Демирел испрати писмо со поддршка до Наумоски и признание за Илиевски - Канал 5

Демирел испрати писмо со поддршка до Наумоски и признание за Илиевски

Претседателот на ФИБА Европа, Тургај Демирел испрати писмо до првиот човек на Македонската кошаркарска репрезентација Петар Наумоски во кое му дава поддршка за неговата работа и упатува честитки за настапот на македонските кошаркари на Евробаскет 2015, а се изразува и благодарност до капитенот Владо Илиевски за придонесот во националниот тим и на евросцената.

Демирел испрати писмо со поддршка до Наумоски и признание за Илиевски
Во писмото на Демирел до Наумоски стои:

Драг Петар, Се надевам уживаше во твојот прв Евробаскет како претседател на федерација. Сакам да честитам на вашиот национален тим за трудот што го вложија во Загреб.

Вашата група беше една од најтешките, но репрезентацијата на Македонија се бореше храбро против многу силни селекции. Под твое раководство сигурен сум дека Македонската кошарка ќе постигне големи успеси во иднината.

Евробаскет му изразува голема благодарност на Владо Илиевски, кој има посебно место во Македонската и Европската кошаркарска историја. Се надевам дека неговата кариера ќе продолжи да биде инспирација за млади кошаркари и кошаркарки низ цела Македонија.

Овој Евробаскет постави рекорд за број на продадени карти. Беше еден од најкоментираните настани на социјалните мрежи.

Одржувањето на континенталното натпреварување во четири држави беше голем успех, и сум среќен дека и Македонија беше дел од овој елитен настан. Овој Евробаскет го означува почетокот на една нова ера во европската кошарка и сум возбуден за постигнување многу работејќи заедно.
Се надевам дека ќе се видиме во некоја друга прилика, завршува Демирел во писмото до предводникот на МКФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот шеф на Мосад тврди дека помогнале во спречување на терористички напади на концертите на Тејлор Свифт

Поранешниот шеф на Мосад, Дејвид Барнеа, изјави дека Израел одиграл клучна улога во спречувањето на заговор на Исламска држава за извршување терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во 2024 година.

Поранешниот шеф на Мосад тврди дека помогнале во спречување на терористички напади на концертите на Тејлор Свифт

„Првичното предупредување за заканата дојде од нашите австриски партнери“, изјави Барнеа на конференцијата ELNET во Ерусалим, коментирајќи за прв пат за улогата на Мосад во осуетениот напад.

„Во моментот кога овие информации беа споделени со Мосад, успешно ги искористивме нашите уникатни способности за обработка на разузнавачки информации, нарушувајќи ја инфраструктурата, што доведе до апсење на глобална џихадистичка ќелија“, продолжи тој.

Барнеа рече дека Мосад и австриската разузнавачка служба спречиле „масовно убиство на стотици млади европски мажи и жени“.

Претходните извештаи сугерираа дека планот за концертот бил осуетен со помош на американските разузнавачки служби.

Три концерти од рекордната турнеја на Тејлор Свифт беа откажани во летото 2024 година откако властите предупредија за заговор на ИСИС. Според проценките на новинската агенција АПА, се очекуваше повеќе од 170.000 луѓе да присуствуваат на концертите.

Свифт подоцна напиша на социјалните мрежи дека „причината за откажувањето ме исполни со ново чувство на страв и огромна количина вина бидејќи толку многу луѓе планираа да дојдат на тие концерти“.

Во мај, австриски суд осуди 21-годишен маж, идентификуван како Беран А., на 15 години затвор откако се изјасни за виновен за терористички акти и други обвиненија за неговата улога во заговорот. Друг 21-годишник, Арда К., беше осуден на 12 години затвор.

На суд, Беран А. детално објасни како добил инструкции и се обидел, но не успеал, да направи бомба. Тој, исто така, побарал совет за тоа кое оружје да избере во неколку групи за разговор и од висок член на ИСИС.

Минатата година, суд во Берлин осуди сириски тинејџер за помагање во планирањето напад на концерт. 16-годишникот доби условна казна од 18 месеци затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германците никогаш не биле понезадоволни од својот канцелар, Мерц со рекордно ниска доверба

Поддршката за германскиот канцелар Фридрих Мерц падна на најниско ниво досега. 

Германците никогаш не биле понезадоволни од својот канцелар, Мерц со рекордно ниска доверба

Дури 88 проценти од граѓаните се незадоволни од неговата работа, според најновото истражување на агенцијата Форса. Анкетата, спроведена од Форса за телевизиите RTL и ntv, открива дека само 11 проценти од испитаниците се задоволни од работата на лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU).

Незадоволството со тоа се зголеми за два процентни поени во споредба со претходната недела. Ова е најниската оценка забележана за германски канцелар во историјата на овие мерења. Ова го надмина претходниот негативен рекорд од 23 проценти, кој во 2024 година го постави претходникот на Мерц, Олаф Шолц.

Незадоволство се забележува и во рамките на неговиот конзервативен блок CDU/CSU, каде што 60 проценти од поддржувачите се незадоволни од работата на канцеларот, додека 39 проценти го поддржуваат. Меѓу гласачите на коалицискиот партнер, Социјалдемократската партија (SPD), незадоволството е уште поизразено. 86 проценти од нив се незадоволни, а само 13 проценти се задоволни.

AfD сè уште е водечка партија

Во исто време, рејтингот на партиите остана непроменет. Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) сè уште води со 26 проценти поддршка, пет процентни поени пред блокот CDU/CSU, кој има 21 процент. Зелените следат со 16 проценти, SPD со 13 проценти и Левицата со 11 проценти. Либералната FDP, со четири проценти поддршка, останува под изборниот праг од пет проценти за влез во парламентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амбасадорот Хакаби: Израел би можело да продолжи да добива годишно по 3,8 милијарди долари од САД

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, изрази сомнеж дека Вашингтон ќе ја прекине годишната воена помош за Израел од 3,8 милијарди долари до крајот на оваа година, како што објави претседателот Доналд Трамп на 3 ноември, објави Ројтерс.

Амбасадорот Хакаби: Израел би можело да продолжи да добива годишно по 3,8 милијарди долари од САД

Во претходно снимено интервју емитувано денес на конференција за односите меѓу САД и Израел во Тел Авив, Хакаби рече дека долгорочниот договор за воена помош ќе трае уште две години, што го прави неизвесно дали финансирањето може нагло да се намали пред крајот на годината.

Тој рече дека средствата се одобрени од Конгресот и изрази сомнеж дека тие можат да се намалат без согласност на законодавното тело.

На 3 ноември, додека гласачите се упатуваа кон гласачките места за Конгресот, Трамп рече дека постигнал договор со идните израелски премиер Бенјамин Нетанјаху неколку месеци претходно за прекин на финансирањето од САД, тврдејќи дека на Израел повеќе не му е потребна помошта.

Според долгорочниот договор, познат како Меморандум за разбирање, Соединетите Држави планираа да му обезбедат на Израел 3,8 милијарди долари годишно до 2028 година за купување воена опрема произведена во САД.

Трамп не даде детали за тоа како ќе се намали финансирањето.

Хакаби рече дека американските и израелските претставници работеле на нов меморандум со месеци, но не прецизираше дали разговорите се обновени по објавата на Трамп.

Јавната поддршка за Израел во Соединетите Американски Држави се намали, особено меѓу демократите, но и меѓу републиканците, делумно поради начинот на кој Израел ја водеше војната во Газа и непопуларната војна против Иран што Трамп и Нетанјаху ја започнаа оваа година.

Нетанјаху, кој го загуби парламентарното мнозинство на изборите на 27 октомври, но останува премиер во технички капацитет, претходно јавно зборуваше за постепено укинување на воената помош на САД.

Аналитичарите велат дека тој се обидувал да ги спречи растечките критики кон Израел во Соединетите Американски Држави.

Хакаби изрази надеж дека нема да има „драматично, тектонско нарушување“ во односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека нивното партнерство им користи и на граѓаните на Соединетите Американски Држави и на Израел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер