Официјалните податоци објавени во мај покажуваат дека 60 луѓе починале низ Индија за три месеци како последица на екстремните горештини, јавува Би-Би-Си.
Официјални лица велат дека Индија е среде најдолгиот топлотен бран досега, со температури во некои области кои надминуваат 50 степени Целзиусови.
Делови од северна Индија се погодени од екстремни горештини од средината на мај, а температурите се движат меѓу 45 и 50 степени Целзиусови во неколку градови.
Некои делови од земјата се исто така погодени од недостиг на вода, а до крајот на мај 33 луѓе загинале поради ефектите од екстремните горештини во сојузните држави Бихар, Утар Прадеш и Одиша.
Монсунот, кој го погоди јужниот брег на Индија во државата Керала на 30 мај, се очекува да донесе олеснување бидејќи се очекува да се прошири во северните делови на земјата во наредните денови.