За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
1За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
ЗдравјеДепресијата не е само тага – Психичките нарушувања не смеат да бидат табу тема!Препознавањето на суптилните симптоми на депресијата е клучно за навремено барање помош и успешно закрепнување. Депресијата е многу повеќе од чувството на тага како одговор на тешкотиите и неуспесите, таа е сложена медицинска состојба, која го менува начинот на размислување, емоциите и функционирањето во секојдневниот живот. Додека некои луѓе ја опишуваат како „живот во црна дупка“, други се чувствуваат безживотно, празно и апатично. Депресијата не е знак на слабост на карактерот, таа е сериозна болест предизвикана од комбинација на генетски, биолошки и психолошки фактори, а нејзините симптоми можат да траат со недели или месеци, сериозно нарушувајќи го работниот, социјалниот и семејниот живот. Накратко, депресијата е постојана состојба која бара лекување. Најчести знаци на болеста Еден од најраните и најчести психолошки знаци е губењето интерес и задоволство во активностите што некогаш ви давале радост. Хобито, дружењето со пријатели, па дури и интимниот однос повеќе не носат радост. Ова чувство на празнина често е придружено со упорно лошо расположение, чувство на безнадежност и беспомошност, како ништо да не може да се подобри и ништо не може да се направи за подобрување на ситуацијата. Тешкотии со концентрацијата, меморијата и донесувањето одлуки се исто така чести, што ги отежнува дури и наједноставните задачи. Во потешки случаи, може да се јават и самоубиствени мисли. Физички симптоми на депресија често се првите забележливи знаци, иако ретко се поврзуваат со менталното здравје. Хроничниот замор и недостатокот на енергија, така што дури и станувањето од кревет изгледа како голем напор, се класични знаци. Нарушувањето во спиењето е исто така често, и може да се манифестира како несоница (или будење во раните утрински часови) или прекумерно спиење. Значајните промени во апетитот и телесната тежина се исто така алармантен сигнал. Многумина доживуваат и необјаснета физичка болка, како што се главоболки, болки во грбот, болки во мускулите или лошо варење за кои нема јасна медицинска причина. Телото во депресија станува бавно, што може да се манифестира и преку побавен говор или движења. Некои луѓе, особено мажите, може да покажат раздразливост, лутина, па дури и да се вклучат во ризични однесувања како што се злоупотреба на алкохол или компулсивно коцкање. Промените во однесувањето се најочигледни за луѓето од околината на засегнатото лице. Социјалното повлекување и избегнувањето контакт со пријателите и семејството се еден од најтипичните знаци. Лицето кое е нормално дружељубиво одеднаш претпочита осаменост и ги занемарува своите хобија и интереси. Проблемите во функционирањето дома и на работа стануваат сè поизразени. Занемарувањето на личната хигиена исто така може да биде знак дека лицето се бори со тешки симптоми. Кога да побарате помош? Депресијата не се манифестира исто за секого. Симптомите можат да варираат во голема мера во зависност од возраста и полот. Кај децата и тинејџерите, заедно со тагата, често се јавуваат раздразливост, лутина, слаб успех во училиште и повлекување од друштвото. Мажите имаат помала веројатност да признаат чувство на безнадежност, а почесто се жалат на замор, проблеми со спиењето и покажуваат агресија. Жените често доживуваат чувство на вина, се прејадуваат и спијат прекумерно. Кај постарите лица, симптомите можат да бидат маскирани како проблеми со помнењето, физичка болка или општа апатија, поради што болеста често се дијагностицира погрешно. Ако забележите дека вие или некој ваш близок доживува некои од горенаведените симптоми повеќе денови, недели... важно е да се обратите за помош. Првиот чекор е да разговарате со матичен лекар, кој потоа ќе ве упати кај психијатар. Третманот зависи од многу фактори, па затоа е важно да бидете отворени со лекарот и да ги откриете деталите за да може да ја земе анамнезата и да даде соодветна терапија. И за крај, запомнете, депресијата е болест што може да се излечи, а третманите како што се психотерапијата, лековите или комбинација од двете можат значително да го подобрат квалитетот на живот. Не борете се сами - барањето помош е знак на сила и прв чекор кон закрепнувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter