Деребан: Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен - Канал 5

Деребан: Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен

-Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен, со заклучок да биде доставен на мислење до ЕК.

Деребан: Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен

Законот за судски совет ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен, меѓутоа како претенденти за членство во ЕУ имаме обврска и со заклучок на Владата е задолжено Министерството за европски прашања законот да го достави на мислење до Европската Комисија по однос на имплементирање на препораките кои ги добивме од Оценската мисија, изјави заменик министерот за правда Ален Деребан.

Законот, како што посочи заменик министерот Деребан, е дел од сетот законски реформи во правосудниот систем со рок до јуни годинава, а за којшто добивме дополнителен грејс период од една година поради објективни причини.

- Законот беше изработен од работните групи формирани од МП, беа одржани пет јавни расправи од кои четири на подрачјето на сите апелациски судови. Законот беше преведен и испратен до Венецијанската комисија, беа добиени препораките и истите беа инкорпорирани и имплементирани во законското решение. Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен законот, меѓутоа како претенденти за членство во ЕУ имаме обврска и со заклучок на Владата е задолжено Министерството за европски прашања законот да го достави на мислење до Европската Комисија по однос на имплементирање на препораките кои ги добивме од Оценската мисија. Очекуваме во брз период откако ќе биде пратен да биде доставен до нас, заедно со одредени евентуално забелешки, кои повторно ќе бидат надоградени во законските решенија со истите и веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура, изјави Деребан, одговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Европскиот ден на правдата во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Во однос на огласот од Собранието за избор на нов член на Судски совет, Деребан рече дека во моментов имаме важечки закон за Судски совет и согласно истиот претседателот на Судскиот совет е должен најрано три месеци пред истекот на мандатот на членот избран од Собранието да го информира Собранието, а Собранието има обврска во законски пропишан рок да распише оглас.

- Во моментов сите органи и институции се должни да ги почитуваат важечките закони, без разлика во која фаза на донесување се новите закони, кои се дел од реформската агенда, меѓутоа, необлигаторно но требаат и очекувам да ги имаат предвид при изборот и критериумите коишто се содржани во новото законско решение, а кои се дел од препораките на Оценската мисија, изјави Деребан.

Во однос на другите закони кои се дел од пакетот на реформската агенда, Деребан рече, дека изминатата година МП интензивно работело на овие реформски закони и дека во следниот период се планира да се донесе и новиот Кривичен законик.

- Заради надминување на проблемот со скандалозните измени на Кривичниот законик, направени од минатата влада во 2023 година, се работи и на новиот Кривичен законик. Меѓутоа, треба да имаме предвид дека актуелниот Кривичен законик е донесен во 1996 година и трпел десетици измени во неговото постоење. Се вршеле инкриминации со други специјални закони, така што на овој законик се работи интензивно веќе пет години. Ние бевме принудени да имплементираме и други нови европски директиви кои беа донесени и тој процес кога ќе биде завршен, повторно имаме обврска да го доставиме на мислење до ЕК и ќе работиме на донесување на тој закон, изјави Деребан.

Прашан дали Министерството за правда учествува во анализите за законските измени за финансиска независност на правосудството, Деребан рече, дека МП прави компаративна анализа и еден од тие закони е Законот за јавно обвинителство, којшто, како што нагласи, веќе беше испратен на мислење и беа добиени препораки од Венецијанската комисија и Законот за судскиот буџетски совет, кои се во финална фаза. Работните групи, како што посочи, работат на тие закони и очекуваме во скоро време да пристапиме кон нивно донесување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер