Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
КошаркаДерби во Истанбул за крај на полуетапата во ЕвролигатаВо кошаркарската Евролига денеска и утре на програмата се дуелите од 15. коло со кои ќе биде комплетирана првата полуетапа.Дербито ќе се игра во Истанбул, каде во реприза на полуфиналето од Фајнал-форот, актуелниот шампион Фенербахче го пречекува мадридски Реал. Иако гостите од Мадрид се на шестата позиција на табелата и имаат бројни проблеми со повредени играчи, сепак предводени од младиот словенечки талент Лука Дончиќ, на последните три средби забележаа победи. Шампионот Фенербахче игра променливо, а на последните три натпревари има два порази, па затоа е на 4. место на табелата со две победи помалку од лидерот ЦСКА Москва (11 победи 3 порази). - Ќе играме против тим кој игра добра кошарка и покрај повредите. Иако се судрија со проблеми, сепа најдоа начин како да ги надминат и играат во добра форма. Ние, по нашата многу патрипа против Макаби, ќе мораме да одиграме многу подобро, особено поради фактот што играме пред нашата публика. Сакаме, со победа да им ја честитаме Новата Година на нашите навивачи, изјави тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ Дебито меѓу Фенербахче и Реал Мадрид ќе се игра попладнево во терминот од 18 часот и 45 минути. Во останатите три денешни натпревари ќе се сретнат Жалгирис - Олимпијакос, Макаби - Уникаха и Валенсија - Панатинаикос. Утре на програмата се преостанатите четири натпревари./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки. Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци. На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот. Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата. Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат. Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДржавниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во БукурештНа 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа. На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација. Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал. Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар. Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал. Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.Тагови: Сашо Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter