Десетици загинати во терористички напад кај аеродромот во Кабул

Пред вчерашниот напад, последен пат американски војници беа убиени во Авганистан во февруари 2020 година.

Десетици лица загинаа, и најмалку 60 се повредени во напад на аеродромот во авганистанската престолнина Кабул – местото на веќе преполната операција за евакуација на луѓето кои се обидуваат да побегнат од Авганистан, кој е под контрола на Талибанците.

Една од експлозиите се случила на една од портите на аеродромот, а друга во блискиот хотел. Некои светски медиуми синоќа јавија дека дошло и до трета експлозија. Според некои извештаи, цел на третата експлозија во Кабул било возило на талибанците. Покрај тоа, имало и пукање во близина на аеродромот, но не е познато дали има жртви, ниту кој отворил оган.

Генералот Кенет „Френк" Мекензи, шеф на американската Централна команда соопшти дека во вчерашниот напад загинале најмалку 12 припадници на американската војска, а најмалку 15 биле повредени.

Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган.

Пред вчерашниот напад, последен пат американски војници беа убиени во Авганистан во февруари 2020 година.

Американското Министерство за одбрана потврди дека најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнеле во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул. По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече Мекензи.

Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак.

Во соопштението на Исламска држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Веднаш по нападот, американскиот претседател Џозеф Бајден одржа итен состанок со тимот за национална безбедност.

– Претседателот се состана со тимот за национална безбедност, на кој присуствуваше и секретарот Блинкен. Ќе продолжиме со целосното известување на претседателот за развојот на ситуацијата, така што врз основа на тоа ќе се донесе одлука за акција, соопшти Белата куќа. Други детали не беа обелоденети.

И британскиот премиер Борис Џонсон свика кризни преговори по големата експлозија на аеродромот во Кабул, соопшти неговата канцеларија.

Џонсон вети дека ќе ги продолжи напорите за евакуација од Авганистан по „варварскиот" терористички напад на аеродромот во Кабул.

Џонсон рече дека РАФ веќе им помогнал на „огромно мнозинство подобни лица да избегаат од талибанците" и додаде дека „ќе продолжиме да одиме нагоре до последен момент", бидејќи рокот брзо се приближува.

Министерството за одбрана соопшти дека засега нема информации за ранети, ниту жртви меѓу припадниците на војската или владата во Велика Британија.

Со оглед на хаотичната и напната безбедносна состојба во Авганистан, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги покани земјите со право на вето и членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на состанок посветен на кризата.

Според дипломатски извори, амбасадорите на САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција во понеделник треба да се сретнат со шефот на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата.

Не се објавени повеќе детали за целите на планираната средба. Портпаролот на Обединетите нации не сакал официјално да ја потврди информацијата, јави ДПА.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, го откажа патувањето во Израел викендов, поради кризата во Авганистан, со одлука објавена непосредно пред експлозијата кај аеродромот во Кабул, по предупредувањата за тероризам еден ден претходно.

ОСУДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Гутереш, преку неговиот портпарол Стефан Дујарик, остро го осуди нападот пред аеродромот во Кабул.

– Овој инцидент ја нагласува нестабилноста на ситуацијата на теренот во Авганистан, но исто така ја зајакнува нашата решителност додека продолжуваме да даваме итна помош низ целата земја за поддршка на авганистанскиот народ, напиша Гутереш на Твитер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најостро ги осуди „кукавичките и нечовечки напади на аеродромот во Кабул".

– Од суштинско значење е да се стори сè за да се осигури безбедноста на луѓето на аеродромот. Меѓународната заедница мора тесно да соработува за да избегне повторно оживување на тероризмот во Авганистан и пошироко, напиша фон дер Лајен на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди „ужасниот терористички напад" во областа на аеродромот во Кабул, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски.

– Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо, напиша Столтенберг на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека е „многу загрижен" по експлозијата на аеродромот во Кабул.

– Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, напиша високиот претставник на ЕУ на Твитер.

– Обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува од витално значење, додаде тој.

И Италија „најостро ги осуди" бомбашките напади на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул, напиша министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо на Твитер.

– Ниту еден Италијанец не е повреден во нападите во Кабул ... Изразувам сочувство до оние што го загубија животот и мојата солидарност со ранетите. Италија остро ги осудува нападите, напиша Ди Мајо.

Италија продолжува со евакуација на свои државјани од Авганистан со авиони.

Нападот го осуди и портпаролот на политичката канцеларија на талибанците во Доха, Сухаил Шахин.

– Талибанците најостро го осудуваат овој грозоморен инцидент и ќе ги преземат сите чекори за да ги изведат виновниците пред лицето на правдата, додаде Шахин.

Шахин потврди дека се случиле две експлозии.

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Вакво е секојдневието во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Колони возила, свирежи и нервозни граѓани. Огромниот сообраќаен хаос за влез во клиниките е најизразен во утринските часови.

Ова е проблем со кој се соочуваат граѓаните години наназад и движењето низ клиниките е исклучително отежнато.

-И покрај тоа што во Клиничкиот центар има паркинг, се чини дека тој не е доволен да ги собере сите возила. Дел од нив се паркираат и на лентата за возилата за Брза Помош.

А токму несоодветно паркираните возила дополнително го заглавуваат сообраќајот низ клиничкиот центар.

Луѓето што ги анкетиравме се разочарани за целиот сообраќаен хаос што се случува во клиничкиот центар. Велат – ем плаќаат паркинг, ем губат време, ем не завршуваат работа.

Клиничкиот центар во Скопје располага со над 900 места за паркинг, а нови 600 предвидува новиот детален урбанистички план кој во февруари годинава го донесе Општина Центар. Сепак, и ова е мала бројка бидејќи според провен ките дневно во Клинички влегувата околу 5000 возила.

Иако низ годините помпезно од речиси сите министри беа најавувани брзи решенија за надминување на хаосот на Клинички, досега ништо од ветеното не е реализирано.

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез

Државјанин на Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.

Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во дом во општина Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.

Едниот веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.

Двајцата се товарат за учество во криминална организација, кражба, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.

Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.

Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.

-Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот, соопштија од грчката полиција.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред над десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчки бродосопственик пред 15 години.

Најмалку 31 загинат и 20 ранети во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 31 лице, а 20 се ранети, соопштија денеска болницата Ал Акса и очевидци. 

Во соопштението на Цивилната одбрана се вели дека „тимовите на цивилната одбрана пронашле 31 мртво лице и 20 ранети лица во куќа на семејството Хасан кое било цел на израелските окупаторски сили во кампот Нусејрат“, додавајќи дека потрагата по исчезнатите продолжува.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции. /МИА

притисни ентер