Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
1Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
Шоу бизДесетгодишната ќерка на Бијонсе понуди на аукција 80.000 долари за обетки, снимката е хит Најстарата ќерка на музичкиот пар Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви Картер, понуди 80.000 долари за дијамантските обетки на Лорејн Шварц на хуманитарната аукција Wearable Art Gala во Лос Анџелес.На Твитер се прошири видео од девојчето кое нуди 80.000 долари за обетките. Многумина присутни на церемонијата биле изненадени кога ја виделе Блу Ајви како станала и дала до знаење дека сака да учествува на аукцијата. Водители биле Тина Ноулс-Лосон, која е и баба на Ајви и водителката Кеке Палмер. И двете биле изненадени од она што го виделе. Тина се насмеала кога ја здогледала внуката и многумина сега ја коментираат нејзината реакција на Твитер. Keke Palmer, Tina Knowles, and Quinta Brunson react to Blue Ivy bidding higher than $80k at last night’s Wearable Art Gala auction. pic.twitter.com/ti4Elt6zqj — Pop Crave (@PopCrave) October 23, 2022 Инаку, Блу Ајви сепак не ги добила обетките за кои понудила пари. Моник Родригез, основач на Mielle Organics, дала победничка понуда од 105.000 долари. Но, ова не е прв пат малата Ајви да сака да учествува на аукции. Во 2018 година, кога Ајви имала само шест години, понудила 19.000 долари за акрилна слика на младиот Сидни Поатје. Богатството на Бијонсе се проценува на 426 милиони долари, додека на Џеј Зи на 1,1 милијарда долари. Нивните деца, особено Блу Ајви, цел живот се во центарот на вниманието. Магазинот Тајм ја прогласи Ајви за најпознатото бебе во светот само два дена по нејзиното раѓање. Блу Ајви веќе тргна по стапките на нејзините родители. Таа соработувала со нејзината мајка на песната Brown Skin Girl, која освои Греми за најдобро музичко видео. Ова ја направи Ајви вториот најмлад добитник на Греми во историјата. Таа е исто така заслужна како текстописец и придонела со вокал за песната на албумот на нејзината мајка, The Lion King: The Gift. Блу Ајви, исто така, станала најмладиот добитник на MTV VMA наградите за 2021 година за музичкото видео за Brown Skin Girl.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
ЗдравјеЕве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафеШтом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода. Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот. Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот. Спас за желудникот и варењето Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт. Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика. Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење. За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата. Златно правило на хидратација Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци). Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter. Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил. Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град. „Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми. На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат. Според него, фондот моментално има околу 275 долари. Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне. Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.Тагови: дрон минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син. Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче. Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“. Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство. Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето. „Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата. Foi sepultado, na manhã desta segunda-feira (5), o corpo de Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, que morreu após ser atingida por um raio em Almas, no Tocantins. Segundo testemunhas, a jovem estava no quintal de casa quando começou uma chuva leve, acompanhada de raios. Após ser atingida pela descarga elétrica, Ana foi levada a um hospital, mas não resistiu. Estudante de fisioterapia, ela havia sido coroada Rainha de Rodeio do município neste ano e deixa um filho. ➡️ Veja essa e outras notícias do #HojeEmDia em https://t.co/obAYNpXpFV — Hoje em Dia (@hojeemdia) October 5, 2026 Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство. „Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела. 🖤LUTO🖤 | Rainha do Rodeio de Almas, Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, morre após ser atingida por raio no Tocantins. https://t.co/XEXNjKGUcx — FUTRIKEI (@futrikeiof) October 4, 2026 Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство. Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.Тагови: гром родео Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter