МакедонијаДемократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на МакедонијаДемократскиот сојуз го повикува Јавниот обвинител да отвори истрага и да покрене соодветна постапка против Али Ахмети за загрозување на уставниот поредок на државата и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет.Најновата закана на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека доколку Македонија не го продолжи својот пат кон ЕУ, дел од граѓаните ќе одат со Албанија, а другите со Бугарија, е директна закана за територијалниот интегритет на државата и повик за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз. Демократскиот сојуз го повикува Јавниот обвинител да отвори истрага и да покрене соодветна постапка против Али Ахмети за загрозување на уставниот поредок на државата и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет. Претседателот на ДУИ, барајќи спас од кривичен прогон на неговата одметната криминална партиска врхушка, веќе подолго време работи на поделба на граѓаните - на оние кои се наводно определени за европскиот пат и оние кои се божем против. Притоа сака да прикаже дека Македонците, за разлика од Албанците, не сакаат членство на државата во ЕУ. Но откако не успеа да докаже дека ДУИ е ексклузивен легитимен претставник на Албанците во власта, Ахмети реши да отиде чекор подалеку – и да ги повика Албанците да одат во ЕУ со Албанија, а Македонците - со Бугарија!? Ова, меѓу другото е и злонамерна сугестија на поранешниот командант на УЧК, дека мнозинството Македонци би прифатиле да станат Бугари само заради членство во ЕУ. И покрај тоа што огромното мнозинство граѓани на Македонија нема да го послушаат овој очајнички предизборен повик на Ахмети за поделба, Демократскиот сојуз го повикува јавниот обвинител да преземе соодветни дејствија, потсетувајќи дека тој во 2001 г. со својата одметната вооружена банда ја нападна државата истакнувајќи територијални барања, поради што подоцна беше амнестиран. Кривичното дело сега го повторува со повик за поделба на Македонија. Тоа не смее да помине неказнето!Тагови: Демократски сојуз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарен Минхен се откажа од четири странциГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста. Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот. Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИн мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на МакедонијаПочина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија, во поранешна Југославија.Во првата половина на седумдесеттите години беше претседател на Претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија. По ангажманот во младинската организација, Станоевски продолжува да извршува одговорни функции во тогашните општествено-политички структури. Беше и член на Претседателството на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија. Во осумдесеттите години беше ангажиран во Сојузот на синдикатите на Македонија. Благоја Станоевски останува запаметен како дел од генерацијата македонски општествени дејци кои во втората половина на 20 век учествувале во работата на младинските, политичките и синдикалните организации во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнисВодата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува „почести анализи“ на водата во Гостивар. Од кога министер за полиција е надлежен за анализа на водата? Нема место во светот каде министер за полиција, кој до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денес да глуми експерт за анализи на вода. Каде е министерот за здравство Сашо Клековски? Дали и тој е на екскурзија како Мицкоски? Најважното прашање е: што правеле досега? Зошто анализи најавуваат дури сега, откако илјадници граѓани завршија по амбуланти и болници? Со денови јавноста беше убедувана дека водата е „технички исправна“, но единствениот „доказ“ беше зборот на Мицкоски. Нема официјален документ. Нема потпишан извештај. Нема институција што презема одговорност и потврдила дека може да се користи техничка вода. Во меѓувреме, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има бактерија. И сега повторно се врши хиперхлорирање. А кога се врши хиперхлорирање, тоа значи дека водата не е безбедна за употреба, ниту за капење. Тотален хаос, тотален распад. Сето ова се прави само за да се спаси една лажна изјава на Мицкоски. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да утврди кривична одговорност за свесното загрозување на здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има за Христијан Мицкоски, Сашо Клековски и Панче Тошковски. И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети. Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис. Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните, а уште помалку да профитира додека народот се труе. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook