицијата. -Добро е што жртвите се охрабруваат да пријавуваат ваков вид на кривични дела. Знаете дека во минатото имавме едно семејно насилство на територија на СВР Скопје неделно, сега имаме 2-3 пријави за семејно насилство дневно. Сакате да кажете дека пред година, две, три, пет немало семејно насилство, вие го откоренивте па сега се врати? Жртвите се охрабрени да пријават во МВР.изјави – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Еден од последните случаи со смртен исхо0д беше на почетокот од месецов во тафталиџе, во кој настрреадаа Ивана Јовановска и нејзината малолетна керка... обвинителството го товари нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски за наведување на самоубиство..тој е обвинет и за телесни повреди сторени како продолжено семејно насилство и загрозување на сигурноста. Судењето е закажано за 30 март. Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЕвропаПутин: Русија нема агресивни намери кон ЕвропаРусија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики. „Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Работни средби во Вашингтон.-Работни средби во Вашингтон.Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
КошаркаЕвролигата подготвува нови правила за претстојната сезонаЕдна од промените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут.Раководството на Евролигата официјално ги претстави измените на правилата што значително ќе влијаат врз динамиката на играта и судењето во претстојната сезона. Една од измените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут, кое сега започнува дури откако играчот ќе ги насочи рамената и топката кон кошот во напаѓачката половина. Следствено на тоа, контактот што настанува при нагло повлекување на топката на страна повеќе нема да се третира како прекршок при шут, туку како обичен прекршок, додека секое недозволено навлегување во зоната каде што доскокнува шутерот автоматски ќе се санкционира како флагрантен прекршок. Системот на санкции исто така претрпе значителни измени. Техничките прекршоци сега се поделени на две категории, при што само првиот тип влијае на исклучувањето од игра. Понатаму, претходниот „неспортски прекршок“ е заменет со „прекршок за прекинување на играта“ (за запирање на брз напад) и „флагрантен прекршок“ (за опасен или насилен контакт). Играчот ќе биде испратен во соблекувалната по добивањето на два технички прекршока од прва категорија, два флагрантни прекршока или комбинација од нив. Промените важат и за тренерите, кои ги задржуваат своите два „челенџа“ по натпревар, но сега се должни да користат барем еден пред последните две минути од регуларното време. Дополнително, тренерот се соочува со автоматска дисквалификација ако тој или некој член од клупата стапне на теренот и се меша во контранападот на противникот. Судиите повеќе нема да издаваат претходни опомени на играчите за неспортско однесување или паѓање; наместо тоа, тие веднаш ќе досудат техничка грешка, додека опомените остануваат применливи само за намерни тактики за одложување на играта. Нови правила во врска со физичките пресметки. Конечно, правилата во врска со физичките пресметки на теренот, официјалните протести поднесени до записничката маса и почетокот на периодите се ревидирани, додека посебните правила на Евролигата во врска со ограничената зона и специфичните ситуации со скокање остануваат непроменети.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook