Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КултураДенеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден) - пророк кој оди пред СпасителотМеѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана… Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на св. Јован му паднале кумството и побратимството. Свети Петар ‒ кључи од рајови, Свет Илија ‒ сиљни секавици, Свети Јован ‒ кумство, побратимство, Неделица, празник да празнуват Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања. Според светото предание св. Јован и Исус Христос биле блиски роднини зашто мајката на Јована, Елисавета ѝ била братучеда (според други сестра) на Ана, мајката на Марија, односно тетка на Марија, мајката на Исуса. Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди Спасителот Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен свештеник Захариј со својата жена Елисавета. Тие веќе беа остареле , а немале деца што во тоа време се сметало за голема несреќа и за божја казна за некој голем грев. И двајцата постојано и искрено го молеле Господа да им даде рожба, а Бог ја слушнал нивната молитва. Еднаш кога Захариј во храмот се молел на Бога го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син кој ќе се вика Јован. Бидејќи не поверувал, за казна веднаш онемел. Кога му се родил синот според обичајот требало да го носи името на таткото, но кога Захариј го запрашале за името тој бидејќи го изгубил говорот зел штица и на неа напишал: „Нека се вика Јован“. Кога го напишал тоа говорот пак му се вратил и тој раскажал дека детето ќе биде пророк што ќе оди пред Спасителот и ќе му го подготвува патот. Во младоста Јован го сакал животот во пустината. Живеел во некоја пустина во долниот тек на реката Јордан, се облекувал со ткаенини од влакна од камила, а се хранел со скакулци и мед од диви пчели и со корења од билки. Кога наполнил 30 години по Божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности кај луѓето. Грешниците ги повикувал да се покајат и поправат за да им стане достапно царството небесно. Многумина помислиле дека тој е ветениот Спасител на што Јован одговарал: „Јас не сум Христос. Тој е посилен од мене, јас не сум достоен ниту врвците на обувките да му ги одврзам. Јас ве крштевам со вода, а тој ќе ве крсти со Светиот Дух. Мене Господ ме испрати да одам пред него и да му го подготвувам патот“. Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи. Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци. Во Разлошко празникот се викал Ињовден. Спроти празникот се правел венец од бело и жолто ињовче (бела и жолта ајдучка трева), а на самиот празник, откако стоката ќе се вратела од паша венецот се ставал на роговите од кравата, која потоа се молзела. По тој обред се верувало дека кравата ќе има млеко во текот на целото лето. По молзењето венецот се симнувал од роговите на кравата и се закачувал на чардакот каде што останувал до следниот Ињовден. Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале „Тајане“, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што, исто така, пееле песни и собирале подароци, од кои потоа правеле заедничка вечера. Притоа се пеело: Тајане, Бојане, имам брат Свети Јоване, ункеши, ункеши, ункеши по маглата. По магла, по магла, по магла ситна роса, по роса, по роса, по роса мома боса. Играле момите крај манастирот, калуѓер гледа од пенџериња, фрли си шапка на герамиди, од герамиди на трендафилот, белата брада на берберница црната брада на касапница. Кус опис на овој обичај пред околу еден век направил М. Цепенков кој сведочи дека во Битола спроти Иванден „ќе нанижат еден ѓум со секакви цвеќиња и ќе му клаат тел од невестата што гувеела. Ќе го покријат со еден превес и ќе му го клаат на некое дете на глаа, да го носит. После ќе се ватат девојчињата рака за рака, секое спроти бојот, та ќе одат од чешма на чешма пеејќи една влашка песна вака: Тајани, ѓанизмата кокʼ за, ќи кʼ за“ и др. Утрото ќе шетаат по куќите и ќе пеат та ќе му даваат кај пари, кај брашно, кај масло и др. Од собраното зајре ќе направат и сите ќе ручаат, а парите ќе си и делат или ќе и купат нешто емиш за јадење. Во Крушоо клаваат во ѓумо прстење и кој ќа биди пообелен таа мома побрго ќе се мажи“. Според еден запис на Ѓорѓи Киселинов во минатото во преспанскиот крај Иванден бил празник на момите. Тие еден месец порано се подготвувале за празнување. Се собирале во некоја куќа во маалата и со песни и веселби ја подготвувале куклата наречена Иванка. Преку дента момите во полето собирале иванско цвеќе и лајкучка (боливач), а други по куќите собирале пари, потоа брашно, циронки (сушени риби), суво месо и плодови. Секоја домаќинка, особено таму каде што имало девојки, со задоволство давала зашто потоа се правел и печел кравај од кој девојките што ќе каснеле побрго ќе се омажеле. По собирањето на даровите едни работеле, а други ја правеле „Иванка“. Иванка, куклата што игра важна улога во иванденските празнувања е голема кукла со женски лик, но без нозе. Се земал голем бакарен ѓум, во него се турала вода, а потоа се фрлале и цветови, од разни билки. Потоа секоја девојка во ѓумот ставала свои украси како прстени, гривни, гердани, обетки итн. Потоа се земало една стомна со големина колку човечка глава, се завиткувала со бела шамија и со грлото се ставала во грлото на ѓумот, при што се врзувала цврсто да не паѓа и да не се мрда. На главата на куклата ставаале коса исплетена во плетенки што ја заврзувале со шамија со темна боја. Со јаглен ѝ ги цртале очите, носот и веѓите, а со црвена боја устите и образите. Со уште поцрвена боја ѝ ги цртале ушите и брадата. Потоа околу ѓумот врзувале снопчиња боливач за да изгледа телото пополно. Притоа внимавале да стават толку цветови колку што собира фустанот за да можат да ја облечат и да ја закопчаат. [Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден) Пророк кој оди пред Спасителот Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во н] Облеката на Иванка се состоела од една долга бела риза и фустан на момиче од 5-6 години. Ракавите на кошулата се полнеле со боливач и потоа се облекувале на куклата, над неа се облекувал фустанот и во ракавите ги вовлекуваат ракавите на кошулата. Ја опашувале со свилен појас, главата ѝ ја украсувале со цвеќиња и со украси, околу вратот ѝ ставале гердан, на градите сребрен крст, а на уште убетки. Момите се натпреваруваат која побргу на Иванка ќе го стави својот украс зашто веруваат дека така побргу ќе се омажат. Подготвувајќи ја куклата момите пееле повеќе песни, но најчесто се пее песната „Иванко, Иван девојко“. По стемнувањето Иванка ја ставале на главата на некое момиче и тргнувале по улиците на градот или селото, пеејќи разни песни и веселејќи се. Момчиња оделе во близина на куклата и ја чувале од друга група којашто сакала да им ја растури. Сето население излегувало да ја гледа куклата да ги слуша песните. Куклата облечена како невеста ја носеле на чешмата, таму ја попрскувале со вода и ги полнеле двете стомни што ги носела една од момите. Потоа се враќале во куќата на вечера, а по вечерата цела ноќ шетале по улиците и пееле. Следниот ден по Иванден ја растурале куклата, секоја мома си го земала својот украс, дел од облеката од куклата, по малку вода од ѓумот во чаша, и по еден или два страка иванско цвеќе и лајкучка. Тогаш го сечеле кравајчето и раздавале касаи кои момите заедно со водата и цвеќето си го носеле дома. Момите што собирале брашно сега разнесувале од кравајчето во секоја куќа од каде што земале брашно за да каснат домашните за здравје, а момите за скорешна свадба. На Иванден, рано наутро мажите, жените и децата оделе во лозјата и береле растение наречено „наваличе“ кое го ставале на дуќаните за да навалуваат муштериите. Обичајот „Тајане“ бил познат во Битола, Крушево, Прилеп и други места, со тоа што во Прилеп го изведувале само девојчиња. Во Мала Преспа според сведоштвото на Стерјо Спасе на Иванден се пеела песната: Ивано, Иван девојко, качи се горе на Иван, на Иванови врвови, да видиш поле втасано, фтасано и обелено! Да видиш пченица класана, да видиш снопје врзани. Ивано, Иван девојко, што си вечера зготвила? ‒ Погача, пресна ржена, циронќи со штир варени. Во Струга било обичај на Иванден да се касне јаболко за здравје. Поради тоа уште од есента се чувале јаболка во слама или во ковчези. Тие што не зачувале јаболко многу скапо го плаќале, само на тој ден да се касне, ако не да се изеде цело јаболко барем секој член од семејството да изеде по едно „фелче“. Во Струга береле и иваново цвеќе за против молци, а правеле и разни лекарства. Со Иванден е поврзано и верувањето дека со помош на магиски дејствија може да се украде млеко од стоката, масло или други плодови. Се разбира, според верувањето тоа го правеле жени маѓесници кои со своите магиски дејствија што ги изведувале на овој ден можеле и житото од туѓите ниви да го доведат во своите амбари, или млекото од туѓите овци или крави кај своите. Во Кочанско, спроти празникот маѓесницата се соблекувала гола и гледала да му го пресече патот на некое стадо овци или кози или незабележана да влезе во некое стадо каде што со друга маѓесница три пати ги повторивале зборовите: „Гас и гас, сето масло у нас“. Потоа јавале кросно, а кросното и во други случаи има важно место во изведувањето на разни магиски дејствија. Во некои краишта ако времето околу Иванден е многу сушно правеле додоле и се молеле за дожд. Житие Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ? до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели. Тропар Пророче и Претечо на пришествието Христово, не умееме достојно да те пофалиме, ние што со љубов те почитуваме, бидејќи со твоето чесно и славно раѓање се разреши неплодството на онаа што роди, и немоста на таткото, и на светот му се проповеда воплотувањето на Синот Божји. Кондак Порано неплодната, денес го раѓа Христовиот Претеча, и тој е исполнувањето на сите пророштва. Во (реката) Јордан, тој ја положи раката врз Оној што Го навестуваа пророците; се јави пророкот на Божјото Слово, истовремено проповедник и претеча.Тагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКрис Џенер ги откри резултатите од затегнувањето на лицето: Го платила 100.000 долариКрис Џенер (70) се појави на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес во саботата, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание.Мајката на семејството Кардашијан-Џенер на црвениот тепих ги покажа резултатите од затегнувањето на лицето – процедура која, според извештаите на американските медиуми, ја чинела 100.000 долари. Таа пристигна на настанот придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер, Кори Гембл (45). Двојката заедно позираше пред фотографите; нивната врска со години го привлекува вниманието на јавноста. За оваа пригода, Џенер избра темно-син сатенски фустан и соодветно палто со светки. Изгледот го надополни со чевли што имаа голема машна на петата и носеше само сребрени обетки. Гембл носеше темно-син костум и светло-сина кошула на риги. Џенер и Гембл првпат беа поврзани во 2014 година, откако се запознаа на забава организирана од модниот дизајнер Рикардо Тиши. Иако не се во брак, тие се заедно повеќе од една деценија, а Гембл често се појавува покрај семејството Кардашијан-Џенер на јавни настани. Крис Џенер за Кори: „Мојот животен партнер“ Иако генерално ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, Крис Џенер неколку пати зборувала за тоа колку ѝ значи Кори Гембл. Во серијата „The Kardashians“, таа го опиша како нејзин „животен партнер“ и рече дека нивната врска ѝ носи голема радост. „Кори е мојот животен партнер и секогаш се забавувам со него“, рече Џенер, додавајќи дека не очекувала повторно да најде таква поврзаност. Таа зборуваше и за разликата во годините меѓу нив, со оглед на тоа што Гембл е 25 години помлад од неа. Џенер призна дека на почетокот тоа ѝ изгледало необично, но на крајот сфатила дека годините не се пречка кога постои вистинска поврзаност. „Не можам да ја објаснам хемијата или зошто луѓето се вљубуваат, но изминатите десетина години беа неверојатни и одлично си поминуваме заедно“, изјави таа. Отворено зборуваше за затегнувањето на лицето Во мај 2025 година, нејзиниот портпарол потврди дека Џенер се подложила на процедура извршена од пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин, кого „Page Six“ во тоа време го опиша како „маестро за затегнување на лицето“. Кон крајот на минатата година, во една епизода од серијата „The Kardashians“, Џенер ѝ откри на својата ќерка Ким дека, по бројните козметички зафати, носот е единствениот дел од нејзиното лице што останал природен. „Носот веројатно е единствената вистинска работа на моето лице“, призна таа. Таа исто така зборуваше за зафатот за затегнување на лицето во интервју за „Vogue Arabia“ во август 2025 година. Објасни дека првиот зафат го направила пред околу 15 години и дека одлучила повторно да се подложи на операција бидејќи сакала да го освежи својот изглед. „Одлучив да го направам овој зафат бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од себе, а тоа ме прави среќна“, рече Џенер. Таа додаде дека смета оти стареењето не значи дека човек мора да се откаже од грижата за себе. „Тоа што стареете не значи дека треба да се запуштите. Ако се чувствувате пријатно во сопствената кожа и сакате да стареете природно – односно не сакате никакви естетски корекции – тогаш слободно направете го тоа. Но, за мене, ова е стареење со достоинство. Ова е мојата верзија за тоа“, изјави таа. За време на гостувањето во подкастот на нејзината ќерка Клои Кардашијан претходно оваа година, Џенер ги отфрли шпекулациите дека е незадоволна од резултатите на зафатот, како и гласините дека ефектот од нејзината операција за затегнување на лицето, која чинела 100.000 долари, „почнува да исчезнува“. Извор: Индекс.хрТагови: Крис Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДастер стана пикап и кампер (ФОТО)Нов Дастер пикап, цена од 37.900 евра со погон на сите тркала (4x4).Француската компанија „Borel“, во соработка со специјализираната работилница за каросерии „Romturingia“, разви пикап-верзија на актуелниот Дастер. Достапни се две варијанти: модел со четири седишта (два реда седишта во кабината) и модел со две седишта и продолжен товарен простор. Верзијата со четири седишта чини 38.900 евра, додека цената на верзијата со две седишта изнесува околу 37.900 евра. Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот Дастер со ниво на опременост „Journey“, пренесува „Revija HAK“. За верзијата со две седишта достапен е и модул за кампување што може да се вади. Со подигнат покрив, возилото е високо 2,10 метри; опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 см, фрижидер од 25 литри, шпорет и мијалник со резервоар за вода од 32 литри и бојлер од шест литри. Исто така, вклучува и хемиски тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање. Верзијата со две седишта е особено привлечна за занаетчии и други деловни корисници. Товарниот простор е долг 1,65 метри, а возилото има максимална носивост од 430 килограми. Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски „благ“ хибриден мотор со 150 коњски сили, поврзан со погон на сите тркала. Засега, овој Дастер пикап е достапен само на францускиот пазар. Извор: Б92Тагови: Дастер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter