Во еден момент, избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, а имаше и други инциденти.
Еден од пратениците се проби во зградата на парламентот, но откако не успеаја да го стигнат, демомнстрантите почнаа да го навредуваат, па неговото обезбедување пукаше во воздух за да „го расчистат патот“.
Никој не е повреден во пукотниците, пренесува АП.
Од синоќа силни полициски и воени сили се распоредени околу центарот на Бејрут.
За денеска беше закажана седница на парламентот и покрај тоа што демонстрантите се лути поради доцнење на формирањето на новата влада.
„Ние сме тука денес, бидејќи седницата на парламентот е неуставна. Она што треба да направат е да изберат премиер и влада“, рече еден од демонстрантите.
Парламентот подоцна објави дека седницата е одложена и дека треба да се утврди нов датум.