Десетици електрични автомобили завршија на депонија , причината е чудна (ВИДЕО) - Канал 5

Десетици електрични автомобили завршија на депонија , причината е чудна (ВИДЕО)

Никој не очекувал ваков неславен крај на десетиците електрични автомобили.

Десетици електрични автомобили завршија на депонија , причината е чудна (ВИДЕО)

На видеото се прикажани десетици електрични автомобили фрлени на депонија. Но, за да ја разберете оваа приказна, треба да се вратите неколку години наназад.

Во 2015 година, Индијанаполис иницира лансирање програма за автомобили, што предвидувало поделба на флотата на електрични автомобили. Приватен инвеститор го започнал проектот BlueIndy, кој според некои извори вредел 50 милиони долари. Градот учествувал со 6 милиони долари, а компанијата Индијанаполис Елемент и Лејт се вклучиле со вредност од 3,7 милиони долари за поставување на фабриката за полначи. Вкупно 282 автомобили влегле во програмата, а 90 станици за полнење им биле достапни . Планот на крајот бил да има 500 автомобили и 200 станици за полнење.

Звучи одлично, но сè уште не заживеа. Имено, немало интерес. Програмата ја користеле 3.000 луѓе, а станува збор за урбана област со 875.000 жители. Затоа, не е изненадувачки што по помалку од пет години, програмата била затворена. Минатата година, кога го објавиле крајот на проектот, BlueIndy објави дека околу 11.000 корисници направиле 180.000 возења за четири години.

Возењето по 20 минути чинело 8 долари и 40 центи за секоја дополнителна минута. Била понудена и претплата од 9,99 долари месечно, во кое време стапката за изнајмување била пониска за 50%.

Многумина се прашуваа што се случи со убавите електрични автомобили и полначите. Дел од автомобилите биле пронајдени во депонија, а според WHTR, истата судбина веројатно ја чека и целата флота.

„Некои автомобили со оштетување навистина завршија во ѓубре, и тоа откако батериите и клучните компоненти беа претходно отстранети“, изјави Џејмс Делгадо за „ Blue Systems “.

Исправните возила, наводно, се чуваат во магацин и потоа ќе бидат транспортирани во Лос Анџелес, каде функционира таква програма за споделување автомобили. Отфрлените батерии за автомобили ќе се користат за други проекти. Што се однесува до станиците за полнење, конечната одлука за нивната судбина сè уште не е донесена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија.

СДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!

Фројд вели: Ако личност која самата мами, лаже или манипулира постојано, ги обвинува другите за измама, лажење или манипулација, фројдовски би можело да се каже дека таа личност ја ослободува од себе сопствената неприфатлива содржина и ја препознава во другиот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија. Рече дека кај опозицијата „работи Фројд“ и дека ние мислиме дека сите се однесуваат како што се однесувале претходните власти - лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги граѓаните.

Што би рекол Фројд за Мицкоски?

Фројд би рекол дека станува збор за класична проекција.

Кога некој постојано зборува за тајни зделки, а истовремено тврди дека „ништо не правиме тајно“, кога најавува преговори со „голема мултинационална компанија“ без да каже која е, кога ја поврзува изградбата на гасни централи директно со дата-центри, а претходно со месеци ја криеше суштината на проектите - тоа е проекција на сопствениот начин на работа.

Фројд би го објаснил ова и како механизам на самоодбрана наречен одрекување.

Мицкоски тврди дека сè ќе биде јавно и транспарентно, а во исто време признава дека преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и дека една од нив е голема мултинационална компанија - но името, условите, количините на струја и вода што ќе ги трошат, локациите и гаранциите за граѓаните остануваат зад завесата.

Ова не е стратегија за развој. Ова е обид да се прикрие дека и овојпат се работи за истиот модел: ресурсите на државата (струја, вода, земја) да се стават во функција на странски интереси, додека домашните граѓани остануваат без одговори - исто како што останаа без одговори за Гостивар, за загадените реки, за анализите што никој не ги потпишал.

Мицкоски зборува за вештачка интелигенција, Nvidia, Amazon и SpaceX, а заборава да каже дека Македонија нема ниту основна енергетска стабилност, ниту јасни гаранции дека дата-центрите нема да ја исцрпат водата и струјата што им се потребни на граѓаните.

Фројд би рекол уште нешто: кога човек постојано ги обвинува другите дека лажат и крадат, а самиот одбива да даде конкретни имиња, договори и анализи - тоа не е само проекција. Тоа е признание.

СДСМ бара целосна транспарентност:

• Која е мултинационалната компанија?

• Кои се условите?

• Колку мегавати и колку вода се предвидени?

• Кои локации и под кои еколошки стандарди?

• Кој ќе гарантира дека граѓаните нема повторно да платат за туѓи профити?

Додека овие прашања остануваат без одговор, приказните за „јавност и транспарентност“ се само уште една проекција.

Граѓаните заслужуваат факти, а не психолошки игри на Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност

Нема подобри резултати во работата на Јавното обвинителство во 2025 година, иако бројот на обвинители бил зголемен за речиси 10 проценти. 

Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност

Ова го констатира самото Јавно обвинителство во годишниот извештај за работата кој пред собраниската комисија за политички систем го презентираше обвинителот Златко Биковски наместо државниот обвинител Ненад Савески кој поради работни ангажмани бил спречен да присуствува на седницата.

-Дали сме ја подобриле перцепцијата за довербата, мислам дека е подобрена но не е на нивото кое што треба да биде и далеку од тоа што било. Тоа е рак рана за сите нас, најмногу нас не боли и се вложуваат максимални напори да се надминат тие состојби. Дали може тоа да се направи за кратко време, нема да може. Тоа е изнесено во извештајот дека се должи на повеќегодишно занемарување во извршувањето на функцијата на јавните обвинители.Не дека тие не работеле, туку недоволно работеле,- изјави – Златко Биковски – Обвинител во ЈОРМ.

Искреноста во извештајот за слабостите во функционирањето на обвинителствата беше пофалена од дел од пратениците но и повод за кавги околу процесуирање на некои од предметите.

-Како тоа сега кога се смени власта во 2024 година за две и пол години не можете да процесуирате ниту еден случај. Два случаи на организиран криминал имате каде што во прашање се високи функционери. Двата се против функционер од ВМРО ПДМНЕ и СПМ. Вие немате се уште против функционери од СДСМ,- изјави – Малиша Станковиќ – Пратеник.

-Каков е овој начин на разговор овде во собранието. Треба да има боја тој што е виновен? Или вие правите така – абе дајте ни луѓе, ги чекаме две години да ги затворите! Треба да зборувате за ефикасност за тоа што треба да направат а не од која политичка партија треба да затворат за вие да бидете задоволни,- изјави – Соња Мираковска – Пратеник од НСДП.

Недостигот на јавни обвинители и потребата од пополнување на испразнетите места како главните проблеми во обвинителството беше посочен и во извештајот за работата на Советот на јавните обвинители кој го презентираше претседателот на ова тело Башким Бесими.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно

Завршен е стручниот надзор со родилката од Струмица која по пораѓајот останала во инвалидска количка, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. 

Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно

Резулатите од стручниот надзор се уште не се за јавност, потенцира Клековски кој сака да ја посети прво 19 годишната Станка Михајлова во болница.

Роднините на Станка за Канал 5 објснија дека таа е на лекување во болницата за рехабилитација Козле, засега лекувањето го плаќаат и се уште не го добиле извештајот од стручниот надозр на комисијата формирана од министерството за здравство, каде освен домашни лекари специјалисти по неврологија,анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија имаше и експрети од надвор.

Семејството на 19 годишната родилка од струмичко Баница реагираа дека жената по царски рез во штипската болница не можела да оди.

Според информации до кои дојде Канал 5 е дека имало пропусти во целата процедра, во делот на препраќање на пациентката во штипската болница бидејќи во струмичката болница не бил повикан анестезилогот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер