Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).

Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.

Но, годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите мора се врши само во храмовите и во домовите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата".

На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух./МИА

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација

Започна тридневното гласање за десетите  по ред парламентарни избори кое ќе финишира во среда...

Први кои денеска го остваруваат своето право на глас се болните од ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација...

Во седиштето на Државната изборна комисија е Јана Јосифоска.

Нови 88 случаи со Ковид-19, тројца починати, 123 оздравени пациенти

По неколкудневни троцифрени бројки на заразени од коронавирусот, изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 88 новозаболени и тројца починати...

Со последните детали од пред Инфективната клиника го вклучуваме Игор Манасиевски...

Славија – најатрактивниот модел на Шкода (ФОТО)

Беше само прашање на време кога маркетинг-експертите на Шкода ќе го тестираат пазарот за модел со ова име.

Славија е легендарно име кое најчесто го поврзуваме со спортски и популарни тимови како Славија Прага, која е годинашен шампион на чешката лига. Шкода исто така забележува дека Славија може да се најде како термин во словенската митологија, како и името на астероидот откриен во 1972 година од чешкиот астроном Антонин Мркос. Конечно, познатото кафуле од 1930-тите на бреговите на Влтава во Прага се викаше Славија.

И кога станува збор за Шкода Славија, тоа е Спајдер верзија на Скала. Тоа е дел од проектот Азуби во кој студентите дизајнираат уникатен автомобил додека учат за технологијата на производство на автомобили, историјата на домашната автомобилска индустрија и денешните трендови.

Тимот во моментов работи на дизајнот на ентериерот. Седиштата на Спарко веќе пристигнаа , а поголемиот дел од пилотската кабина ќе се задржи. Затоа најголем предизвик останува прилагодувањето на конструкцијата на возилото откако ќе се отсече покривот.

Според концептот, автомобилот ќе има две врати, а задниот крај ќе мора темелно да се редизајнира. Веќе е подготвен спортски ауспух со централно поставена завршница. Исто така, постојат и RS-рамки и голем број надградби.

Проектот „Шкода Славија“ се очекува да заврши во текот на летото.

притисни ентер