Депардје со свое сведочење во судскиот процес за сексуален напад - Канал 5

Депардје со свое сведочење во судскиот процес за сексуален напад

Францускиот актер Жерар Депардје денеска сведочи во судската постапка против него поради обвинувањата за сексуален напад, објавија француските медиуми.

Депардје со свое сведочење во судскиот процес за сексуален напад

Одговарајќи на наводите за напад на две жени на снимањето на филмот „Зелени ролетни“ (Les Volets Verts) во 2021 година, познатиот француски поранешен кандидат за „Оскар“ рече дека судењето било „многу емотивно“ за него и дека нема да се крие, иако му е тешко. За време на неговото сведочење, Депардје негираше каква било вина, иако призна и неговото однесување е доживувана како „вулгарност“ од некои луѓе.

- Секогаш ми велеа дека имам „руска“ природа - не знам дали тоа е поради пиењето или вулгарноста, рече Депардје.

Тој е обвинет за непристојно допирање на 54-годишна сценографка и 34-годишна асистентка на режија, за време на снимањето на филмот. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до пет години и парична казна од 75.000 евра.

Поради популарноста и влијанието на Депардје (76) врз француската филмска индустрија, неговото судење се смета за важен тест за подготвеноста на Франција да се соочи со сексуалното насилство и барањето одговорност од влијателните мажи. Судењето првично беше закажано за октомври 2024 година, но беше одложено поради здравствената состојба на Депардје.

Неговиот адвокат Жереми Асус потврди дека глумецот имал четирикратен бајпас на срцето и дека тој боледува од дијабетес.

Ова е прво судење на Депардје по обвиненијата за сексуален напад. Околу 20 жени досега го обвинија за недолично однесување, но ниту еден случај не стигна до Судот, пред сѐ поради недостаток на докази или застареност на случаите. Тој сè уште е под истрага за обвиненијата за силување во 2020 година, кога актерката Шарлот Арно го обвини дека двапати ја нападнал во Париз во 2018 година, кога таа имала 22, а тој 70 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Менкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права

„Во ЕУ ќе не стават на брз воз, ним им треба пазар, не им требаме ние“

Менкиноски: Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права

Сметам дека односите со Бугарија се взаемни и Македонската Влада нема ништо против Бугарија и дека не прави ништо што би ја повредило Бугарија и обратно. Мислам дека има недостаток на комуникација и тоа 35 години наназад. Односите Македонија -Бугарија се исти како и односите со соседните држави и мислам дека нам сакаат да ни го стават епитетот дека сме со Србија, а ние сме независна држава и како такви можеме сами да одлучиме со кого ќе комуницираме. Нема Македонија ништо против Бугарите, можеби се лути врз основа на бугарската политика но како народ еден спроти друг -не.

Оваа Влада бара легитимна работа од Бугарија, да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Да ги почитува само одлуките, нешто што може секоја Влада да го бара 46 држави кои што се во Совет на Европа, ништо повеќе, ништо помалку. А може да оди и чекор понатаму. Да поднесе тужба до ЕСЧП да се исклучи Бугарија од Совет на Европа, но го прави тоа и сфатете го тоа како една добра намера.

Имав и отворено писмо со кое му се обратив на Министерот Муцунски со: -„Доста трпение -спасение! Дајте акција, дајте дејствија, дајте некој глагол и сработете нешто. Имате право да поведете постапка пред Совет на Евопоа против Бугарија, направте го тоа“!

Ние имаме генерален проблем со институциите, може да имате добар Министер но правецот на давање совети и креирање стратегии е во погрешен правец. Во ЕУ ќе не стават на брз воз, ним им треба пазар, не им требаме ние. Ние имаме кинески капитал кој влегува од секаде. Македонската политчка елита треба да ни каже каде оди оваа држава, вели Тони Менкиноски во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зиков: Во суштина земете го изборниот модел во Македонија какви партии произведува

„Ќе го покажеме како лидери капацитетот и ќе ги имаме најдобрите луѓе околу нас, не може лидерите и од власта и од опозицијата да се кријат од клучните прашања за реформите“

Зиков: Во суштина земете го изборниот модел во Македонија какви партии произведува

Главната дебата во Македонија требаше да биде носењето нов изборен закон. Нам ни треба да падне Влада ако не биде, а не да стои и ништо да не прави 4 години, не зборувам за оваа Влада туку генерално. Од друга страна кога ќе ги земете партиите како системи кои што во суштина не се демократски во себе, во суштина земете го изборниот модел во Македонија какви партии произведува. Тоа се деспот партии каде што лидерот си го прави тимот, прв концентричен круг четворица, втор -петмина, трет -петнаесетмина. Народод ако за нешто треба да излезе на улица, не треба за ЕУ во оваа фаза, ниту за стандард, туку за промена на изборен модел. Граѓаните треба да побараат нов начин на избор на полтичари во Макеоднија. Ние не можеме да чекаме политичката елита сама на себе да си пресуди. Можеби со притисок од надвор тоа да се реши -но, не гледам таков притисок, тоа што вели г-динот Рокас е дека тој се надева дека ќе се случи, но, колку е тоа притисок од надвор. Меѓународната заедница многу пати докажа дека и се допаѓа овој изборен модел во Македонија - не се замара. Г-динот Мицкоски е сега премиер, си го имаат Венко Филипче од другата страна како главна опозиција, па си имаат две опозициски партии - не е биполарност туку е кватрополарност со две Македонски и две Албански партии. Се договараат четворица и тоа во Клуб на Пратеници, а не во Собрание или во Влада, си разговараат вонинституционално и ги решаваат тие работи, јавноста не е вклучена.

На ВМРО-ДПМНЕ не и одговара за тоа што кога имаш 6 изборни единици како сега помалку или повеќе правиш избори како во 6 држави, имаш 6 посебни листи и ти ги контролираш тука луѓето, тоа ти е кабинетот партиски. Ставаш тука луѓе и имаш ваму малку семејно насилство, малку плаќање со пари и тоа се бандажира.

На опозицијата не и одговара, затоа што се појавува Игор Ивановски Шема и се прашувам уште колку „шеми“ ќе се појават ако има една изборна единица и отворени листи. Ќе се појават повеќе листи, не само една како што му се припојавува вака на Венко. Немам ништо против на различно мислење, но верувам дека секој добронамерник би го кажал истото -ќе го покажеме како лидери капацитетот и ќе ги имаме најдобрите луѓе околу нас. Не може лидерите и од власта и од опозицијата да се кријат од клучните прашања за реформите, или да се плашиме дека некој ќе ни го земе местото кај што сме, вели Љупчо Зиков во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Том Холанд го поканил Халанд на дружење, фудбалерот го игнорирал

Актерот Том Холанд откри дека норвешката фудбалска суперѕвезда Ерлинг Халанд го игнорирал откако му испратил порака со која го поканил на дружење.

Том Холанд го поканил Халанд на дружење, фудбалерот го игнорирал

Холанд, за време на гостувањето во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ во понеделник, рече дека Халанд не одговорил бидејќи наводно немал поим кој е.

„Искуство за приземјување“

Водителот го праша Холанд за виралниот твит во кој се тврдеше дека спортистот го игнорирал, што актерот го потврди. „Да, му пратив порака и дозволете ми да ви кажам нешто. Тоа е едно од тие искуства за приземјување и тоа е важно за актерите“, се пошегува Холанд.

„Мислите: „Ќе му пишам порака. Ќе го однесам на вечера“. Но, нема одговор. Нема извинување. Дури ни порака како: „Зафатен сум вечерва, играм фудбал“. Апсолутно ништо“, додаде актерот.

Обид за контакт во Монако

29-годишниот актер откри дека идејата да го контактира 25-годишниот Халанд ја добил минатиот месец откако го видел на Големата награда на Монако во Формула 1. „Тој беше во ВИП ложата веднаш спроти мене. Помислив, ќе си ја пробам среќата и ќе му испратам порака. Никогаш не сонував дека ќе зборувам за тоа на телевизија во живо. Но, еве нè“, рече тој.

Кога го прашале дали сè уште би сакал да вечера со Халанд, ѕвездата на „Спајдермен“ на шега одговорила: „Не мислам дека би сакал да вечера со мене по тој ден“, алудирајќи на неодамнешниот пораз на Норвешка од Англија на Светското првенство. И покрај тоа што го игнорираше, Холанд го нарече Халанд „неверојатен“ и „апсолутна легенда“.

Ѕвезда на Светското првенство

Халанд стана најголемата ѕвезда во подем на Светското првенство во 2026 година. Покрај импресивните движења на теренот, фудбалската ѕвезда стана и вирална сензација поради неговата фризура позната како „викиншки стил“ и неговата колекција чанти Биркин вредни стотици илјади долари. Минатиот месец, дури и актерот Ченинг Тејтум се облече како норвешкиот напаѓач, придружувајќи се на толпата навивачи кои го носеа неговиот дрес и долга руса перика.

Халанд е познат и по својата опуштена и разиграна личност, што е во целосен контраст со неговиот импозантен изглед и репутација како „машина за постигнување голови“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер