ФудбалДембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникотФудбалерот на Пари Сен-Жермен Усман Дембеле се осврна на синоќешната победа над Данкерк (4:2) во полуфиналето од Купот на Франција. Тој постигна два гола, првиот и последниот за парижаните.Домаќините водеа со 2:0 по само половина час игра, но фаворитот не дозволи изненадување. - Противникот двапати нафрли на нашата половина од теренот и даде два гола. Но, ние останавме фокусирани и знаевме дека ќе имаме шанси да се вратиме во игра. Мојот гол непосредно пред полувремето му даде самодоверба на тимот, знаевме дека ќе имаме други можности. Беше неопходно да останеме смирени, особено во последната фаза од нападот, и да не брзаме. Во финалето на Купот на Франција, ПСЖ ќе игра со победникот од пресметката меѓу Кан и Ремс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Силно невреме ја погоди Франција, загинаа две лицаСилно невреме што ја зафати Франција во текот на ноќта, по долгиот топлотен бран, однесе најмалку два живота и остави 53.000 домаќинства без електрична енергија. Француските медиуми и националниот оператор на електроенергетската мрежа објавија детали за последиците од невремето, пренесува Ројтерс. Historic hailstorm in #Ardèche, France: intense storm blankets streets in ice. pic.twitter.com/snDOpiZ0u4 — Meteored (@meteoredcom) July 15, 2026 Една од жртвите е жена која почина во четвртокот вечерта во селото Сен-Виктурниен, во централниот департман От-Вјен, откако врз неа паднало дрво. На истокот од земјата, во Доломје, во работилница уништена од пожар било пронајдено телото на еден маж. Агенцијата АФП објави дека пожарот бил предизвикан од удар на гром. ⚠️🌪️ #Tormentas severas en #Francia; Camiones volcados por el paso de un #tornado en la A72 al N de Saint-Étienne. @InfosFrancaises pic.twitter.com/pmRLjOKsSL — InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) July 16, 2026 Операторот на електродистрибутивната мрежа „Енедис“ (Enedis) во петокот потврди дека вкупно 53.000 домаќинства останале без електрична енергија. Најмногу проблеми со снабдувањето биле забележани во регионите Оверњ-Рона-Алпи на југоисток и Нова Аквитанија на југозапад на Франција. Tornade à St-Etienne ©️ Mathis Tosalli pic.twitter.com/6V6WgrJlcf — Mystere Météo (@MystereMeteo) July 16, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м КадиноОпштина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства. Со овој препумпен уред ќе се опфати канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во н.м Кадино, каде ќе се врши нивен третман и прочистување. Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека вложувањата во канализационата инфраструктура имаат клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализационата мрежа во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаСавески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставкаЈавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение.Изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески, прашан дали обвинителството ќе поднесе жалба на судкската одлука. Во однос на критиките на дел од партиите дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „талир 2“,савески оцени дека таквите тврдења не одговараат на фактите, а ристовска според него ќе постапувала по предметот доколку не поднесела оставка.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook