Десетгодишно дете повредено на ногата поради напад од бездомно куче

Во Тетово десетгодишно дете е повредено од бездомно куче, а неговата мајка на социјалните мрежи објави фотографија од раните на ногата. Инцидентот се случил вчера во 18.30 часот, додека еден час подоцна, случајот е евидентиран и во СВР Тетово.

- На 29.03.2024 во 19.30 часот во СВР Тетово З.И.(45) од Тетово пријавил дека на ул. „Бане Стефановски“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираше МВР.

Мајката Весна образложи дека детето играло пред детска градинка.

- Му се пуштиле шест улични кучиња, едно го каснало. Паднал, се влечел и викал помош. Фала на тие што дошле и му помогнале. Пред некој ден кучиња го нападнаа другар му Јаков, пред тоа и другар му Марко, а и уште куп баби, тетки, мајки … Што стана од градов, вели во написот мајката Весна Илиќ.

Револтираната мајка на Фејсбук освен што ја опиша случката, повика Општина Тетово како приоритет да ги има безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

- Господине Билал Касами и сите останати надлежни Општина Тетово, приоритет треба да ви е безбедноста и благосостојбата на вашите граѓани! Во овој град нè јадат кучиња, дишиме отров, ѓубре на секоја страна, нема зеленило, нема деца кај да си играат, не е безбедно да се движиш … ужас! Во овој град граѓаните не живеат, преживуваат!, -Ќе преземете ли нешто да ни овозможите достоен живот?? Слушам ќе се протестирало за кучето што паднало, а за каснативе деца ќе се протестира?? Јас сакам кучиња, чувам едно дома, но ако се опасни и небезбедни по околина, треба да се реагира, исто како некој опасен човек да шета низ градот – него одма ќе го апсите, ама кучињата имаат посебни права!??? Не не интересира дали немате тендер, дали немате место кај да ги чувате, соберете кучињава одма и дајте да шетаме слободно, без страв … или ние граѓаните ќе сме оставени и принудени да се штитиме како знаеме?!!!, вели мајката.

Во Тетово во мај 2023 година заврши последниот тендер со кој на невладина организација и беше овозможено да ги третира бездомните кучиња. На почетокот на март годинава, градоначалникот Касами се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот. Месецов голем број пријави се бележат во СВР Тетово поради повреди добиени по напади од бездомни кучиња.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер