КултураДенови на македонската култура во БудимпештаДенови на македонската култура во Будимпешта – чествување 100 години од раѓањето на Блаже Конески.На Институтот за славистика и балтичка филологија во Будимпешта вчера беше промовиран зборникот „A macedón nyelvről" (За македонскиот јазик) од Блаже Конески. Книгата претставува избор од научни текстови од Конески, кои се однесуваат на македонскиот јазик и неговата стандардизација, додадена е и статијата „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик" од Крсте Петков Мисирков и е илустрирана со фотографии. Изборот на текстовите го направи Златко Панзов, лектор по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, а преводот на унгарски е на Анамарија Цинеге-Панзова. Зборникот излезе во престижната едиција Opera Slavica Budapestinensia (Linguae slavicae) на Катедрата за славистика при Универзитетот ЕЛТЕ, иницијатори за реализација на овој проект се Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот за славистика и балтичка филологија, Будимпешта и Здружението на Унгарци на Македонија – ТЕЛЕДОМ од Скопје, а изданието беше реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија Зборникот го промовираше проф. д-р Звонко Танески, македонист кој работи на Универзитетот „Комениус" во Братислава. – На почетокот на промоцијата лекторот Златко Панзов зборуваше за потребата и улогата од ваков тип на настани за зголемена видливост на македонската култура во Унгарија. Со зборникот унгарската публика ќе има можност да се запознае со развојот и кодификацијата на македонскиот јазик и ќе претставува појдовна основа за запознавање на студентите на ЕЛТЕ со проблематиката која се однесува на нашиот јазик. Во период на негирање на македонскиот јазик, ваквите изданија се повеќе од потребни за претставување на нашата страна од приказната, информира Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта. Лекторот Панзов му се заблагодари на проф. д-р Иштван Лукач, шеф на Катедрата за славистика, за огромната поддршка при реализацијата на зборникот и неговата огромна улога за развојот на македонистиката во Унгарија. – Промоторот д-р Звонко Танески истакна дека во овој зборник што сега сите ние можеме да го држиме во раце и љубопитно да го пролистуваме се наоѓаат, всушност, и најважните текстови од Конески, секако и најважниот текст од Мисирков, посветени, во прв ред, на споменатиот феномен на стандардизација на јазикот, па затоа е навистина импресионирачки преведувачкиот ентузијазам и наедно и двигателен подвиг што го направија Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов, приопштувајќи ги нив на современ унгарски литературен јазик. Филолозите мошне добро знаат дека стандардизацијата на еден јазик во лингвистиката означува дефинирање на ортографија и граматички правила заеднички за сите корисници на тој јазик. Процесот на стандардизација зависи од избраната јазична политика, која може да има практична и симболична функција, се наведува во соопштението. Во последните неколку години се зголемува бројот на студенти на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и се движи меѓу 25 и 35 студенти во семестар, така што тој станува значаен центар за изучување на македонскиот јазик во Централна Европа. Лекторот Златко Панзов е иницијатор и организатор на Деновите на македонска култура во Будимпешта што се организираат трета година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПринцови, принцези, актери, пејачи... Познати личности на финалето на ВимблдонФиналето на Вимблдон во недела попладне привлече голем број холивудски ѕвезди и британски познати личности од А-листата.Сите очи беа насочени кон Централниот терен, каде што Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александар Зверев се соочија во напнат судир. Кралското семејство во преден план Меѓу многуте познати лица, особено се издвои принцезата од Велс, која блескаше во елегантен зелен фустан. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Таа пристигна на Вимблдон придружувана од своето семејство. Кејт беше придружувана од принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, додека најмладиот син, принцот Луис, беше отсутен. Принцезата не ја симна насмевката од лицето, навидум невознемирена од моменталниот топлотен бран, додека принцот Џорџ се разладуваше во Кралската ложа со преносен вентилатор. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Принцезата, исто така, го носеше својот „брош Вимблдон“ во препознатливите бои на турнирот. Мноштво познати лица На кралското семејство во престижната ложа му се придружија и мноштво други ѕвезди. Актерката Никол Кидман (59) изгледаше шик облечена во бело одело, придружувана од Дама Ана Винтур. Сиена Милер (44) исто така беше видена во Кралската ложа во убав мини-фустан, додека актерите Бен Стилер и Рами Малек се прегрнаа топло по пристигнувањето. Поп-сензацијата Џенифер Лопез (56) ги пленеше погледите во тесна беж-фустан, која го дополни со елегантна шапка и високи потпетици. View this post on Instagram A post shared by Wimbledon (@wimbledon) Меѓу гламурозните гости беа водителката Тес Дејли (57) со нејзината ќерка Фиби (21), актерките Дејзи Едгар-Џонс (28), Лили Колинс (37) и Мариса Абела, легендарната Твиги (76) и Ники Хилтон (42). Актерот Том Хидлстон (45) избра стилски морнарски костум, Ендру Гарфилд бел костум од Ралф Лорен, а ѕвездата на „Adolescence“ Стивен Греам пристигна со сопругата Хана Волтерс. Извор: Индекс.хр Фото: ИнстаграмТагови: Вимблдон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра„BYD“ подготвува нов луксузен седан „Da Han“, кој ќе им се нуди на клиентите како целосно електричен модел или „plug-in“ хибрид.Станува збор за автомобил кој користи иста платформа како и теренецот „Da Tang (Great Tang)“, и носи импресивни перформанси и многу брзо полнење на батеријата. Електричната верзија добива батерија „Blade“ од втора генерација, која, според производителот, овозможува полнење од 10 до 97 проценти за само девет минути. Моделот ќе има управување на задните тркала, како и активна суспензија. Со должина што е 6,6 сантиметри подолга од стандардниот „Mercedes-Benz S-Class“, „Da Han“ е меѓу најголемите луксузни седани на пазарот. Основната електрична верзија користи еден електричен мотор сместен на задната оска кој развива 496 КС (370 kW), додека помоќната варијанта со погон на сите тркала има вкупна моќност од дури 764 КС (570 kW). „BYD“ сè уште не го објави капацитетот на батеријата на електричната верзија, но наведува дека моделот со погон на задните тркала може да помине до 1.008 километри според кинескиот циклус на мерење „CLTC“. Верзијата со погон на сите тркала има деклариран опсег од 880 километри. Треба да се напомене дека стандардот „CLTC“ дава пооптимистички резултати во споредба со европскиот „WLTP“ циклус. „Plug-in“ хибридот користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 154 КС во комбинација со електричен мотор со 268 КС. Благодарение на „LFP“ батеријата со капацитет од 54 kWh, овој модел може да помине до 470 километри само на електрична енергија според кинеските мерења. Според првичните информации, „BYD Da Han“ треба да има почетна цена од околу 41.000 евра. Извор: Б92Тагови: BYD Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив. Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26