Десет лица осомничени за фалсификување документи за потрошувачки кредити

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, по поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи.  

Отворена е истражна постапка за десет лица осомничени дека со фалсификување документи за потрошувачки кредити ја оштетите прилепската филијала на Комерцијална банка ад Скопје. На седум лица им е одреден притвро, а за тројца се изречени мерки на претпазливост.

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, по поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи. Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената Комерцијална Банка ад Скопје – филијала Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.

-Петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на другите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје, информираат од Обвинителството.

Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000 денари и еден во висина на 1.399.954 денари.

Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството е прифатен и судот на седуммина осомничени им определи мерка притво, додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост, се вели во соопштението./МИА

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер