Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител
2Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител
БалканМонд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија.Кинескиот претседател Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со посета на пријателските земји Србија и Унгарија, каде ќе се разговара за нови инвестиции, но не треба да се очекува да се споменат прашања како што се критиките за човековите права и кинеската трговска политика, односно поддршката на Пекинг за Москва, оцени денеска парискиот весник „Монд“. - По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија. Кинескиот претседател избра со своето присуство да почести две земји со ограничена демографска и економска тежина, но чии двајца лидери, претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан користат многу критичка реторика кон Западот, а тоа им се допаѓа на Кинезите, пишува весникот. За време на четиридневната посета на Белград и Будимпешта, „не треба да очекуваме критики за човековите права во Кина, за трговската политика на Кина или за поддршката на Пекинг за Москва. Напротив, Вучиќ има намера да го прослави, како што го опишува тој, „челичното пријателство“ меѓу Србија и Кина“, оцени францускиот весник. Што се однесува до Унгарија, Орбан сака да ја одбрани „својата отворена политика“, бидејќи верува дека „Западна Европа е болна“, додаде Монд. - И Србите и Унгарците се надеваат дека ќе добијат конкретни најави за инвестиции за време на оваа посета. Вучиќ објасни дека од кинескиот претседател ќе побара помош „за обновување на производството на возови“ во неговата земја, но и инвестиции во областа „летечки возила и „вештачка интелигенција“, пишува францускиот весник. Унгарските медиуми шпекулираат за изградба на нова кинеска фабрика за електрични возила. Со својата одлучна прокинеска политика, Унгарија за неколку години успеа да стане водечка дестинација во Европската унија за кинеските производители на електрични возила. - Во споредба со другите земји во регионот, како Чешка или Полска, кинеските компании ја ценат Унгарија поради континуираните добри односи со Кина веќе 20 години, оценуваат унгарски експерти, пренесе Монд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)Албанскиот парламент беше место на сериозни тензии и физичка пресметка меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата за време на седницата, што доведе до општ хаос меѓу пратениците.Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП) Фламур Нока се упатил кон мнозинскиот дел од салата за да ги земе своите картички за гласање, а му се придружиле и други пратеници, објави Топ Ченел. Ситуацијата брзо ескалирала кога пратеникот на Демократската партија Фидел Крека удрил гласачко ливче, а потоа го турнал поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој потег предизвикал физичка пресметка меѓу двајцата. Други пратеници, и од мнозинската и од опозицијата, веднаш се вклучиле во конфликтот, што довело до масовна тепачка во собраниската сала. Тензиите за време на седницата ескалирале во физички пресметки меѓу пратениците, претворајќи ја парламентарната дебата во сцени на хаос. Во меѓувреме, голем број демонстранти се собрале пред парламентот на Албанија, каде што биле присутни и голем број полициски сили.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранителФинансиска независност, посилни надлежности и поголема функционална самостојност на Народниот правобранител. Ова се клучните цели на предложените измени на Законот, за кои денеска се дискутираше во Собранието. Целта е институцијата поефикасно да ги штити човековите права, со соодветни финансиски средства и професионален кадар. Предлогот опфаќа и поголема пристапност за лицата со попреченост и зајакнување на надзорот во одредени постапки што ги водат лица со јавни овластувања. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека за квалитетно законско решение се потребни пошироки консултации со политичките партии и граѓанските организации. -Ако сме чекале 10 години, можеме да чекаме уште еден месец, уште два месеци, но да ги исцрпиме сите можности, сите знаења, секое искуство кое го имаме во државата да го вклучиме во овој процес,- Африм Гаши, претседател на Собранието . Народниот правобранител, Фатон Сељами, оцени дека досегашните законски измени не ги дале очекуваните резултати во практиката. Според него, институцијата мора да има предвидливи финансиски средства и доволно професионален кадар за самостојно и ефикасно да ги извршува своите надлежности. -Нам праксата ни покажа дека токму одредбите кои во 2016 година се изменија или додадоа, а кои беа во оваа насока на исполнување на Париските принципи, не ги дадоа очекуваните резултати во пракса и дека затоа мора истите да се изменат. Фатон Сељами, Народен правобранител. Зајакнувањето на Народниот правобранител е важно и за европскиот пат на земјата., потенцираше евроамбасадорот Рокас. -За Македонија зајакнувањето на институцијата Народен правобранител е исто така важен дел од патешествието кон Европската Унија. Во годишниот извештај Европската комисија континуирано ја истакнува потребата за осигурување соодветни финансиски и човечки ресурси за институцијата да може да функционира независно и ефективно,- Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија. На тематската сесија, каде учествуваа и експерти и претставницие на граѓанскиот сектор Симонида Кацарска од Институтот за европска политика предупреди дека, и покрај долгогодишното постоење, институцијата располага со ограничени финансиски ресурси во споредба со некои земји од регионот. -Нашиот омбудсман е еден од најстарите во регионот, а ако ги погледнете споредбено буџетите коишто ги има на располагање, ако споредиме со земја како што е и Босна, процентуално од буџетот стоиме многу, многу лошо,- Симонида Кацарска, Институт за европска политика. Предложените измени треба да поминат низ понатамошни консултации и собраниска процедура. По дискусијата се очекува да бидат усвоени заклучоци за унапредување на законската рамка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжение или крај на ерата на Вучиќ?Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела.Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела, на кои како никогаш претходно владеачка елита не се соочува со можност за пораз од студентско движење кое прерасна во најсилна опозициска сила. И студентската листа и листата Обедината Србија последните пораки ќе ги испрат од Белград, пред стапувањето на изборниот молк. Александар Вучиќ кој влезе во трката за премиер, синоќа од Ниш ги повика граѓаните на масовност, за како што рече, да докаже дека не стравува од голем одѕив, кој според анализите би им одел во прилог на студентите. Поддршка му дадоа и поранешните претседатели на Србија и на Републкика Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик. -Кога ќе ги прашате дали ќе ѝ воведете санкции на Русија: „туц“, „мух“, „ух“, „их“, но одговор нема. Ја покажавме разликата меѓу нас и нив, и така треба да се однесуваме во недела. Ајде, победа во недела, убедлива победа, победа во Ниш, победа во цела Србија. , изјави Александар Вучиќ. И додека Вучиќ го држеше говорот во Ниш, реки студенти и граѓани марширајќи од повеќе српски градови, допатуваа во Белград, пред денешниот главен митинг на плоштадот Славија. Илјадници граѓани френетично ги поздравија на улиците студентите, предводени од носителот на нивната листа, кадиологот Илија Срдановиќ. -Екслозија на повеќедецениското акумулирање на среќа, на нашата несреќа, гнев, очај, сега конечно излегува на виделина. -Мислам дека ова е фантастичен настан. Нема веќе назад. Ова е победа и пред гласањето. Мислам дека во недела само треба да потпишеме и тоа да се потврди. -Немам зборови, затоа сум тука. И мислам дека допрва ќе биде добро. , изјавија жители на Белград. Анкетите во Србија во изминатиот период покажаа спротивставени бројки. Последното истражување на „Нова српска политичка мисла“, објавено вчера, покажа предност за студентите во однос на Српската Напредна партија на Вучиќ од два процента, но и прогноза за огромна излезеност од 80 проценти. Токму поради тесните бројки во дел од анкетите, експертите по безбедност очекуваат атмосферата да се вжештува во текот на 48-часовниот молк, која би кулминирала на денот на изборите. -Веројатно некои поединци ќе се одлучат на такви чекори да излезат и да кажат дека изборите се „украдени“ и на некои места да предизвикаат хаос, треба да знаат дека ќе има голем број припадници на безбедносните сили. Тоа е воиграна тактика и тие активности се подготвуваат однапред. , изјави за Курир, Мирослав Беговиќ, професор по безбедносни науки Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до 20 часот в недела. За 250 места во Собранието се натпреваруваат 18 изборни листи. Право на глас имаат речиси шест и пол милиони гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00