Ден на младите: Со дигитална технологија до постигнување на целите за одржлив развој - Канал 5

Ден на младите: Со дигитална технологија до постигнување на целите за одржлив развој

Овогодинешниот Меѓународен ден на младите се слави под темата „Младински дигитални патишта за одржлив развој“, која нагласува дека младите кои користат дигитални алатки можат да придонесат во постигнување на Целите за одржлив развој.

Ден на младите: Со дигитална технологија до постигнување на целите за одржлив развој

(ЦОР).

Ширум светот, младите со нивните стартапи нудат иновативни идеи и влијателни решенија, притоа се пример за тоа како дигиталните технологии можат да ги унапредат ЦОР. Преку проектот ЕУ за економски раст (EU4EG), над 30 стартапи, повеќето предводени од млади претприемачи, добија поддршка да се развијат во одржливи бизниси подготвени за инвестиции. Овие стартапи не само што придонесуваат за економскиот раст во државата, туку и решаваат критични прашања како што се климатските промени, безбедноста на храната и управувањето со ресурсите.

Еден од нив е AviFly, стартап од Ранковце во североисточниот регион на Македонија, основан од Дејан Михајлов (33), Мартин Михајлов (31) и Филип Ковилоски (20), кои се пример за тоа како младите ги револуционизираат традиционалните индустрии како што е земјоделството. Нивниот стартап е специјализиран за прецизно земјоделство со користење на специјализирани дронови и софтвер за откривање болести, како и третман со дронови, се со цел да им помогне на земјоделците да го подобрат управувањето со културите, да ги зголемат приносите и да ги оптимизираат ресурсите.

„Кај нас просечната возраст на еден земјоделец е 58 години, нивните методи се традиционални, а тоа го отежнува земјоделството и предизвикува значителни загуби. Со дигиталните технологии и вештачката интелигенција, нашите услуги можат да им помогнат да го намалат 80-90% од употребата на вода и за 40% од употребата на пестициди, а притоа зголемување на жетвата. Употребата на дигитални технологии и вештачка интелигенција го прави земјоделството поефикасно и во исто време е попривлечно за младите земјоделци, споделува Мартин Михајлов, ко-основач на AviFly.

Агротехнологијата, или земјоделската технологија, вклучува употреба на технологија и иновации за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и одржливоста на земјоделството, а тоа е од клучно значење за решавање на глобалната безбедност на храната, намалување на влијанието врз животната средина и подобрување на работата на земјоделците.

Важноста на младите во агритехничките иновации дополнително е прикажана од FixiGo. Филип Костадиновски (23) и Горјан Спировски (23), основачи на FixiGo од Тетово, Полошки регион, развија софтвер кој обработува податоци од сензори за почва, кои работата на фотоволтаици, со цел да ја подобри земјоделската ефикасност. Со обезбедување на податоци во реално време за условите на почвата, нивната технологија им овозможува на земјоделците да носат информирани одлуки кои ќе ја подобрат продуктивноста и одржливоста. Моментално своите услуги ги нудат на околу 30 земјоделци, а со поддршка од проектот ќе го подобрат софтверот и ќе се прошират на пазарот.

„Употребата на дигитални технологии е од суштинско значење - и сега и во иднина. Војната во Украина ја истакна ранливоста на земјоделскиот сектор и како глобалните кризи како што се климатските промени може да го загрозат снабдувањето со храна. Затоа, ние веруваме дека инвестициите треба да се насочат кон земјоделството, со фокус на оптимизирање на процесите и искористување на дигиталната технологија за решавање на проблемот со недостигот на работна сила, а младите мотивирани луѓе можат да направат многу во оваа насока, истакнува Филип Костадиновски, ко-основач на FixiGo.

Влијанието на дигиталните иновации водени од младите постои и надвор од земјоделството. Досега, проектот EU4EG има доделено грантови во вкупна вредност од 4,15 милиони евра на 20 микро, мали и средни претпријатија во сектори како рециклирање, агритехнологија и производство. Оваа иницијатива треба да создаде значително влијание, вклучително и отворање на 203 нови работни места (со фокус на младите и жените), значително намалување на емисиите на CO2 и зголемување на прометот на компаниите.

Таков пример е компанијата Митротек од Охрид, Југозападен регион, каде Катерина Сталеска (32) сега го води процесот на производство на скара на пелети со употреба на CNC технологија и роботика. Таа додава: „Дигиталната технологија е клучна во производството за оптимизација на процесите, а со поддршката од проектот, новите машини, софтверот и роботска машина за заварување, можеме да произведуваме скари кои се многу поеколошки, кои емитуваат помалку емисии на CO2 од обичните.”

Младите луѓе се иноваторите, претприемачите и креаторите на промени кои го водат одржливиот развој на Македонија, регионот и ЕУ, користејќи дигитални алатки за справување со предизвици како климатските промени и безбедноста на храната. За нивна мотивација и поттик,, им треба континуирана поддршка преку фер конкуренција, транспарентни процеси и пристап до ресурси, менторство и инвеститори. Со инвестирање во младите и нивните дигитални иновации, поттикнуваме економски раст, издржливост и одржлив напредок.

Проектот EU4EG е посветен на зајакнување на локалната економска активност и конкурентност во четири клучни региони во Македонија: северо-источен, полошки, југозападен и областа Преспа (Општина Ресен). Со подобрување на пристапот до финансии и напредни деловни услуги, EU4EG ги поддржува стартапите, мирко, мали и средните претпријатија во остварувањето на нивниот потенцијал за раст.

Проектот ЕУ за економски раст (EU4EG) е кофинансиран од ЕУ и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатска акција (BMWK), имплементиран од GIZ Македонија и научниот парк АРЕА од Трст, Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Денес и во вторник времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 7. септември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 7. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 7. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер