Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСудење за убиствата на Вања и Панче: Осомничените се подготвувале за убистватаЧетворицата обвинети за двојното убиство на Вања и Панче, според доказите на Обвинителството од надзорните камери од дворот на куќата на Велибор Манев се подготвувале за извршување на убиството на Жежовски. Според обвинителството, Љупчо Палевски, Влатко Кешишев и Боре Видевски пристигнуваат во куќата на Манев, а потоа со црни слушалки на уши, микрофони и радио станици пеш се упатуваат кон куќата на Жежовски. Утредента околу 6:30 часот тие повторно се упатуваат во истиот правец, а Реното Кангу повторно се забележува во дворот на манев во 13:38 минути, што според Обвинителството се поклопува со периодот на убиството на Жежовски.. Според Обвинителството видео-снимките откриваат и детали за наводниот прв обид за грабнување на Вања на 24.11.2023 година, кој не се случиил поради метеж во сообраќајот. На снимките во дворот повторно се гледа Реното Кангу од кое Манев вади две лопати, а во багажот става предмет што наликува на сина вреќа за спиење. Три дена потоа според обвинението Вања е грабната врзана во вреќа за спиење и потоа убиена. Во судот се обрати Палевски, кој вели оти на снимките не се препознал себе си. Реагираше дека тие не се веродостојни, а датумот бил изманипулиран. Тој тврди дека последен пат со обвинетите се видел на 5 мај 2023 година. И неговиот адвокат Јовица Страшевски смета дека на снимките лицата не биле конкретно прикажани , додека обвинителството тврди дека се јасно видливи. - Едно е да наликува лик друго е да го покажат дека тој е тој, едно е да го утврдиш друго е да мислиш дека тој е тој, Обвинителството до ден денес не покажа таква работа и напротив кога јас реагирав за снимка каде за 3 секунди од ноќ станува ден необјасливо е и никаде во светот не може тоа да се случи.- Јовица Страшевски – адвокат на Љупчо Палевски - На снимките исто така беше видливо дека учествуваат сите 4ца обвинети, нема дилема во нивниот лик и исто така беше презентирано дека сите меѓу себе комуницираат со мотороли, односно радиостаници.- Ана Стојковиќ – Димитриовска – обвинителка На ова и судијата Ивица Стефановски одговори дека на видео снимките можело да се забележи дека станува збор за 4та обвинети, но и дека јасно се гледаат и слушалките, микрофоните и моторолите. Со изведувањето на овие видео снимки обвинителството го заокружи изведувањето на доказите. Судењето ќе продолжи на 26 февруари, овојпат со изведување на доказите на обвинетите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook