Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
2Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
МакедонијаДенес во 19:05 ќе се одржи 44-тиот „Марш на ангелите“Денес ќе се одржи 44-тиот Марш на ангелите, во 19:05 ќе се тргне од спортското игралиште с. Ратавица, Пробиштипско.Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ги повикуваат сограѓаните, да им се придружат на 44-тиот Марш на ангелите. - На денот на Задушница, со тишина, молитва и болка што не поминува — ќе чекориме за нашите Ангели. За оние чии гласови замолкнаа прерано, но чие присуство засекогаш останува во нашите срца, се вели во повикот на Здружението 16-ти Март. - На Задушница не се заборава. Се палат свеќи. Се изговараат имиња. Се носи љубовта кон оние што физички ги нема, но духовно се со нас во секој чекор. За 63-те Ангели. За повредените. За правдата што сме должни да ја истраеме до крај. „Не бараме пресуда на улица. Бараме правда во судница“, стои во повикот.Тагови: Марш на ангелите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГрчки воен авион Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали (ВИДЕО)Грчки воен авион F-16C извршил итно слетување на меѓународниот аеродром на Закинтос и се запалил, објавија локалните медиуми.Авионот бил борбен авион на Грчките воздухопловни сили кој полетал од воздухопловната база Араксос во близина на Патра. Според првичните извештаи, пилотот морал да изврши итно слетување поради пожар во авионот по полетувањето. Пожарот е изгаснат, пилотот е добро Локалните медиуми објавија дека пилотот е добро. Пожарот оттогаш е изгаснат, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат пожарникари како ги гаснат пламените што го зафатиле авионот на аеродромот. Грчките медиуми објавија дека пилотот веднаш го известил Националниот центар за воздушни операции, Тактичката воздушна команда и базата Араксос од која полетал. Му било наложено итно слетување на аеродромот на Закинтос. A Hellenic Air Force F-16 made an emergency landing and caught fire at Zakynthos International Airport, western Greece, on Thursday afternoon. According to initial information, the pilot is in good health. At this time, authorities are assessing the damage to the aircraft,… pic.twitter.com/90AaUcimSb — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 9, 2026 Аеродромските служби биле ставени во состојба на висока готовност поради инцидентот, а сите летови биле привремено откажани. Причината за пожарот се утврдува Според грчките извештаи, пожарот избувнал по принудното слетување, а причината за слетувањето е техничка грешка. Дел од извештајот споменува можност за проблем со опремата за слетување, но официјална потврда за причината сè уште не е објавена. Авионот припаѓа на 116-то борбено крило на грчките воздухопловни сили. Се очекува истрага за причината за инцидентот откако ќе се изгасне пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаМицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспоратаПретседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик, изјави:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик, изјави: „Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик. Ние цениме дека, вака како што е моментално, начинот на којшто гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет. Односно имаме неможност да тие излезат во доволно голем број да го реализираат своето право. Посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји, тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право. И ние се обидовме да дадеме предлог којшто беше прифатен заедно со сите други измени коишто ги содржат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Завршено беше сè, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише, викаа ние се сложуваме со сè, фала ова што ни дадовте повеќе пари, еве нема проблем ќе си ги потрошиме. Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, ова е сега театар за мал број гласачи коишто сè уште им веруваат. Замислете овие луѓе да добијат можност да управуваат со некоја институција, што ќе се случи. И вака, ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме робоспиерови следбеници, не можеме со вас. Е така не може, ако сакате да учествувате, ќе мора да имате и одговорност. И така рековме, не може. И потоа настапи втората опозициска партија СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани, секој си наоѓаше некаква забелешка. За да ние дадеме јасен предлог и кажеме вака. Седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сè што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте ова да го завршиме до 15-ти јули, за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идеме во следна фаза. Еве чекаме уште, неколку дена поминаа, сè уште немаме усогласен став на опозицијата. Кога зборувам, усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и дел од пратеници коишто не знам сега како функционираат во рамките на Парламентот, но ајде еве вака ќе ги наречам пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари. Тоа е сега во моментот опозиција. Од страна на владејачката група на пратеници во Парламентот имаме усогласен став којшто вели кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна, една изборна. Повеќе пари, повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, немаме никаков проблем. Сè што мислат дека тие ќе направат, ние ќе го прифатиме. Но за жал еве, до денеска немаме сè уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаНиколоски: Очекувам до крајот на летово сите документи за брзата пруга да бидат завршениСо добра динамика оди подготвката на документи за изградабата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, вели министерот за транспорт Александар Николоски.Тој очекува до крајот на летово целата документација да биде завршена по што ќе може да почнат и активностите на терен. Николовски од Гевгелија каде изврши увид на неколку градежни активности, рече дека дополнително реконструкцијата на железничката пруга од Драчево до Илинден преку која ќе се движи товарниот железнички сообраќај, ќе придонесе многу на целиот коридор 10 . Железничката обиколница Скопје ќе го забрза карго превозот на коридор 10, имајќи предвид дека воведен е “One-stop shop“ со Грција, дополнително работиме на изградба на заедничка железничка станица со Србија и најважно, изградбата на брзата пруга на коридор 10. Бенефитите се повеќекратни, дополнително ќе влијае и врз намалување на аерозагадувањето во Скопје истакна заменик претседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски. “Видов одредени коментари вчера дека и досега карго возовите не влегувале во Скопје. Тоа е делумно точно и многу неточно, затоа што точно е дека некаде пред 30-40 години, кога првпат е изградена оваа обиколница, тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето коешто го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата, за жал, овој коридор не се користеше. Ние решивме, се зафативме целосно да го реконструираме заедно со ЈП Железници Инфраструктура и во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје, со што веќе товарните возови нема да поминуваат низ центарот на градот. Тоа еколошки е одлично, второ, ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај” - истакна Николоски. Toj истакна дека брзиот карго транспорт ќе има економско влијание долж коридор 10 бидејќи регионално се работи на заеднички проекти со соседите. “Тоа е добро и за Гевгелија, затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ Гевгелија. И уште еден проект којшто заеднички го сработивме и многу ќе помогне за Гевгелија, тоа е дека го воведовме „One-stop shop“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција, што значи дека веќе карго возовите не треба двапати да застануваат кога железнички доаѓаат навака, туку имаат едно застанување. А во моментов работиме на изградба на заеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот” -потенцираше Николоски. Во однос на брзата пругата Николоски додаде: “Таму одлично оди работата во подготовка на документација. Очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени. Еден по еден се завршуваат и стигнуваат, сите се во предвидениот рок, така што таму одлично оди работата во делот на подготовка, па после тоа и во делот на градба.“- истакна заменик претседателот на Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10