Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили - Канал 5

Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили

 Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници

Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили

Изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.

– Имало тешка пневмонија, мозочно крварење, рече Микиќ и апелираше дека малите сипаници се навистина сериозно заболување и претставуваат повеќесистемско заболување и може да ги нападнат сите органски системи и системот за дишење и централниот нервен систем, интестинален систем…

Нагласи дека во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

-Се уште се одржува висока активност на вирусот на морбили. Очекуваме доколку се зголеми бројот на вакцинираните особено кај претшколските деца надвор од Македонија дека оваа бројка ќе почне да се намалува. Повеќе од три четвртини од новопријавените случаи се невакцинирани, а најголем број се деца, значи половина се деца на возраст до четири години, но има и висок број на регистрирани случаи кај повозрасните групи односно кај лица на возраст над 30 години, рече д-р Микиќ.

Тој додаде дека во однос на возрасната дистрибуција повеќе од 217 се деца на возраст под една година. Посочи дека оваа недела има зголемување на бројот на вакцинирани деца. Минатата недела биле вакцинирани повеќе од 500 деца во Скопје, а повеќе од 50 отсто споредено со минатата недела биле вакцинирани во другите градови.

-Се уште сме далеку од онаа бројка што сакаме да ја постигнеме односно повеќе од 95 отсто опфат на вакцинирани деца надвор од Скопје затоа што во Скопје речиси ја достигнавме онаа посакувана бројка на вакцинирани деца и имаме само помалку од 3.000 невакцинирани деца. Вкупно треба да се вакцинираат уште 19.926 деца од кои во Скопје се 2.900, а останатите 16.000 се во другите градови, истакна д-р Микиќ и додаде дека од кога е почната теренската вакцинација до сега вкупно се вакцинирани 22.930 деца од кои 13.375 се од Скопје, а 9.555 се во другите градови./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер