Ден на Марија Магдалена - Барт Ерман објаснува: Меѓу неа и Исус немало поблиска врска, таа е само следбеник, се друго се измислени приказни - Канал 5

Ден на Марија Магдалена - Барт Ерман објаснува: Меѓу неа и Исус немало поблиска врска, таа е само следбеник, се друго се измислени приказни

Името на Марија Магдалена во Новиот завет се споменува 13 пати, а 12 од нив се во врска со смртта и воскреснувањето на Исус Христос. 

Ден на Марија Магдалена - Барт Ерман објаснува: Меѓу неа и Исус немало поблиска врска, таа е само следбеник, се друго се измислени приказни

Значи, таа се споменува само еднаш во времето кога Исус проповеда и пред да биде уапсен од свештениците и изведен пред Пилат.

Тоа остава многу простор за шпекулирање која е всушност Марија Магдалена. Од друга страна битен аргумент е дека таа е првата која открива и дознава за воскресението на Исус, што значи дека е битна личност. Практично, со неа започнува христијанството. Ако основата на христијанството е воскресението на Исус, а таа е првата личност која тоа го дознала и обзнанила, ако таа е прва која открива дека гробот е празен и им соопштува на другите апостоли дека телото на Исус го нема и дека Исус воскреснал, тогаш врз основа на нејзината објава е создадена христијанската црква. И со тоа може да се аргументира дека христијанството започнало од Марија Магдалена.

И покрај тоа што постои раширено уверување дека таа била проститутка која станала блиска со Исус, нема докази за такво нешто. Во најстарите извори нема ниту еден доказ за тоа. Единствено што се вели е дека се вика Марија Магдалена.

Името Марија е мошне често во тоа време, а Магдалена значи дека е од Магдала, рибарско село на брегот на Галилејското Море. Знаеме дека била опседната со седум демони, иако нема податоци за тоа каков бил карактерот на тие демони и знаеме дека Исус ја ослободил од нив. Знаеме дека таа и поголема група жени го придружувале Исус за време на неговите проповеди и патувања, знаеме дека таа и жените ги помагале Исус и апостолите материјално, ги снабдувале со нешта кои им биле потребни и тоа е се. Нема никаков податок кој би сугерирал дека станува збор за проститутка.

Постои приказна за друга жена која го помазува Исус со масло и во едно од евангелијата е наречена грешница, па тоа наведува многумина да помислат дека станува збор за Марија Магдалена. Дополнително се претпоставува дека штом е грешна, таа жена мора да е проститутка, така што имаме две претпоставки кои водат кон погрешен заклучок: првата е дека грешната жена е Марија Магдалена, а втората е дека нејзиниот грев се состои во тоа дека таа е проститутка.

Всушност станува збор за комбинирање на делови од различни евангелија од кои делови е создадена една мега приказна која не е вистинита.

Има и такви кои сметаат дека Марија Магдалена е жената која според Евангелието по Јован била фатена во неверство и донесена пред Исус со прашањето: Што да правиме со неа, дали да ја каменуваме? Всушност станува збор за замка: ако Исус одобри каменување, тогаш ќе го погази милосрдието за кое проповеда, ако каже да не биде каменувана, ќе биде обвинет дека го крши законот на Мојсеј. Станува збор за една од најбавите приказни во Новиот завет.

На прашањето, Исус одговара тоа што на најголем број луѓе им е познато: Тој кој не згрешил, нека го фрли првиот камен!

По ова, толпата се разотидува, а Исус и вели на жената да си оди и да не греши веќе. Но, приказната ја нема во најстарите копии на Евангелието по Јован. Се сретнува подоцна, запишана на маргините на една копија, а потоа некој од наредните препишувачи ја вметнал во текстот од Евангелието. Тоа вметнување го направиле повеќемина, па во различни копии приказната се јавува во различни глави на Евангелието што е уште еден доказ дека ја нема во оригиналната верзија на Евангелието по Јован.

Но, никаде во оваа приказна не се споменува името на Марија Магдалена. Тоа е само уште една анонимна жена, а подоцнежната имагинација ја доведува оваа жена во врска со Марија.

Што се однесува до тоа дека Марија Магдалена имала некаква посебна врска со Исус, тоа е повторно дело на имагинација. Секаде во Новиот завет каде се споменува нејзиното име, таа е во друштво со други жени. На пример, во единствениот случај кога таа се споменува во текот на проповедите на Исус, значи во оној единствен случај од 13-те кој не е поврзан со распнувањето, погребот и воскресението, таа е заедно со Јоана и други жени. Тоа е поголема група на жени, можеби 10, 12, 15 жени кои ги следат Исус и неговите апостоли. Значи, таа никаде не е сама со Исус.

И во останатите 12 други споменувања на нејзиното име, кога Исус е распнат, погребан, и кога го наоѓа неговиот гроб празен и кога е сведок дека тој воскреснал, таа не е сама, туку е заедно со други жени.

Оттука, приказната дека таа е жена апостол која е посебно блиска со Исус, едноставно не е коректна, гледано од историски аспект. Тоа што е точно е дека таа игра посебна улога во подоцнежната христијанска имагинација, па се создава своевидна легенда за развивање на некоја посебна врска меѓу Исус и Марија Магдалена, приказна која трае до денешните денови. Таа приказна е развиена и во разни дела како „Да Винчи кодот“ каде Марија е жена на Исус со која тој има потомство и тоа потомство е всушнст светиот грал.

Во раното христијансво дури е напишано и Евангелие по Марија Магделена. Тоа е гностичко Евангелие. Откриено е во доцните 1890-ти години и било однесено во Берлин. Поради двете светски војни и други катастрофи во тоа време, јавно е публикувано дури во 1955 година. Мошне е интригантно, зашто во него Марија Магдалена е централна фигура, не затоа што е партнер на Исус во смисла на сопруга или љубовница, туку затоа што Исус и открива посебни учења. Затоа е и наречено Евангелие по Марија Магдалена.

Суштината на Евангелието е дека по воскресението Исус се појавува пред апостолите, а потоа се вознесува, оставајќи ги во страв дека и ним ќе им се случи тоа што му се случило и нему, односно дека ќе бидат распнати. На тоа Марија им вели да не се грижат зашто ќе бидат заштитени. Тогаш Петар ја прашува за посебните откритија што Исус и ги кажал, па Марија раскажува за визијата што ја имала со Исус. Но, за жал токму тука недостигаат четири страници од Евангелието и тоа продолжува после тие четири страници. Марија раскажува како душата може да се вознесе на небото и да ја избегне замката во која се наоѓа, а тоа е телото на Земјата и завршува со визијата која Исус и ја доверил. Тоа предизвикува дебата меѓу апостолите за тоа зошто Исус не им го доверил ова ним, туку на една жена, за на крај Петар да каже дека не верува во приказната на Марија Магдалена зашто Исус не би и го доверил тоа на неа, прескокнувајќи ги нив. Сепак, на крај станува апостолот Матеј кој вели дека го прифаќа кажаното и дека тие треба да одат да ги проповедаат евангелијата, а не да се расправаат.

Марија Магдалена се споменува и во Евангелието по Тома, уште едно гностичко Евангелие. Овде се среќаваме со своевидна дебата меѓу Исус и Петар околу Марија Магдалена и околу тоа што и зошто Исус и открил, што значи дека гностичкото Евангелие по Марија Магдалена не единственото во кое се среќава таа тема. Евангелието по Тома има 114 кажувања на Исус. Нема приказна, нема наратив, нема настани, едноставно, тоа се 114 изреки кажани од Исус или барем така тврди авторот. Во последната, 114-та, Петар вели дека Марија треба да го напушти собирот на апостолите зашто е жена, а на жените не им е дозволено да имаат вечен живот. На тоа Исус одговара дека од неа ќе направи маж, бидејќи секоја жена која ќе стане маж ќе добие дозвола да влезе во рајот. Ова е интересен пасус кој покажува дека во раното христијанство не сите ги сметале жените еднакви со мажите.

Интересно е дека Исус вели дека тие ќе бидат еднакви и ќе го имаа своето место во рајот, но откако ќе бидат претворени во мажи. Има многу дискусии меѓу научниците што ова значи. Но најдобар начин да се сфати ова е да се стави во антички контекст кога луѓето имале различни поимања од тие што ги имаме ние денес. За нас денес, да бидеш човечко суштество, значи да бидеш дел од суштества кои се делат на мажи и жени. Во античко време сфаќањето било дека постојат растенија, животни, луѓе и богови, а најперфектно суштество на Земјата е моќниот маж кој е супериорен во однос на другите човечки суштества (боговите се поперфектни, но не се на земјата). Послабиот маж е помалку перфектен, а жените се помалку перфектни од мажите. Античките луѓе сметале дека жените се мажи чии мускули не се развиле, чии бели дробови исто така не се развиле во доволна мера, што значи дека тие се неперфектни мажи. Тоа се мажи, ама помалку перфектни и од слабите мажи.

Согласно тезата за континиум, послабите мажи треба да станат силни, поперфектните и посилните мажи треба да станат богови, а жените, за да дојдат до таму, треба прво да станат мажи. Значи станува збор за сфаќање кое е различно од нашето денешно поимање на мажите и жените. Тоа е тоа и на што Исус мисли дека Марија прво мора да стане маж.

Што се однесува до сфаќањата и верувањата кои се јавуваат во денешни времиња дека Исус и Марија биле маж и жена, дека имале ќерка Сара, дека Марија побегнала со Сара во Франција итн., се се тоа измислени приказни, најпрво во книгата „Светиот грал“, а потоа во „Да Винчи кодот“. Не постои било каков извор, податок и сл. врз основа на кој може да се поткрепи такво верување.

Физичката врска меѓу Исус и Марија Магдалена се споменува и во гностичкото Евангелие по Филип. Тоа е откриено во 1945 година, а станува збор за два пасуса. Во едниот се наведува дека таа е „companion“ на Исус, а потоа во „Да Винчи кодот“ се вели дека зборот companion на арамејски значел „сопруга“. На прв поглед ова делува убедливо, но проблемот е што Евангелието по Филип првично е напишано на коптски јазик, а не на арамејски. Кога ќе го трансформирате сето тоа на старогрчки јази го добивате зборот „придружник“, а не „сопруга“.

Вториот пасус исто така е злоупотребен од „Да Винчи кодот“ во смисла дека Исус и Марија имале некаква врска. Во пасусот се вели, однос се добива впечаток дека Исус да ја бакнува Марија. Но, работата е во тоа што Евангелието е полно со дупки, делови кои недостигаат, а тој стих всушност гласи вака:

„И придружникот на…“ па има празнина, следниот дел недостига, па продолжува „…Марија Магдалена…“ па има физичка дупка во манускриптот, „… не повеќе од учениците…“, пак пак има дупка во манускриптот „…ја бакна…“ па празнина „.. на нејзините…“ празнина.

Значи имаме:

„И придружникот на… Марија Магдалена… не повеќе од учениците… ја бакна… на нејзините…“.

Ете тоа е тоа. И можеби изгледа дека Исус ја бакнува Марија Магдалена и од ова некои изведуваат заклучок дека Исус и Марија имале врска како маж и жена. Но во ова Евангелие се зборува за бакнување и во претходните редови, во друг пасус, и станува јасно дека кога се зборува за бакнување се зборува за начин на кој Исус го пренесува, го предава учењето.

Бакнувањето тука не е некаква сексуална врска, туку начин на кој христијаните симболично си ги предавале откровенијата еден на друг. Ги кажуваш зборовите на Бога на друг, а потоа го бакнуваш како знак дека му ги пренесуваш учењата, откровенијата. Оттука и бакнувањето на Марија од страна на Исус едноставно значи дека тој и пренесува вистината, но не значи некаква сексуална врска.

Кога се ќе се собере, може да се заклучи дека Марија е следбеник на Исус. Тој имал многу повеќе следбеници од 12-те апостоли. Таа е со него и во последните денови од неговиот живот со други жени и мажи, била со него и при распнувањето, го видела погребот и според евангелијата таа е една од жените која го открива празниот гроб во неделата наутро. Таа е првата која обзнанува дека Исус воскреснал, па според мене таа е жената од која започнува христијанството. Оттука, таа е извонредна значајна од историски аспект за денешната форма на цивилизација што ја живееме, но тоа не значи дека била мажена со Исус, дека имале деца со него итн.

Барт Ерман

(професор на Универзитетот во Северна Каролина, еден од најголемите светски експерти за Библијата, посебно за Новиот завет)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Им сервирале кучешко месо од украдени миленици на гостите- уапсени се четворица газди на виетнамски ресторани

Четворица сопственици на ресторани кад есе служи кучешко месо уапсени се под сомнение дека купиле повеќе од 10 тони месо од банда што краде кучиња во Виетнам!

Им сервирале кучешко месо од украдени миленици на гостите- уапсени се четворица газди на виетнамски ресторани

Апсењата доаѓаат во време кога полицијата на градот Хо Ши Мин ја засилува борбата против кражбите на домашни миленици и оние што профитираат од продажба на украдени животни.

Полицијата на градот Хо Ши Мин соопшти дека истражува банда за кражба на кучиња и мачки, наводно предводена од Нгуен Ба Лонг (29) од градот Донг Наи и неговиот партнер Нгуен Лонг Јен Ван (40), заедно со уште девет соучесници.

Бандата наводно организирала кражба на домашни миленици за профит, ангажирајќи ги своите членови да користат автомобили за кражба на кучиња и мачки во градовите Нгија Тан, Ким Лонг, Нгаи Џао и околните области.

Додека истражителите го следеле движењето на украдените животни низ синџирот на снабдување, тие идентификувале четири сопственици на ресторани за кучешко месо кои редовно купувале големи количини месо од лице по име Ван.

Во овој случај, четири сопственици на ресторани што служат кучешко месо се обвинети и се задржани во притвор до судењето: Луонг Ти Тао (32), од Хаи Фонг; Дин Ван Тин (30), од Хунг Јен; Данг Ти То (38), од Нин Бин; и Нгуен Ти Нгок (41), од Ханој.

Полицијата соопшти дека четворицата продолжиле да го купуваат месото и покрај тоа што знаеле дека нема фактури, доказ за потекло или печати од ветеринарна инспекција.

Месото, исто така, имало сомнителни траги што укажуваат на можна изложеност на електрични шокови и било продавано по цени пониски од пазарните.

Записите за трансакциите покажале дека четворицата купувачи префрлиле повеќе од 860 милиони виетнамски донги (33.300 американски долари) на лице по име Ван за околу 10 тони кучешко месо.

Според истражителите, за време на испрашувањето, сите четворица признале дека знаеле дека месото доаѓа од украдени кучиња, но сепак продолжиле да го купуваат за да го препродаваат и да остварат профит.

Меѓу нив била и жена по име То, која водела ресторан за кучешко месо наречен Луат То во покраината Нин Бин. Таа признала дека потрошила 153 милиони виетнамски донги (5.900 американски долари) за месо за кое знаела дека е украдено.

Таа призна дека нејзините купувања помогнале во одржувањето на криминална мрежа за кражба на кучиња и изрази жалење, повикувајќи ги другите да не тргуваат со кучешко месо од непознато потекло.

Полицијата на градот Хо Ши Мин ја проширува акцијата

Апсењата доаѓаат во време на поширока кампања на полицијата на градот Хо Ши Мин за справување со организираните мрежи за кражба на домашни миленици и бизнисите што купуваат украдени животни.

Според податоците објавени на 20 октомври, полицијата од почетокот на 2026 година обработила 26 случаи на кражба на домашни миленици во кои учествувале 54 осомничени лица, вклучувајќи кражба на кучиња, мачки, украсни птици и желки.

Од нив, 13 случаи во кои учествувале 33 осомничени резултирале со кривични постапки за кражба, објавија виетнамските медиуми.

Властите сè повеќе ги гонат не само оние што директно крадат домашни миленици, туку и организаторите, собирачите и купувачите кои помагаат во одржувањето на нелегалната трговија.

Истрагите открија софистицирани мрежи што работат преку покраинските граници, при што осомничените користат рачно изработени уреди за електрошок, возила со лажни регистарски таблички и одредени оперативни области за кражба на животни.

Полицијата во градот Хо Ши Мин соопшти дека ќе продолжи да ги засилува патролите, да истражува пријави за кражби и да ги гони мрежите што стојат зад украдените домашни миленици, вклучувајќи ги и оние што ги собираат и продаваат животните.

Властите нагласија дека иако домашните миленици може да имаат релативно скромна парична вредност, нивното емоционално значење за сопствениците честопати далеку ја надминува нивната пазарна цена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мултимилионер и неговите ќерки застрелани, сопругата нападната со чекан- маскирани напаѓачи им влегле дома

Канадски извршен директор за недвижности и неговите две ќерки беа застрелани и ранети, додека неговата сопруга беше удрена со чекан за време на вооружен грабеж на нивниот мултимилионски дом во луксузен кварт во Торонто.

Мултимилионер и неговите ќерки застрелани, сопругата нападната со чекан- маскирани напаѓачи им влегле дома

Дејвид Мортон, извршен директор на MAC Group, и неговото семејство беа нападнати кога тројца маскирани мажи влегоа во нивната затворена заедница во Бридл Пат околу 3:45 часот наутро, објави „Торонто Сан“.

Осомничените, кои беа вооружени со пиштоли и чекан, влегоа во куќата со пет спални соби низ задна врата, изјави за новинарите инспекторот на полицијата во Торонто, Кристи Смит.

Мортон, 75, и неговите ќерки Меги Зохил-Мортон и Кристина Зохил-Мортон беа соочени со неидентификувани натрапници кои носеа скијачки маски и дуксери, објави „Њујорк пост“.

„За време на нападот, се случи физичка пресметка, за време на која осомничените испукаа повеќе истрели, а една жртва беше погодена со чекан“, рече Смит.

Извори за медиумот изјавија дека тројца членови на семејството „се обидоа да се одбранат“ од напаѓачите кога беа застрелани.

Мортон и една од неговите ќерки биле застрелани во ногата, додека другата ќерка претрпела прострелна рана под раката, објави медиумот.

Сопругата на Мортон, Доријана Зохил-Мортон, која е и претседател на MAC Group, била нападната од еден од осомничените кој имал чекан.

Двајца членови на семејството претрпеле „повреди што им го промениле животот“ и се уште се хоспитализирани, додека двајца други претрпеле повреди кои не се опасни по живот, рече Смит.

Членовите на семејството не се идентификувани врз основа на нивните повреди.

Опис на осомничените не е објавен, но официјалните лица изјавија дека избегале од местото на настанот со теренско возило.

Сè уште не е познато дали е украдено нешто од домот за време на провалата.

Мотивот за нападот не е објавен, но се верува дека крадците имале намера да го ограбат луксузниот имот на мултимилионерот.

„Имаше насилен напад. Од жителите беше побарано да ги предадат вредните предмети што биле во домот. Во моментов не е познато дали успеале да земат нешто“, рече Смит.

„Мотивот за овој тип напад би можел да биде фактот дека ова е богата област каде што луѓето поседуваат работи што се барани“, додаде таа.

Куќата со пет спални соби и седум бањи е проценета на 2,1 милион долари. Има тениско игралиште, базен и приватни градини кои, според огласот, „придонесуваат за луксузен животен стил“.

Блиската куќа на парцела од 1.000 квадратни метри исто така неодамна беше објавена за 8,45 милиони долари.

Градоначалничката на Торонто, Оливија Чау, апелираше за информации за нападот и најави зголемено полициско присуство во областа.

„Длабоко сум тажна поради насилниот упад во домот што се случи рано утрово во населбата Бридл Пат. Моите мисли се со семејството и нивните најблиски, кои минуваат низ нешто низ што ниедно семејство не треба да помине. Се молам за нивно целосно закрепнување“, напиша Чау на социјалните медиуми.

MAC Group е семејна компанија со седиште во Торонто, со филијали специјализирани за недвижности, угостителство и корпоративно сместување.

Мортон ги надгледува сите сектори на компанијата, а според нејзината веб-страница, таа има 30 години искуство во угостителството и индустријата за недвижности.

Нивната ќерка, Кристина, е наведена како основач на „Зохил-Мортон Ло“, адвокатска фирма која нуди услуги од областа на канадското имиграциско право.

Меги Зохил-Мортон е исто така вработена во MAC Group, каде што работи во различни сектори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турција сериозно ги зголеми капацитетите- дури 62 проценти од струјата се добива од обновливи извори

Климатските промени, предизвикани од високите емисии на CO2, брзо и сè повеќе го влечат светот во хаос, и тоа не само во однос на климата. 

Турција сериозно ги зголеми капацитетите- дури 62 проценти од струјата се добива од обновливи извори

Еден начин да се ублажат и забават овие промени е да се намалат емисиите на CO2 и, што е можно поскоро, да се достигнат нула емисии. Турција вложува сериозни напори во оваа област со зголемување на обновливите извори за производство на електрична енергија.

Во пресрет на COP31, 31-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени, која ќе се одржи во Анталија, Турција од 9 до 20 ноември, земјата работи на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, како и на развој на складирање на енергија и воспоставување домашен систем за тргување со емисии на јаглерод. Сето ова додека турската индустрија се подготвува за нови и построги климатски прописи.

Како што објаснија вкупниот инсталиран капацитет (вкупната моќност на сите електрани што се изградени и поврзани со електроенергетскиот систем) за производство на електрична енергија во Турција достигна 127.355 мегавати (MW) на крајот на септември, од кои капацитетот на обновлива енергија беше 80.315 MW, или околу 62 проценти од вкупниот капацитет. Домашните извори на енергија учествуваа со 72,1 процент од инсталираниот капацитет.

Инсталираниот капацитет на сончевите електрани и ветерните фарми достигна 43.762 MW, или 34,4 проценти од вкупниот капацитет за производство на електрична енергија во земјата.

Турција генерираше 31,79 милијарди киловат-часови (kWh) електрична енергија во септември. Хидроенергијата беше најголемиот поединечен извор, со 8,27 милијарди kWh, или 26 проценти од вкупното производство.

Сончевите електрани генерираа 4,32 милијарди kWh, што претставува 13,6 проценти од вкупното производство, додека ветерните фарми генерираа 3,84 милијарди kWh, или 12,1 процент. Заедно, сончевата и ветерната енергија генерираа 8,16 милијарди kWh електрична енергија во текот на месецот.

Вкупното производство од обновливи извори достигна 18,10 милијарди kWh, или 56,9 проценти од вкупното производство. Домашното производство на електрична енергија изнесуваше 22,35 милијарди kWh, или 70,3 проценти од вкупното производство на електрична енергија.

На крајот на септември, хидроенергијата сочинуваше 32.332 MW инсталиран капацитет, сончевата енергија 28.222 MW, природниот гас 25.009 MW, ветерот 15.540 MW, домашниот јаглен 11.565 MW, увезениот јаглен 10.466 MW, биомасата 2.423 MW и геотермалната енергија 1.798 MW.

Но, постојат и проблеми со овој вид производство на електрична енергија. Кај хидроелектраните е дожд, кај сончевите електрани е недостаток на сончеви денови, кај ветерните турбини е недостаток на ветер... Сепак, според нашите домаќини, овие проблеми можат успешно да се решат со изградба на доволно електрани од сите видови за производство на електрична енергија од обновливи извори.

И со таквата енергија сигурно може да се тргува...

Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија во земјата на 10 октомври изнесувал околу 127,3 гигавати, при што обновливите извори, според овие податоци, сочинуваат околу 62 проценти од вкупниот капацитет.

Таха Мели Арвас, извршен директор на EPİAŞ, рече дека следниот голем чекор е подобрување на можноста за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори.

EPİAŞ, исто така, управува со системот YEK-G, кој издава, тргува и поништува сертификати за гаранција за потекло поврзани со производството на електрична енергија од обновливи извори. Овие сертификати им овозможуваат на компаниите да документираат дека купуваат електрична енергија од обновливи извори.

Ова најдобро се објаснува со следниве зборови: Замислете дека соларна електрана во Турција произведува повеќе електрична енергија напладне отколку што нејзиниот сопственик може да потроши. Таа може да ја продаде оваа електрична енергија на пазарот, на пример на фабрика или добавувач кој потоа ја продава на своите клиенти. Цената, се разбира, зависи од понудата и побарувачката. Кога многу соларни електрани произведуваат електрична енергија во исто време, цената може значително да падне, па дури и да стане негативна. Навечер, кога сончевите електрани престануваат да произведуваат, побарувачката може да биде поголема од понудата и цената може да се зголеми. Затоа Турција работи на складирање на енергија во батерии - електричната енергија се купува или складира кога е евтина, а се користи или продава кога е поскапа, со трошоци за складирање и загуби.

Тука влегуваат во игра сертификатите што потврдуваат дека електричната енергија доаѓа од обновливи извори. Ова е дел што EPİAŞ го разви специјално преку турскиот YEK-G систем. Имено, за секои 1 MWh електрична енергија произведена од регистриран обновлив извор, се издава електронски сертификат што го докажува неговото потекло. Сертификатите може да се купуваат и продаваат независно од самата електрична енергија.

Секако, се поставува логичното прашање зошто фабриката би платила за тој сертификат? Па, затоа што клиентите, инвеститорите и регулаторите сè повеќе бараат доказ за „јаглеродниот отпечаток на производството“ (вкупната количина на стакленички гасови произведени за време на производството на производ или услуга). Компанијата што купува сертификати може да ја документира употребата на електрична енергија од обновливи извори и да ја вклучи во својот извештај за одржливост. Таквата компанија може да постигне разни придобивки, од предности при склучување идни договори (бидејќи покажува колку е „еколошки свесна“), до подобра конкурентност на извозните пазари, до разни други комерцијални и финансиски предности.

Докажливата употреба на обновлива енергија може да помогне и во привлекувањето инвеститори, добивањето зелено финансирање или исполнувањето на барањата на одредени програми.

Турција, исто така, најави воспоставување на национален систем за тргување со емисии, кој ќе им овозможи на компаниите опфатени со системот да тргуваат со единици за емисии поврзани со емисиите на стакленички гасови. Системот ќе биде во пилот-фаза во текот на 2026 и 2027 година. Според сегашните правила, 2026 година е година на следење, во која компаниите ќе мора да ги пријават своите емисии, но нема да бидат обврзани да ги предадат единиците за емисии. Механизмот за одредување цени на емисиите ќе започне да се спроведува во 2027 година.

Мустафа Ајдин, заменик-генерален директор на EPİAŞ за пазари на животната средина и минерали, изјави дека индустриите што учествуваат во системот би можеле да ги користат приходите генерирани од неговата имплементација за финансирање на инвестиции во енергетската транзиција.

Турција го развива системот за тргување со емисии во време кога нејзините извозници се подготвуваат за Механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (CBAM) на Европската унија. Овие правила се особено важни за Турција, чии производители извезуваат во голема мера на европските пазари.

Компаниите што не се во можност да обезбедат сигурни податоци за емисиите или да докажат колку јаглерод е содржан во нивните производи би можеле да се соочат со повисоки трошоци за усогласување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер