Денови на македонската култура во Брисел

Пред белгиската јавност ќе бидат презентирани 12 комплети традиционални народни носии и накит од различни краеви на земјава.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва во Брисел ќе ја отвори изложбата „Традиционални костими и накит од Македонија“ на Музејот на Македонија, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.

Оваа изложба е помогната од Фламанското министерство за надворешни работи во Брисел, а во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“, што е во организација на Министерството за култура и Амбасадата на Република Македонија во Белгија. Според агендата, вечерашната изложба ќе ја отворат македонската министерка за култура и генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Фландрија, Коен Верлект.

Пред белгиската јавност ќе бидат презентирани 12 комплети традиционални народни носии и накит од различни краеви на земјава. Носиите и накитот, кои потекнуваат од крајот на 19 век и почетокот на 20 век ги отсликуваат високите културни вредности и посебностите на етнокултурниот развиток на Република Македонија.

Во рамките на оваа голема манифестација што ќе трае до 27 април, на белгиската културна јавност ќе и бидат презентирани македонските културни вредности како спој на традиционалното и современото, македонската фолклорна традиција и актуелната филмска уметност.


На 26 април во Центарот за култура во бриселската општина Етербек ќе биде претставено духовното богатство на македонската фолклорна ризница во духот на женското пеење ќе го презентира музичкиот етносостав „Синтезис“.

Деновите на македонската култура во Брисел ќе завршат со претставувањето на македонската филмска продукција преку играниот филм „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски, кој се закити со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал, а беше номиниран и за наградата на Американската филмска академија за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, како и филмот „Илузија“ кој е прогласен за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал „Anchorage“ во 2005 година.

Од Министерството за култура информираат дека за време на престојот во Брисел, министерката Канческа-Милевска ќе оствари билатерална средба со министерката за култура на Фландрија, Жок Шувлиеж. На оваа средба двете министерки ќе разговараат за интензивирање на соработката во областа на културата меѓу двете земји. Канческа-Милевска ќе оствари билатерални средби и со генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Фландрија, Верлект, со градоначалникот на Брисел, Фреди Тјелеманс и со генералниот администратор на „Валонија Брисел интернационал“./Извор МИА.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер