3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
КултураДенес на Бит фест „Музиката раскажува приказни“На програмата ќе бидат изведени дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски:Љубителите на класичната музика денес ќе имаат можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки, Татјана Божиновска и Билјана Димовска, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 20 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски: 1. Свита од балетот „Заспаната убавица“ · Introduction. La fee des lilas · Adagio.Pas d’action · Pas de caractere · Panorama · Valse 2. „Оревокршачка“ · Ouverture in Miniature · March · Dance of the Sugar-Plum Fairy · Russian Dance (Trepak) · Arabian Dance · Chinese Dance · Dance of the Flutes · Waltz of the Flowers Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 год. во Битола. Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “ Златна лира”, „Интерфест“ – Битола.Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар. Од 2000 год.е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано. Пијанистката Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола. Во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 год. ги завршува и Докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски.Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција....Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ - како член на триото „Интерарт“. Од 2002 год. е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано. Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска работи заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” – Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” - Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија. Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Предложен притвор за осомничен за убиство при семејно насилство во ТаорОсновното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен каде физички ја нападнал. Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише. Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на лице место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната. На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција. Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да стори ново кривично дело. Во прилог на ова, обвинителството особено го имаше предвид видот и тежината на кривичното дело, како и начинот на неговото извршување кој вклучува претходен период на планирање, но и временски период по настанот во кој осомничениот го прикривал телото на оштетената, истовремено создавајќи привидна слика на загрижен сопруг кој активно учествува во нејзиното барање и обидувајќи се да си создаде алиби за да избегне кривичен прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Елшанска таваВо понеделник (22.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Христијан СтојовскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 250 гр. свинско месо (бут) 1 главица кромид 3 чешниња лук 1 зелена пиперка 1 црвена пиперка 200 гр. печурки 1 тиквичка 200 гр. кашкавал 100 мл. бело вино коцка путер маслиново масло сол, бибер, рузмарин, магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар ве поканува на врвна класична музика со Трио Аперто во Археолошкиот музејСо поддршка на Општина Центар, во среда, со почеток во 19 часот, во Националниот археолошки музеј ќе се одржи концерт на класична музика во изведба на Трио Аперто. Влезот е слободен.Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбрана програма со композиции од Шостакович, Форе, Цанев, Дворжак, Светиев, Шнитке и други автори, кои ќе ги изведат тројца истакнати македонски уметници: Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано). „Ги поканувам сите љубители на класичната музика да бидат дел од оваа музичка вечер исполнета со емоции, виртуозност и врвни музички остварувања. Продолжуваме да ја поддржуваме македонската културна сцена и да реализираме квалитетни културни настани достапни за сите граѓани“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Трио Аперто е една од ретките камерни формации во земјава составена од две виолини и пијано. Ансамблот има богата концертна дејност со бројни настапи низ Македонија и во странство и е препознатлив по своите интерпретации на дела од светската класична музика и современото македонско творештво. Концертот е дел од програмата на Општина Центар за 2026 година, со кој воедно се одбележуваат 50 години од локалната самоуправа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook