Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
КултураДесетина наши автори на 12. Македонска книжевна визита во Софија Десетина реномирани македонски поети и писатели од сите генерации, од утре до 11 мај во Софија ќе бидат дел од 12-тото издание на „Македонска книжевна визита", чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија.Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е книгоиздателството „Макавеј", во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на Македонија. Како што информираат од Макавеј, годинашната „Дванаeсетта македонска книжевна визита" ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски романсиер, поет и публицист Димитар Башевски, за чие творештво ќе говорат македонскиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски и бугарскиот поет и преведувач Димитар Христов. Втората клучна содржина на манифестацијата е промоцијата на специјален двоброј на македонското книжевно списание „Книжевно житие",што е посветено на 25 современи бугарски поети. Најимпресивниот настан на визитата, како што посочуваат, ќе биде бугарско-македонскиот поетски митинг на кој ќе настапат искатнати пера на двете земји: академик Радован Павловски, Бојан Ангелов, Димитар Башевски, Димитар Христов, Зоран Анчевски, Николај Шопов, Бранко Цветкоски, Роман Кисјов, Санде Стојчевски, Иван Есенски, Драгана Евтимова, Иван Гранитски, Гоце Ристовски, Атанас Звездинов, Душко Крстевски, Петар Андасаров, Весна Ацевска, Надја Попова, Ѓоко Здравевски, Владимир Левчев, Диме Ратајковски и Кети Бозукова. Традиционално, и на оваа Македонска книжевна визита во Софија ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал" на бугарски автор-преведувач, кој значајно придонесол за афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е писателот, книжевен иследувач и и издавач Пламен Тотев, кој во својот опус има десетина книжевни и публицистички дела, a како сопственик на книгоиздателствата „Персеј" и „Изида" објавил и афирмирал дела од 20-тина македонски писатели на бугарски јазик. Според Макавеј, еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија е откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во таа смисла наградата „Македонски книжевен Дедал" која „Макавеј" ја доделува на секое издание од оваа манифестација придонесува да се оформи во изминатата деценија нова група квалитетни преведувачи (најчесто, истовремено и писатели) кои безрезервно ја согледале квалитетната и специфична мисија на македонската литература. -Меѓу најголемите нејзини афирматори се угледните современи бугарски писатели и преведувачи: Петар Караангов, Иван Гранитски, Бојан Ангелов, Елка Њаголова, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова, Петар Андасаров и др. Овие преведувачи, кои се и афирмирани автори на бугарската литература, заедно придонеле околу 60 дела од македонски автори во изминатата деценија да бидат пласирани и афирмирани на бугарската книжевна сцена, во копродукција на Макавеј со бугарски издавачи, наведуваат од Макавеј. Учесниците на манифестацијата и оваа година традиционално ќе го посетат и ќе положат цвеќе на гробот на Венко Марковски, еден од основоположниците на современата македонска литература и крупна фигура и на современата бугарска поезија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компириВо вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. мали компири 3 лажици маслиново масло 30 гр. путер 3 парчиња пилешки стек 4 лажици кечап 4 лажици мајонез 1 лажиче сол половина лажиче бибер малку рузмарин, лук во прав и магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook