Денес и утре на Скопско лето 2021 - Канал 5

Денес и утре на Скопско лето 2021

 Вечерва, 28.06.2021, понеделник ќе биде отворена фото изложбата „ПРОВОКАТИВНИ ЛИЦА", во 20:00 часот во Изложбениот салон на Културно информативниот центар.

Денес и утре на Скопско лето 2021

Автор на театарските маски е Филип Цветковиќ од Србија.

Инспирацијата, која е неопходен и најпосакуван лајтмотив на создавањето, ќе ја усоврши, дотера и дополни нашата почетна идеја на визуелниот изглед на актерите и нивните маски и костими.

Традиционално обележје на секој актер е маската. Како таква таа има дирекно учество во самите ритуални обреди, кои имаат за цел повикување на дождот, оздравување на одреден член на фамилијата. Племињата со своите ритуални танци ги молати вишите сили за добар улов, за благослов, за напредок. Секоја ритуална точка се изведува под маски и секоја од нив има одредено значење, но, една од нив е најважна – танцот на животот и смртта, кој е секојдневно застапен во денешниот живот.

Не е тешко да се направи маска за одреден лик. Токму напротив. Лесно е. Секоја линија, секоја точка, бојата на лицето, треба да има свое значење и вкупниот изглед мора да има приказна, приказна зад која се крие личната порака на авторот. Така и јас ја најдов својата инспирација во елементите на претставите кои ги обработувам, како во секојдневните настани, која отворено и јасно потврдува дека борбата во животот е постојана.

Исто така, на 28.06.2021г. (понеделник) ќе се одржи музичко-драмски концерт „ПИСМОТО ОД КРАЛОТ" со почеток во 20:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Концертот е во соработка со ТРИАНГЛ ПУЛС.

Марика Поповиќ – модератор, мецо- сопран, Андреј Наунов – пијано, Јане Дунимаглоски – тенор, труба и гитара.

Идеен концепт, сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници (на страната karti.com.mk и на влезот на објектот пред почетокот на настанот) по цена од 150 денари.

Иновативен музичко-драмски концерт за деца „Писмото на кралот" кој е во својство на едукацијата на најмалите, опфаќајќи актуелни теми (екологија, бон-тон, јавно здравје итн.), испреплетени низ музика изведена во живо.

Цел: Будење на свеста за важноста на чување на нашиот град Скопје, преку едукација на најмладата популација на креативен и иновативен пристап.

Целите на проектите кои ги изведува Здружението ТРИАНГЛ ПУЛС се во функција на развој и афирмација на музичката и на музичко-сценската уметност.

Сите детски проекти кои се реализираат претставуваат симбиоза на неколку типови на музички категории: детски музички концерт и детска музичка работилница, со што се овозможува образовен тематско-едукативен процес кај најмладата популација преку несекојдневен пристап - концерт или претстава.

Со проектите за деца кои ги изведува групата се врши едукација, афирмација на музичката култура во функција на запознавање и доближување на музичката култура кај најмладата популација (целна група 3-10 години) и секогаш драмското дејство е во функција на одредена тематика.

Презентирањето на проектите е со стилска и жанровска разновидност, со мултимедијално претставување и користење на најсовремени технички можности на еден поинаков и иновативен, интерактивен пристап на презентација.

Утре, 29.06.2021г. (вторник) ќе се одигра театарската претстава „ОТЕЛО", со почеток во 20:00 часот во Македонскиот народен театар.

Автор Вилијам Шекспир,

режисер: Нина Николиќ,

драматург: Тамара Барачков,

играат: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Александар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ – Стилиќ, Александар Михајловски, Аксел Мехмед.

Билетите се во продажба на билетарата на Македонскиот народен театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер