По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
2Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
МетеоДенес сончево и топлоСончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата женаСветската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир. Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни. Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“. СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“. Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter