Денеска се очекува да продолжи собраниската седница за уставните измени

 Уставните измени во третата и финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека се уште се во преговари со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората, но засега нема официјални информации за текот на преговорите.

– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, изјави Заев.

Паралелно со подготовките за уставните измени во Собранието, надвор пред парламентарната зграда се одржа граѓански протест против промена на името, во организација на „Македонија блокира" и партијата „Единствена Македонија". На протестот се приклучи и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање порача дека „на отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот " и дека "тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат се за договорот да не се случи".

Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови. /МИА.

Монд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија

 По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со посета на пријателските земји Србија и Унгарија, каде ќе се разговара за нови инвестиции, но не треба да се очекува да се споменат прашања како што се критиките за човековите права и кинеската трговска политика, односно поддршката на Пекинг за Москва, оцени денеска парискиот весник „Монд“.

- По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија. Кинескиот претседател избра со своето присуство да почести две земји со ограничена демографска и економска тежина, но чии двајца лидери, претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан користат многу критичка реторика кон Западот, а тоа им се допаѓа на Кинезите, пишува весникот.

За време на четиридневната посета на Белград и Будимпешта, „не треба да очекуваме критики за човековите права во Кина, за трговската политика на Кина или за поддршката на Пекинг за Москва. Напротив, Вучиќ има намера да го прослави, како што го опишува тој, „челичното пријателство“ меѓу Србија и Кина“, оцени францускиот весник.

Што се однесува до Унгарија, Орбан сака да ја одбрани „својата отворена политика“, бидејќи верува дека „Западна Европа е болна“, додаде Монд.

- И Србите и Унгарците се надеваат дека ќе добијат конкретни најави за инвестиции за време на оваа посета. Вучиќ објасни дека од кинескиот претседател ќе побара помош „за обновување на производството на возови“ во неговата земја, но и инвестиции во областа „летечки возила и „вештачка интелигенција“, пишува францускиот весник.

Унгарските медиуми шпекулираат за изградба на нова кинеска фабрика за електрични возила. Со својата одлучна прокинеска политика, Унгарија за неколку години успеа да стане водечка дестинација во Европската унија за кинеските производители на електрични возила.

- Во споредба со другите земји во регионот, како Чешка или Полска, кинеските компании ја ценат Унгарија поради континуираните добри односи со Кина веќе 20 години, оценуваат унгарски експерти, пренесе Монд.

Во Долнени до 9 часот гласале 1,73 отсто за претседателските и 2,34 отсто за парламентарните

Во општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.

До 9 часот на гласање за претседателските избори излегле 1,73 проценти од запишаните 11 730 избирачи, а за парламентарните избори правото на глас до 9 часот го искористиле 2,34 проценти од 11 748 гласачи.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

притисни ентер