Демократски сојуз: Деблокада на евроинтеграциите - Канал 5

Демократски сојуз: Деблокада на евроинтеграциите

Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата:

Демократски сојуз: Деблокада на евроинтеграциите

Во пресрет на посетата на Марта Кос на Македонија, Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија, бидејќи тоа е во согласност со геостратешките состојби и во интерес и на Македонија и на ЕУ.

Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата:

Прво, да предложи Советот на ЕУ да донесе заклучок дека идентитетските, историските и јазичните прашања не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите.

Второ, Советот на ЕУ да донесе одлука дека Македонскиот јазик, по приемот на Македонија во ЕУ, ќе биде официјален (службен) јазик во ЕУ.

Трето, ЕУ да ја обврзе Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, за Македонците во Бугарија да можат да се здружуваат за заштита на своите историски, идентитески и јазични обележја.

Подолго време има изјави од претставници на ЕУ и Бугарија дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последно барање, дека Македонскиот јазик е загарантиран, тоа го тврдат функционерите на СДСМ и дека идентитетските прашања не се дел од Преговорачката рамка.

Само да разјасниме, во Преговарачката рамка никаде не е спомнат Македонскиот јазик, освен дека преводот на директивите на ЕУ ќе се врши на Македонски јазик (тоа и досега се прави), а со годишните прегледи (протоколи) кои се дел од Преговорачката рамка, се отвораат идентитетските прашања, како и со договорот за добрососедски односи помегу Македонија и Бугарија .

Деблокадата е можна и зависи од ЕУ, а не од Македонија.

Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ. Тоа е наш национален интерес.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Најмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува.

притисни ентер