Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
СветДенеска средба Трамп-Мерц во ВашингтонАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц со кого ќе разговара, меѓу другото, за американско-израелските напади врз Иран.Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц со кого ќе разговара, меѓу другото, за американско-израелските напади врз Иран, новите закани со царини на Трамп и неодамнешната посета на германскиот лидер на Кина. Мерц отпатува од Берлин за Вашингтон додека Германија и Франција најавија планови за продлабочување на соработката во областа на нуклеарното одвраќање, што е уште еден потег на европските соседи за да се приспособат на промените во трансатлантските односи во услови на постојани закани од Русија и стравот од нестабилност поврзана со иранскиот конфликт. Мерц ќе биде првиот европски лидер кој ќе го посети Вашингтон по нападите врз Иран кои блокираа една од клучните светски рути за транспорт на нафта и го втурнаа глобалниот воздушен сообраќај во хаос, и пресудата на Врховниот суд од 20 февруари дека царините на Трамп се незаконски. Претходно се очекуваше дека разговорите ќе се фокусираат на трговијата, но веројатно ќе доминира американско-израелскиот напад во кој во текот на викендот беа убиени иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и други ирански лидери. Мерц во неделата не ги критикуваше американските воздушни напади, но ниту ја поддржа операцијата. - Ја препознаваме таа дилема – рече Мерц, објаснувајќи дека постојаните обиди во текот на изминатите децении не го одвратиле Иран од обидите за набавка на нуклеарно оружје или угнетување на сопствениот народ. „Затоа нема да им држиме предавања на нашите партнери за нивните воени напади врз Иран“, додаде тој. Тагови: Доналд Трамп Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомбаМаж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата. Опсадната состојба траеше речиси еден час. Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе. Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата. „Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда. „Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител. Извор: Б92Тагови: Загреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре попладне ќе има услови за појава на пороен дождУтре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами. Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter